Наместо фото-вест, вулгарности, навреди и дискредитации
Објавено во: Рецензии
на 19. 08. 2016 | | sq Автор: Димитар Тануров
Објавата што ја рецензираме е напис кој нема речиси ништо заедничко со новинарството, со правилата и со етичките стандарди. Јазикот што се користи е крајно вулгарен, информација нема, а содржината се состои од навреди и од дискредитации, пред сè за лидерот на владејачката партија и за „сопственикот“ на телевизијата „Канал 5“.
Линк до оригиналниот напис: Трчка срцката по Грујо како газела, ах Емиле од петка кај ги наоѓаш бе вака вредни следачки и следачи маме да ти ебам
Датум и време на објавување: 14.08.2016
Датум на рецензирање: 17.08.2016
Рецензент: Димитар Тануров
Насловот кој е ставен на писанието што е предмет на рецензијата е предолг и во него се изнесени коментар и пцости, но не и податок што ќе кореспондира