verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Димитар Тануров

Оптичка илузија или гледање тоа што сакаш да видиш

на 12. 07. 2016 | | sq
 

[Рецензија: КАКО Е МОЖНО ДА МУ СЕ СЛУЧИ ВАКОВ ФАШИСТИЧКИ ГАФ НА ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ?! УМС И ВМРО-ДПМНЕ СЛАВЕА РОДЕНДЕН СО ОБРАТНО СВРТЕН КРСТ НА СЦЕНАТА КОЈ Е СИМБОЛ НА САТАНАТА!]

    Објавата не заслужува ни да се нарече новинарски напис, затоа што воопшто не ги исполнува критериумите за професионално новинарско известување, а истовремено претставува класично манипулирање со јавноста.     Линк до оригиналниот напис: КАКО Е МОЖНО ДА МУ СЕ СЛУЧИ ВАКОВ ФАШИСТИЧКИ ГАФ НА ДЕМОХРИСТИЈАНИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ?! УМС И ВМРО-ДПМНЕ СЛАВЕА РОДЕНДЕН СО ОБРАТНО СВРТЕН КРСТ НА СЦЕНАТА КОЈ Е СИМБОЛ НА САТАНАТА! Датум и време на објавување: 26.06. 2016 Датум на рецензирање: 12.07.2016 Рецензент: Димитар Тануров   САМО НАСЛОВ И ФОТОГРАФИИ – И СПИН! Написот

И без содржина, вулгарно до крај!

на 23. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Ако нешто не ви иде, гледајте ја баграва ќе ви се приоди тогаш..у веце]

  Срамно е да се нарече и напис, а не пак новинарски. Освен што има навредлив наслов, во него нема никаква содржина ниту, пак, конкретна поврзаност на сликите.     Линк до оригиналниот напис: Ако нешто не ви иде, гледајте ја баграва ќе ви се приоди тогаш..у веце Датум и време на објавување: 14.06. 2016 Датум на рецензирање: 22. 06. 2016 Рецензент: Димитар Тануров   Објавата што ја рецензираме, веројатно, според нејзината „принудна“ форма би требало да ја класифицираме како фото-вест, но во неа освен навредливиот наслов, кој не доликува ниту за објава на блог или за статус на социјална мрежа, нема никаква содржина,

Неуспешна вест во низа

на 16. 06. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Познат милијардер нуди 180 милиони долари за да ја омажи својата ќерка – задачата на мажот што ќе се согласи не е нималку лесна]

Информацијата, според начинот на кој е напишана и според содржината, повеќе спаѓа во рубриката „Забава“, отколку во „Свет“. Истовремено, стара е неколку години. Во неа има нов елемент, па токму затоа би требало да биде напишана како вест во низа.   Линк до оригиналниот напис: Познат милијардер нуди 180 милиони долари за да ја омажи својата ќерка – задачата на мажот што ќе се согласи не е нималку лесна  Датум и време на објавување: 13.06.2016, 19:26 Датум на рецензирање: 14.06.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПРЕМЕТНУВАЊЕ ЗА ЗБУНУВАЊЕ

„Овој човек очигледно има превише пари,

Етикетирање и спинување за оцрнување

на 15. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: ЕМ ЧАЛАМЏИЈА, ЕМ КАСКАТИЈА: Заев за „шарените“ донираше само 3.000 денари (ВИДЕО)]

  Текстот е едностран и пристрасен, а меѓу информациите се вметнати и коментари кои имаат цел да ги оцрнат личностите на кои се однесува написот. Политичката обоеност на написот може да се забележи уште во самиот наслов, кој е пристрасен, подбивен и дискредитирачки.     Линк до оригиналниот напис: ЕМ ЧАЛАМЏИЈА, ЕМ КАСКАТИЈА: Заев за „шарените“ донираше само 3.000 денари (ВИДЕО)  Датум и време на објавување: 7.06. 2016, 21:11 Датум на рецензирање: 14.06.2016 Рецензент: Димитар Тануров     „На денешната акција каде се собираа пари за демонстрантите кои ги уништуваа спомениците во Скопје се појави и раководството на СДСМ. Во кутиите кои беа поставени свои донации оставија

Вулгарна и навредлива објава

на 13. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: (ФОТО) ВАКОВ РОПАК ЕДНАШ МАЈКА РАЃА, А ВТОРИОТ ПАТ ГО АБОРТИРА]

  Рецензираме исклучително вулгарна објава која тешко може да помине дури и како „статус“ на социјалните мрежи. Овој материјал фактички нема текст, туку само фотографија и насловна коснтрукција која е олицетворение на примитивизам и на чист простотилак! Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) ВАКОВ РОПАК ЕДНАШ МАЈКА РАЃА, А ВТОРИОТ ПАТ ГО АБОРТИРА Датум и време на објавување: 06.06. 2016 Датум на рецензирање: 13.05.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ПРОСТОТИЛАК!

Медиумскиот производ пред нас, според својата форма, би требало да биде фото-вест во која преку фотографија и мал опис ќе се прикаже настанот. Сепак, тоа не е случај со оваа објава. Во неа воопшто нема содржински дел, односно не пренесува

Полуинформација – услов за паника

на 8. 06. 2016 | | sq
  Текстот кој е сензационалистички напишан,  е можен извор за паника кај дел од јавноста. Проблематиката на болеста воопшто не е начната ниту, пак, се дадени мислења од епидемиолози или од надлежните институции за справување со заразни болести. Линк до оригиналниот напис: ОПАСНА БОЛЕСТ СЕ ШИРИ ВО СРБИЈА: И во Македонија може да се појави! Датум на рецензирање: 07.06.2016 Рецензент: Димитар Тануров „Кожна заразна болест наречена Лајшманиоза, Cutaneous leishmaniasis, која се шири во Сирија и Блискиот Исток, му зе заканува на регионот“. Насловот на текстот наведува дека болеста е веќе проширена во соседна Србија, но во главата на веста овој податок не е пренесен, туку се наведува Сирија како место каде е распространета болеста. Информацијата, како што и се наведува

Спинувана приказна

на 1. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Новинарите од Телма избркани од работа под притисок на СДСМ – не сакале да работат по инструкции]

  Текстот се обидува преку пренесување  непроверени информации да ја спинува вистината и уште во насловот (дез)информира дека „Новинарите од Телма (се) избркани од работа под притисок на СДСМ – не сакале да работат по инструкции“. Влезот на текстот е исправен, се пренесува информацијата за отказните решенија во „Телма“ и се посочуваат некоколку искусни новинари кои се погодени со одлуката. Но, во следниот пасус се нуди контрадикторна информација, со која на „мала врата“ се обидува да се протне шпекулација што треба да послужи за политички спин. Линк до оригиналниот напис: Новинарите од Телма избркани од работа под притисок на СДСМ – не

Етикетирање и спинување

на 25. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Активистите на СОРОС со ЗАКАНИ кон хендикепираните!]

  Текстот е едностран, коментаторски и не се темели на факти. Изнесените информации, всушност, се произволни и непроверени заклучоци. Ваквото генерализирање се коси со новинарските стандарди за објективно информирање. Линк до оригиналниот напис: Активистите на СОРОС со ЗАКАНИ кон хендикепираните!  Датум и време на објавување: 7.12. 2015,15:26 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

„ФЕЈСБУК“ – ЕДИНСТВЕН ИЗВОР

„Активистката за права на хендикепираните лица Бранкица Димитровска на својот профил на Фејсбук се соочува со закани и вулгарности од страна на активистите на СОРОС и на Канвас“. Изнесените тврдења во написот се непроверени и се темелат на објави на социјалните медиуми. Пред сè, станува збор за едно лице, кое во приватна порака

Сензационализам од трагедија!

на 21. 05. 2016 | | sq

 

[Рецензија:Стујардеса од египетскиот авион со бизарна фотографија си ја предвиде својата смрт]

  Текстот е штур и сензационалистички. Во него не се откриваат нови моменти за египетскиот авион, кој со 66 патници и членови на екипажот исчезна од радарите  над Средоземното Море и се урна во близина на грчкиот остров Карпатос.  Наместо да информира за авионскaта несреќа,  написот се занимава со приватноста на една од членките на екипажот на авионот кој леташе од Париз кон Каиро, притоа припишувајќи ѝ  чудна натприродна моќ да ја предвиди сопствената трагедија! Линк до оригиналниот напис: Стујардеса од египетскиот авион со бизарна фотографија си ја предвиде својата смрт Датум и време на објавување: 20.05.2016 – 13:50 Датум на рецензирање: 20.05.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

Стари теории на заговор за нови кликнувања

на 20. 05. 2016 | | sq
     

[Рецензија: Убиени 11 лекари кои се бореле против ракот за 3 месеци]

  Текстот е бајат, нецелосен и со сензационалистички наслов. Се темели на видеоснимка објавена минатата година, а од целиот видеоприлог е пренесен само еден податок, бројот на мртвите доктори. Линк до оригиналниот напис: Убиени 11 лекари кои се бореле против ракот за 3 месеци Датум и време на објавување: 11.05.2016 – 22:50 Датум на рецензирање: 20.11.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

БАЈАТА ИНФОРМАЦИЈА

„Дури 11 лекари неодамна се убиени под сомнителни околности. Сите тие имале една заедничка работа, го откриле ензимот наглаза, кој се става во вакцините.“ Во написот нема прецизно временско лоцирање на настанот, се користи зборот „неодамна“ за да се создаде впечаток дека станува

Претплатете се за најнови вести