verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Инвеститор од Дубаи гради откупен центар во Ресен, сто нови вработувања

на 5. 03. 2014 | | sq
Во брзањето да го претстави уште еден „успех“ на Владата во привлекување на странски инвестиции, медиумот не обрнал многу внимание на точноста на податоците кои се составен дел од информацијата. Воопшто не се размислувало дали има логика тоа што го пишува. Поважно било со име и презиме да се набројат членовите на владината делегација и функционерите кои присуствувале на „почетокот на изградбата на комплексот за складирање  и преработка на јаболко“, отколку да се објави точна информација колкав е навистина капацитетот на овој комплекс. Така, според она што медиумот го објавил, премиерот и делегацијата присуствувале на почетокот на изградба на еден безначаен капацитет „ ладилник со капацитет од пет тони јаболко на  фирмата „епл ленд“ од Дубаи која во него

Рецензија: Македонија останува најдобра во регионот во борба против трговија со луѓе

на 24. 02. 2014 | |
Првата лекција во новинарството е веста и гласи дека таа мора да биде актуелна, се започнува со денес, или утре, а никако со вчера, бидејки граѓаните „ретко“ ги интересира она што се случило вчера. Мора да биде содржајна и точна. Во веста што ја рецензираме медиумот се повикува на „бројки и податоци во годишниот извештај за борба против  трговија со луѓе“ , но немаме информација за која година е извештајот и кој го поднел. Се добива впечаток дека информацијата е ,,извадена од замрзнувач и подгреана“ за пред евентуалните избори да претстави уште еден од серијата на „најновите успеси на Владата“ дека Македонија во регионот е најдобра во сé , па и во борбата против трговијата со луѓе. Веста не е

Медиуми и политичка култура: Зборовите на омраза, напишани или кажани преку медиумите, немаат општествена вредност

на 20. 02. 2014 | |

Кога омразата преку медиумите ќе добие простор да се манифестира на јавна сцена, тогаш може да се оцени дека со неа управуваат и ја поттикнуваат лоши и опасни луѓе. Доминација на омразата на јавната сцена не е ништо друго освен доминација на лоша власт. Медиумите кои употребуваат и шират говор на омраза се соучесници во можното зло и злосторствата кои произлегуваат од омразата. Новинарите морат да бидат свесни дека зборовите

Рецензија: Истите лаги на истите новинари

на 19. 02. 2014 | |
Текстот напаѓа цела една плејада на познати македонски новинари и ги става на „столбот на срамот“ со цел да ги дискредитира пред македонската јавност.Кај голем дел од новинарите единственото што се менува е само работодавачот и името на медиумотот, а лагите остануваат исти… можат да се слушнат истите лаги од истите новинари“. Овојпат тоа е направено без никаков повод. Меѓутоа, постојат многу елементи со кои треба да се поврзе причината за ваквото писание, кое наликува на билборд-памфлет со прозивка на новинарите по име и презиме. Тоа се познати македонски новинари кои во своите новинарски прилози и интервјуа пренесувале важни пораки од ЕУ до македонскиот политички врв. Секако дека тие пораки најчесто не биле многу розови и имале

Рецензија: Мистериозно здружение од Тетово става сопки за НАТО

на 18. 02. 2014 | | sq
Написот ги дава следниве заклучоци: „Албанците со петиција ќе издејствуваат Македонија да не се прими во НАТО“, …„дека и онака сме далеку од Алијансата зато што нема да најдеме заедничко решение за името со Грција“…, … „а министерот за одбрана ни е од УЧК, и дека  Албанците во 2001 година сакале да ја распарчат Македонија“…  Скокајќи од тема на тема, кога сето тоа е споено во текстот, направена е „турлитава“. Многу елементи во овој напис се спорни. Од тоа дали навистина во Тетово постои Здружение за развој на демократијата и дали тие навистина собираат потписи за петиција која ќе биде толку влијателна  во Алијансата и „ќе ја спречела земјата да влезе во НАТО“. Меѓу другото, со својот став

Рецензија: Ќе се отвора саркофагот на Гоце Делчев?

на 14. 02. 2014 | |
Со крајно ниско ниво на новинарска орговорност се најавува отворање на саркофагот на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје. Потрагата по авторот на саркофагот се поврзува со нужноста тој да се отвори за да се провери дали можеби потписот на авторот е некаде во неговата внатрешност. Написот е импровизирана мешавина од точни и повеќе неточни информации, по што веднаш по неговото објавување, истиот ден стигнал и демант од референтните институции дека воопшто не постои идеја или иницијатива тој да се отвори.
Линк до оригиналниот напис: Ќе се отвора саркофагот на Гоце Делчев?  Датум и време на објавување: 09.02.2014, 20:43 Датум на рецензирање: 13.02.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Главната, носечката информација во прилогот „Во

Рецензија: Човекот одговорен за пропустот со олимписки прстени, пронајден мртов во Сочи

на 11. 02. 2014 | |
Рецензираме шокантна „вест“, а, всушност, комплетно измислена информација – дека работникот, кој е одговорен затоа што еден од олимписките кругови (кој ја претставува Северна Америка) не се отворил на свечената церемонија на почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, е пронајден мртов во хотелската соба, со повеќе убоди од нож. Линк до оригиналниот напис: Човекот одговорен за пропустот со олимписки прстени, пронајден мртов во Сочи Датум и време на објавување: 09.02.2014 Датум на рецензирање: 09.02.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Дали треба да ги повториме класичните оценки со кои ја потврдуваме невистината. Нема никаков извор со кој може да се потврди вистинитоста на оваа вест. Највероватно дека е превземена или од сропските портали ,„Курир,“  или  „Ало“, со таа разлика што тие

Рецензија: ЗНМ – тајно друштво!!!

на 10. 02. 2014 | |
Текстот претставува еклатантен пример како преку медиумите може истовремено во еден текст максимално да се фаворизира еден политички или општествен субјект кој му е близок на медиумот и истовремено, без факти, да се сатанизира политичкиот или било кој  друг противник.  Написот се однесува на законската обврска според која  двете најбројни здруженија на новинарите во Македонија, треба да делегираат свои претставници во Агенцијата за медиуми. Притоа, МАН се претставува во позитивно фаворизирачко светло, додека ЗНМ се сатанизира, навредува и деградира. Линк до оригиналниот напис: ЗНМ – тајно друштво!!!   Датум и време на објавување: 06.02.2014 Датум на рецензирање: 07.02.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Во целиот текст единствено е вистина  дека постои законската обврска според која двете најбројни здруженија на новинарите во Македонија

Рецензија: Прочитајте и споделете: Ова се чудо-едноставни лекови за рак

на 6. 02. 2014 | | sq
Според психолозите, во природата на секој човек е да ги побара и алтернативните решенија за своите здравствени проблеми. Посебно кога официјалната медицина веќе ги исцрпела сите можни методи. Ваквиот начин на лекување, неговото пропагирање, подготовка и промет на помошни лековити средства, препаратите, билни и сите други смеси и мешавини се регулирани со строги законски прописи. Сѐ што е вон нив се смета за надрилекарство, може да му наштети на пациентот и се казнува според член 209 од Кривичниот законик на Република Mакедoнија: Член 209 од КЗ на РМ Тој, што без пропишана стручна подготовка се занимава со лекување или со давање медицинска помош и совети, ќе се казни со затвор до една година и со парична казна.
Рецензираме новински напис,

Рецензија: Босански воен инвалид бара истрага

на 4. 02. 2014 | |
Вистинито информирање и точно наведување на факти со назначување на изворот се основните професионални барања што медиумот треба да ги почитува. Рецензираме напис кој се однесува на двајца високи државни функционери од соседна земја, против кои поранешен припадник на Армијата на БиХ поднел барање за покренување истрага поради воените злосторства. Објавување на ваква сериозна вест, без посочување на изворот, кај читателите може да предизвика сомнеж во вистинитоста, а на државата да ѝ наштети во меѓусебните односи со соседната држава.  Линк до оригиналниот напис: Босански воен инвалид бара истрага
Датум и време на објавување: 03.02.2014 Датум на рецензирање: 03.02.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Бидејќи не е посочен никаков извор на информацијата, како да веруваме дека е вистинита. Извори на информации: Нема

Претплатете се за најнови вести