verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Фридом Хаус ги одработува парите на Сорос

on 17 - 06 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-158-www_kurir_mk_makedonija_vesti_161415-Fridom-Haus-crop-resize

Рецензираме новинарски производ кој тешко може да биде прифатен како непристрасен и објективен. Практично е невозможно да се избегне оценката дека е во прашање школски пример на манипулативно и тенденциозно новинарство со цел да се дискредитираат, навредат и стигматизираат одредени домашни и меѓународни организации и личности од политичкиот и јавниот живот.

Притоа, актуелната власт и нејзините експонети се амнестираат од секаква одговорност за негативните оценки и критики кои се упатени и се упатуваат на сметка на актуелната политичка гарнитура, а одговорноста се префрла на „домашни предавницни и белосветски платеници“.

FireShot Screen Capture #158 - 'Фридом Хаус ги одработува парите на Сорос' - www_kurir_mk_makedonija_vesti_161415-Fridom-Haus-Линк до оригиналниот напис:
Фридом Хаус ги одработува парите на Сорос

Датум и време на објавување: 12.06.2014, 16:39

Датум на рецензирање: 14.06.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

НАВРЕДИТЕ ПОЧНУВААТ ОД НАСЛОВОТ

Од текстот јасно се гледа дека и насловот е многу тенденциозно извлечен, бидејќи зборот „ги одработува парите“ има навредлива и тешка конотација и нема никакво новинарско оправдување, освен, што е навредлив и за угледната меѓународна организација „Фридом Хаус“ и за американскиот финасиски магнат и филантроп Џорџ Сорос и неговата фондација. Со еден збор, невкусна и навредлива игра на зборови, поради која и во оваа прилика мораме да потсетиме на етичкиот кодекс на ИФЈ: „Новинарите мораат да ги избегнуваат насловите или слоганите кои можат читателот да го наведат на погрешен заклучок за суштина на настаните“.

 

НА КОМШИЈАТА ДА МУ ЦРКНЕ КРАВАТА

Не осврнувајќи се ни со еден збор на последниот извештај на Фридом Хаус, кој Македонија ја става во категорија на: „транзициски хибридни режими“, друштво во кое државата припаѓаше дури пред една деценија, граѓаните практично и не знаат зошто ваква канонада на навредливи зборови и квалификации се упатени кон оваа организација. Направена е свесна конструкција да се фалсификуваат фактите и да се дискредитира извештајот на „Фридом хаус“, кој Македонија, според слобода на печатот, ја оценува со полоша оценка него пред една деценија.

„Овие извештаи имаат за цел да разгласат дека во Македонија назадува демократијата, нема правен систем, се гуши слободата, во ситуац ија кога таа иста Македонија за која пишува „Фридом Хаус“… по пети пат добива позитивен извештај од ЕК“…

Без факти, без повикување на релевантен извор, вината се прфрла и на комшијата – Грција, која сака на Македонија да ѝ цркне кравата“: „Целта на ваквите извештаи е да се дадат конкретни аргументи на Грција за да може да го оспори напредокот на Македонија и да го попречи нејзинит влез во Унијата“…
Секако оваа …„оперативна стратегија на Грција“, како што е оценето, не е можна без „домашните предавници“, па се констатира: …„Во неа беспоговорна помош добиваат за жал и од домашни и внатрешни субјетки, што отсликува дека се работи за шема“…

 

ОБВИНУВАЊЕ БЕЗ ДОКАЗИ

Со употреба на серија дисквалификации, навреди и обвинувања, се продолжува со зголемување на ефектот кај читателиоте да се мобилизираат во „одбрана на актуелната политика и татковината“  и „од критизерите кои работат во интерес на опопзицијата и Грција “… „односот на Сорос пак кон Македонија, и уште повеќе кон Грција е добро познат…како и односот на клонот на Сорос во Македонија кон Владата е уште повеќе познат, целта е да губи ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија“. Иако нема ниеден факт или доказ со кој би се потврдиле тврдењата и обвинувањата, како и дисквалификации и вмешаност на Сорос и Фондацијата ФИОМ во оценките на „Фридом Хаус“, канонада се отвора и на домашниот фронт против опозицијата, опозициските медиуми, нивните новинари колеги и јавни личности.

„СДСМ, инсталации блиски до СДСМ и Фондацијата Сорос на Владе Милчин се тие кои што од Македонија ги испраќаат негативните информации, извештаи и формулари и од нивни лични и политички причини креират негативна перцепција и го нарушуваат имиџот на Македонија“…

…„Најблиските новинари на СДСМ и СОРОС биле главни информатори на Фридом Хаус… Ацо Кабранов и Борјан Јовановски. Информаци давала и уредничка на Фокус кој исто така е под директна контрола на СДСМ и СОРОС како и други инсталации блиски до СДСМ.

Со ова, пред граѓаните, актуелната власт треба да се амнестира од секаква одговорност за критиките кои се упатени кон неа.

 

КАДЕ СЕ ФАКТИТЕ ?

Да заклучиме, се работи за експлицитна и тендензиозна дисквалификација на личности, политички партии и домашните и меѓународните фондации и организации спакувана во невтемелени „факти“, што упатува на фобичност кон спротивното мислење и ширење на непријателствата и омразата кон одредени политички и општествени слоеви и соседите. …„луѓе и инсталации блиски до СДСМ и Фондација СОРОС на Владе Милчинглавни информатори на „Фридом Хаус“ Ацо Кабранов, Борјан Јовановски, уредничка на „Фокус“… „да се дадат аргументи на грција да го оспори напредокот на Македонија„…

Според перцепцијата која се нуди, „објективните“ оценки за состојбата во земјата би биле само оние  што ги соопштува актуелната власт или оние што таа власт би сакала да ги чуе. Така, во 2012 година извештаите на истата меѓунродна организација „Фридом Хаус“ беа од страна на Премиерот ценети позитивно, бидејки „Македонија забележувала континуиран напредок за слободата на медиумите“: За Груевски „Фридом хаус“ беа релевантни во 2012, сега за „Куририте“ тие се соросоиди. Како што е познато, во меѓувреме во „Фридом Хаус“ ништо не се променило, таа функционира со широка и транаспарентна помош на УСАИД и владите на САД, Велика Британија, Ирска, Шведска, Холандија… Значи, сепак, нешто во Македонија се сменило, за жал на полошо како што оценува во последниот извештај „Фридом хаус“, а со неприфаќање на извештајот тоа нема да се подобри.

 

КОДЕКСОТ НА НОВИНАРИТЕ ФРЛЕН ПОД НОЗЕ

Прекршени се основните етички и професионални одредби на сите меѓународни и домашните Кодекси на однесување на новинарите, кои велат: (член 1, 4, 10, 14,16 на Кодексот на новинарите на Македонија, член 1,2,3 … на Кодексот на ИФЈ).

Пред да го објави извештајот, новинарот мора да биде сигурен дека ја проверил точноста на сите наводи.

 

За извештајот за некој настан да биде содржаен и целосен не смеат да се премолчуваат и сокриваат битните информации, ниту да се искривуваат фактите.

 

За новинарот фактите се неприкосновени, а неговата обврска е да ги става во правилен контекст и да ја оневозможи нивната злоупотреба, без оглед дали се работи за текст, тон, или слика.

 

Гласините и претпоставките мораат да бидат недвосмислено назначени. Обврска е она што е вест и она што е коментар во текстот бидат јасно раздвоени.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести