verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Лекови за сите болести биле во Библијата?!

on 14 - 05 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-146-КАНАЛ-5-Телевизија-www_kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID38618-crop-resize

Широк е списокот и дијапазонот на начини на кои надрилекари, волшебници, таротмани, гатачи и самоповикани алтернативци можат да им наштетат на болните, а уште е поголем списокот на написи, кои, во трка по сензација и зголемување на тиражот на сметка на болните, во тоа им помагаат.  Со таква симбиоза, сите заедно прават голема штета: економска, психолошка и социјална…

Текстот што го рецензираме, за жал, кај оние кои не го познаваат и не чуле за него, направил голема штета и на репутацијата на д-р Ричард Шулц. А, може да им направи и на читателите, доколку  четивото го примат „здраво за готово“ и почнат самите да се лекуваат, применувајќи ги рецептите што се понудени.

Рецензираме евтин, тривијален медиумски производ кој е прилагоден и треба да ги задоволи комуникациските потреби на најниските  конзументи на популарната кич култура.

FireShot Screen Capture #146 - 'КАНАЛ 5 - Телевизија' - www_kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID=38618Линк до оригиналниот напис: Лекови за сите болести биле во Библијата?! 

Датум и време на објавување: 06.05.2014, 14:14

Датум на рецензирање: 08.05.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

БРЗО, КРАТКО, И ЈАСНО…

… е основна водилка во модерното новинарство кога се прави вест. Во овој случај ги имаме првите две категории, но ја немаме третата: ништо нее јасно.

„Во интервју за српските „Вести“ тој тврдел дека човекот е единствениот жив организам во природата кој можел да биде болен, но и дека во допир со болен човек, можеле да заболат билките и животните“… „како најчести техники за лекување тој ги применувал хидротерапија, лекување со билките, а најомилените му биле лукот и пиперката“…

„Вест“ која е прекрасно вклопена во општиот мозаик. Што е поголема сиромаштијата и социјалната неправда во едно општество, а докторите скапи и недостапни, тоа сѐ повеќе се бараат алтернативни начини на лекување -„Баба Ради“, „Митре папуџијата“, „Трајче од Џигољ“ што лечи со чај од кравља балега…“

И така, со оглед на тоа што д-р Шулц лечи со „примена на едноставни техники кои биле запишани во бибилијата“… народот во тоа треба да поверува,  да заборави на модерната медицина, да ја купи Библијата и сам да се лекува според тамошните рецепти, секако, да не ги заборави лукот и пиперката.

Целото писание завршува со „возбудлива „содржина“:

„др.Шулц за себе тврдел дека можел да ги излекува сите болести, дури и најсмртоносните, само доколку пациентот соработува“…

 

ИЗМАМА НА ЧИТАТЕЛИТЕ

Во моментот на рецензирање содржината је прочитале три илјади луѓе. Мораме да ги предупредиме: измамени се. Тие неколку „чудотворни рецепти“ кои се опишани, потполно се извадени од контекстот на опширното интервју кое со д-р Шулц го направил д-р Никола Марковиќ. Содржината на интервјуто не се однесува на конкретни рецепти, туку д-р Шулц зборува за неговата најнова книга преведена и на српски јазик во која тој, на повеќе од 500 страници, зборува за Институтот за природна медицина, кој е дел од  „The Center for Natural Studies“ во Сакраменто, Калиформија и кој има свои претставништва и соработници и на Балканот. Во тимот се само врни лекари, кои во своите практики ги применуваат и традиционалните знаења и методи од кои некои биле запишани и во Библијата. Д-р Шулц никаде во интервјуто не ги повикува болните сами да ги испробаат рецептите.

 

ПРОПУШТЕНА ЛЕКЦИЈА

Пропуштена е првата лекција од новинарството како се прави лид-вест. Со едноставен одговор на оние познати пет прашања можело да се напише дека: „Во печат е излезена најновата книга  на познатиот американски лекар  и основач на Институт за природна медицина д-р Ричард Шулц“, со кого познатиот српски лекар д-р Никола Марковиќ направил интересно интервју за српскиот портал Вести. Книгата има над 500 странци…“

На пошироката научна јавност д-р Шулц ѝ е добро познат, има свои следбеници во многу лекарски кругови низ целиот свет и не заслужува вака нагрден и приземен текст, кој  гo третира како еден од надрилекарите ширум светот од кои многумина се во затвор.

Да заклучиме. Вести кои не се до крај содржајни, недовршени извештаи и информации, кои оставаат многу отворени прашања, бидејќи нудат само фрагменти, не би требало да се објавуваат, а уште помалку да се најавуваат со вака сензационалистички наслови: „Лекови за сите болести биле во Библијата?!“ Угледните и сериозни медиуми водат сметка за јавниот интерес и врз основа на тоа ги определуваат темите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести