verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ

на 19. 06. 2014 | | sq
Традиционалниот однос помеѓу граѓаните и медиумите се базира на креативна, точна и со факти поткрепена презентација на информации од јавен интерес. Оној момент кога медиумите стануваат поштенско сандаче во кое секој може да уфрли што сака, спинувањето станува редовна содржина, а информациите и приказните пласирани на тој начин имаат само една цел – јавното мислење да го свртат на онаа страна и во полза на интересите на нарачателот на „уфрленото писмо“. Притоа, „коментаторите“ на јавното мислење и општеството повеќе не се непристрасни набљудувачи, туку стануваат странка и мешетари во процесите и појавите. Нивните тези, колку и да се неосновани и без факти, усмерени се на предизвикување силен ефект кај читателите: „Албанците ја гледаат иднината во ВМРО-ДПМНЕ“. …„Република“ открива дека е

Рецензија: Фридом Хаус ги одработува парите на Сорос

на 17. 06. 2014 | |
Рецензираме новинарски производ кој тешко може да биде прифатен како непристрасен и објективен. Практично е невозможно да се избегне оценката дека е во прашање школски пример на манипулативно и тенденциозно новинарство со цел да се дискредитираат, навредат и стигматизираат одредени домашни и меѓународни организации и личности од политичкиот и јавниот живот. Притоа, актуелната власт и нејзините експонети се амнестираат од секаква одговорност за негативните оценки и критики кои се упатени и се упатуваат на сметка на актуелната политичка гарнитура, а одговорноста се префрла на „домашни предавницни и белосветски платеници“.

Линк до оригиналниот напис: Фридом Хаус ги одработува парите на Сорос Датум и време на објавување: 12.06.2014, 16:39 Датум на рецензирање: 14.06.2014 Рецензент: Александар Писарев  

НАВРЕДИТЕ ПОЧНУВААТ ОД НАСЛОВОТ

Од

Рецензија: Делумни избори наесен, на нив шанса за ГРОМ и Алијанса за позитивна Македонија

на 6. 06. 2014 | |
Прејудицирање на важни одлуки во државата и резултати од таквите одлуки не е многу благодарана тема во медиумите, особено ако тие не се поткрепени со факти и мислења на сериозни експерти. Повикување на „правни експерти, познавачи на состојбите и аналитичарите“, при што се дава мислење само на еден аналитичар, кој очигледно навива за одредена политичка опција, е во краен случај несериозно при отворање на темата од јавен интерес од која зависи политичка стабилност на земјата. Навивачки пристап „делумни избори наесен, на нив шанса за ГРОМ и Алијансата за позитивна Македонија“ може да се протолкува само како спин за опцијата која ја подготвува власта без многу цврста поткрепа во до крај нејасни законски одредби за ситуацијата во која се најде

Рецензија: Пратениците од СДСМ бараат гаранција и за следните избори

на 4. 06. 2014 | |
Рецензираме новинарски производ, кој претставува нејасна и недоречена информација, а пораката која се упатува до граѓаните замаглена. „Пратениците од СДСМ кои добија доверба на граѓаните на предвремени парламентарни избори бараат од раководството на партијата да им гарантира пратеничко место на наредните избори“. Притоа е направена манипулација да се симулира настан, а учесниците во него да се претстават како личности кои се побуниле против политиката на партијата. „Пратеници посочиле дека вложиле многу труд и енергија и дале ветување пред членствотоимало и такви кои предочиле дека на државата со неодстапување од деструктивна политика и повлекување од парламент може да и се случи губење на кандидатски стаус“… Линк до оригиналниот напис: Пратениците од СДСМ бараат гаранција и за следните избори Датум

Рецензија: „Солидарност за подобар живот“: СДСМ стои зад протестите пред Дрекслермаер

на 30. 05. 2014 | |
Преку наводното соопштение на Здружението на невработени „Солидарност за подобар живот“, без причина и без повикување на факти, отворена е  канонада против опозицијата и Фондацијата Сорос, дека се противници на Владината политика за привлекување на странски инвеститори и дека  со своите активности ги манипулираат вработените во фабриката „Дрекслермаер“ во Кавадарци, а се со цел: …„ директно да и нанесат штета на политиката на привлекување на странски инвестиции која креира нови работни места и се покажа како силен раздвижувач на економијата“...  Цитат кој стана стереотип во сите владини соопштенија и спинови на провладините медиуми. Изразувајќи оправдана сомнеж дека воопшто постои такво „соопштение“ , рецензираме напис за кој се тврди дека е „интегрален текст од соопштението на Здружение на невработени Солидарност

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

на 29. 05. 2014 | | sq

Репортажата е плод на новинарската инспирација која најчесто доаѓа од почетната, основната новинарска форма, вест или информација. Ако имаме вест и ако новинарот со сите свои сетила ја доживее, ја почувствува и знае од неа да извлече повеќе, може да се впушти во авантура од неа да направи репортажа.

Пишува: Александар Писарев Репортажата е најубавата но воедно и најсложената новинарска форма во која настанот се прикажува низ приказната. Бара сериозна

Рецензија: Немирите во Ѓорче добиваат политичка боја

на 22. 05. 2014 | | sq
  Рецензираме текст  во кој за немирите во скопската населба Ѓоче Петров, до кои дојде по убиството на матурантот Ангеле Петковски се обвинети опозицијата и СДСМ. „Навивачките групи кои се под контрола на опозицијата и Социјалдемократаскиот сојуз се дел од протестите што  во моментов се случуваат  во скопска населба Ѓорче Петров… со цел да се предизвика судир со полицијата“….. Линк до оригиналниот напис: Немирите во Ѓорче добиваат политичка боја Датум и време на објавување: 20.05.2014, 21:25 Датум на рецензирање: 21.05.2014 Рецензент: Александар Писарев  

КАКО СЕ ИЗВЕСТУВА ОД ДЕМОНСТРАЦИИ И ПРОТЕСТИ

Прва и најважна работа која новинарот мора да ја има на ум кога известува од  протести, демонстрации и немири е: дека тој таму не е испратен од  редкацијата да

Рецензија: Избори 2004: Полнење кутии, заплашувања, ова за СДСМ беа фер избори

на 20. 05. 2014 | |
Со задоцнување од десет години, ставајќи се во позиција на владеjачката партија, написот ја обвинува опозцијата дека тогаш кога била на власт во 2004 година направила изборен фалсификат и ги прогласила изборите за фер и демокртаски. Сега кога: „според сите оценки на меѓународните фактори и набљудувачите на ОБСЕ имаше мирен изборен ден и ефективно спроведени избори без никави инциденти,… кога СДСМ губи резултатите не се признаваат“.
Крајно навивачка,  еднострана и амбивалентна анализа во која се заборавени серија лошо оценети избори во организација на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во перидот од 2006 до 2014 година, како и фактот дека и тогашната опозиција, а сега владејачката партија, не ги призна резултатите на изборите во 2004 година со кои СДСМ победи и донесе одлука според

Рецензија: Петар и Иван ќе стапат во брак

на 16. 05. 2014 | |
На предлог на читател, рецензираме репортажа која во моменталната констелација на случувањата во Македонија и однос на општеството кон ЛГБТИ заедницата може да се означи како новинарска храброст,  да се разбијат некои стереотипи и предрасуди, и во медиумите да се отвори табу тема за истополови бракови и дефинција на брачната заедница.  … „Граѓански активист и актер Петар Стојковиќ ќе стапи во брак со својот партнер Иван Ивановиќ…  нивниот брак ќе биде признаен во сите земји … но не и во Македонија.“ Линк до оригиналниот напис: Петар и Иван ќе стапат во брак Датум и време на објавување: 07.05.2014, 13:40 Датум на рецензирање: 11.05.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ПРОТИВ СТЕРЕОТИПИ И ПРЕДРАСУДИ

Зошто е ова значајно и заслужува позитивна рецензија? Затоа

Рецензија: Лекови за сите болести биле во Библијата?!

на 14. 05. 2014 | | sq
Широк е списокот и дијапазонот на начини на кои надрилекари, волшебници, таротмани, гатачи и самоповикани алтернативци можат да им наштетат на болните, а уште е поголем списокот на написи, кои, во трка по сензација и зголемување на тиражот на сметка на болните, во тоа им помагаат.  Со таква симбиоза, сите заедно прават голема штета: економска, психолошка и социјална… Текстот што го рецензираме, за жал, кај оние кои не го познаваат и не чуле за него, направил голема штета и на репутацијата на д-р Ричард Шулц. А, може да им направи и на читателите, доколку  четивото го примат „здраво за готово“ и почнат самите да се лекуваат, применувајќи ги рецептите што се понудени. Рецензираме евтин, тривијален медиумски производ кој е прилагоден

Претплатете се за најнови вести