verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Повлекувањето на раководството на СДСМ од соочување го изреволтира членството

на 8. 04. 2014 | |
Рецензираме текст во кој има сé што не би требало да има. Отворено навивање и заземање страна на една политичка опција, сатанизација и дискредитација на политичкиот противник и насилничко наметнување став кој граѓаните треба да го следат при донесување одлука за кого да гласат. Линк до оригиналниот напис: Повлекувањето на раководството на СДСМ од соочување го изреволтира членството Датум и време на објавување: 1.04.2014, 18:24 Датум на рецензирање: 4.04.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ВИСТИНАТА ВО „КОРПА ЗА ОДПАТОЦИ“

Можеме едноставно да заклучиме дека информацијата, која им е упатена на граѓаните, не е објективна, а нејзината вистинитост е под сериозен знак на прашање. А вистинитоста и објективност се главни постулати на содржината на новинарскиот произвиод и на новинарската професија. Зошто вистинитоста

Рецензија: Извори од „Бихаќка“- Расколот и револтот поради листите за пратеници на СДСМ е во својот зенит

на 2. 04. 2014 | |
Тешко е овој производ  да се дефинира како некаква новинарска форма. Авторот имал претензија да напише коментар. Коментарот по правило се пишува одкако нешто ќе се случи. Како што е познато, изборите уште не се случиле и не знаеме кој е победник, а кој губитник. Катастрофално и погубно за секој коментар е ако неговиот автор сака на читателот со сила да му нам етне триумф на едната страна над  другата, закана на едните против другите, потсмев на едните кон другите. Уште полошо е ако самиот автор демонстрира надменост во презентацијата на аргументите. А „аргументите“ потекнуваат од „велат извори во Бихаќка“, „високи партиски извори“, „извори во СДСМ“... секако, познати само на авторот . Линк до оригиналниот напис: Извори од

Рецензија: Статистика бележи раст на платите во јануари трендот че продолжи до крајот на годината

на 31. 03. 2014 | | sq
Рецензираме вест од  дванаесет реда во кои има осум граматички и словни грешки. Во брзина да се изрекламира уште еден „успех“  на Владата и да се покаже „благосостојбата“ во која живеат граѓаните, се заборавило пред објавување да се прочита текстот. Така, на читателите им е пласиран смешен, полн со грешки, несодржаен и нејасен новинарски производ за некакви статистички движења кои покажуваат генерален пораст на платите на сите вработени во државата, а посебно во секторот транспорт и градежништво, што треба да асоцира на посветеност на Владата која гради, создава и остварува. Линк до оригиналниот напис: Статистика бележи раст на платите во јануари трендот че продолжи до крајот на годината
Датум и време на објавување: 28.03.2014, 20:21 Датум на рецензирање: 29.03.2014 Рецензент:

Рецензија: Шефовите на СДСМ избегаа од кандидатските листи

на 27. 03. 2014 | |
Дали за текстот, кој свесно одработува  за влада или партија, а не за јавноста, односно за граѓаните, може да се каже дека е новинарски производ? Не, ова е некаков микс меѓу информација, коментар и анализа, а нема елементи да ги задоволи критериумите ни на една од овие новинарски форми. Ова бидејќи освен „неофицијални извори“, „изворите велат“, „голем број на членството“ релевантни извори нема, како што нема ни факти кои го креираат новинарскиот производ. Линк до оригиналниот напис: Шефовите на СДСМ избегаа од кандидатските листи Датум и време на објавување: 23.03.2014  19:40 Датум на рецензирање: 24.03.2014 Рецензент: Александар Писарев  

НАВИВАМ ЗА МОИТЕ

Написот е во секоја смисла политички пристрасен и отворено се труди ако може што повеќе да ѝ наштети

Рецензија: Како до евтин еколошки превоз

на 21. 03. 2014 | |
Рецензираме новинарски прилог во кој да се покажела малку поголема амбиција при обработка на темата ќе можевме да дадеме позитивна рецензија. Не се забележани некои ситни пропусти и написот не е прочитан уште еднаш и, ако треба, уште еднаш. Линк до оригиналниот напис: Како до евтин еколошки превоз Датум и време на објавување: 13.03.2014, 22:02 Датум на рецензирање: 19.03.2014 Рецензент: Александар Писарев  

СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Погодена е многу легитимна тема од јавен интерес, која е обработена јасно и содржајно- како да се ослободи градот од автомобилскиот метеж и автомобилот како превозно средство да се замени со велосипед.  „Се разработува нов пристап за развој на сообраќајните концепти, со кои треба да се унапредат ефикасноста, безбедноста и мобилноста на сите учесници

Злоупотреба на медиумите во предизборието

на 20. 03. 2014 | |
 

Како се доближуваат изборите, загрижувачки расте бројот на текстовите и прилозите во македонските медиуми со кои драматично се руши угледот на новинарската професија и расте злоупотребата на медиумите. Медиската атмосфера наликува на отворена војна меѓу новинарите и политичките партии, при што целосно е занемарен јавниот интерес, интересот на граѓаните, а темите кои се од виталното значење за граѓаните не само што се маргинализирани, туку воопшто ги нема.

  Пишува:

Рецензија: Несекојдневна дарба на ученикот од скопска општина Аеродром

на 17. 03. 2014 | |
Новинарот, за да може професионално да се занимава со својата професија, мора да поседува енциклопедиско знаење, широка култура и стручност за темите кои сака да ги обработува. Во големите и сериозни редакции постојат стручни консултанти за разни области кои им помагаат на новинарите подлабински да ги обработат темите кои се од  јавен интерес, а за кои новинарот не е доволно стручен. Читателот, кој го предложил овој текст за рецензија, сериозно се замислил над темата, поставувајќи прашање дали треба да се глорифицира дете од девет години, кое е оптеретено со геостратешките проблеми на денешницата и историските премрежија околу Македонија, нејзините историски поделби, неслоги меѓу политичарите и револуционерите, односите и лични неслагања помеѓу Јане Сандански и Тодор Александров, мажачката на вдовицата на

Рецензија: СДСМ купи нови автомобили за партиските шефови

на 17. 03. 2014 | |
Информацијата која е поврзана со една сосема легитимна одлука на политичка партија, во овој случај опозициската СДСМ, да купи два нови автомобила, низ приказната се претвора во отворена сатанизација на врвот на тој политички субјект и скриена мобилизација на граѓаните да не го даваат својот глас за партијата „која однапред ги изгубила изборите“ . Линк до оригиналниот напис: СДСМ купи нови автомобили за партиските шефови
Датум и време на објавување: 12.03.2014,  07:45 Датум на рецензирање: 13.03.2014 Рецензент: Александар Писарев  

„ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА“ НА СДСМ

Иницијалната вест за купување на автомобилите е точна и потврдена во седиштето на партијата и дотука е сѐ во ред. Нема извртување на вистината и фактите. Проблемот е  во тоа што  медиум понатаму во обработка на

Рецензија: Елитистите од СДСМ срамно бараат еднакви можности за нивните деца

на 12. 03. 2014 | |
Во современите општества, посебно во дискурс на екстремната десница, манипулација со зборовите е вообичаена појава.  Меѓутоа, Филип Бретон, професор на Сорбона и истражувач во „Лабораторијата за социологија и европска култура“ во Стразбур, во својата книга „Изманипулираниот збор“ предупредува дека и тогаш  манипулацијата мора да биде маскирана,  неприметна, инаку ќе биде откриена. Непотпишаниот автор на ова писание веројатно не го прочитал  Филип Бретон, па скрпил едноставен, евтин, травијален производ за да ги задоволи малограѓанските комуникациски потреби на конзументите на популарната кич култура и да ја покаже лојалноста не кон граѓаните и читателите, и не кон јавниот интерес, туку кон своите политички ментори. Притоа, неговата манипулација оди дотаму, да опишува, коментира и пренесува атмосфера од настанот на кој не присуствувал. Затоа само

Рецензија: Жителите на Прждево на Иванов му изразија задоволство од исплатените субвенции

на 8. 03. 2014 | |
Спин мајсторите на Владата не обрнале внимание на уставните надлежности на претседателот на државата, па неговата протоколарна посета на едно демиркаписко село ја искористиле за спин во полза на владините политики, иако Претседателот нема никаква врска околу поделбата на субвенциите и решавање на комуналните проблеми на селското население. Линк до оригиналниот напис: Жителите на Прждево на Иванов му изразија задоволство од исплатените субвенции
Датум и време на објавување: 04.03.2014, 18:52 Датум на рецензирање: 06.03.2014 Рецензент: Александар Писарев  

БИРАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВА ИЛИ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ?

Пет фотографии на актуелниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов од неговата посета на село Прждево и три реда повеќе текст нè ставаат во дилема – дали избираме претседател на државата или водиме кампања

Претплатете се за најнови вести