verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Прва жена која починала од канабис

на 3. 02. 2014 | |

(Рецензијата е изработена по предлог на читател. Доколку и Вие сакате да предложите напис за рецензија од страна на нашиот новинарски тим, тоа можете да го сторите овде)

Кога е во прашање содржината на медиумите, граѓаните-читателите и гледачите се први и најповикани да оценат дали таа е во склад со јавниот интерес и на тоа да реагираат. Само така можеме да ја спречиме таблоидизација на јавниот простор и во медиумите да обезбедиме содржини кои се од јавен интерес. По предлог на читател, рецензираме новинарски производ кој жанровски може да се смести во категорија „кратка новинарска приказна од секојдневниот живот“, но, не ги задоволува основните стандарди на објективно новинарство. Еве зошто. Линк до оригиналниот напис: Прва жена која починала од канабис

Рецензија: Причина повеќе зошто не треба да го ставате телефонот под перница

на 30. 01. 2014 | | sq
Во 21 век, човекот со големи чекори напредува во освојување на новите технологии, а животот стана незамислив без Wi-Fi уредите и мобилната телефонија. Безжичниот интернет и рутери кои емитуваат сигнали се секаде околу нас, а нивното влијание на човековиот и на другите живи организми сѐ уште не е поптполно истражено и јасно. Затоа, оваа област буди голем интерес и кај медиумите. Меѓутоа, при обработка на вакви теми потребна е голема претпазливост и знаење. Во спротивно, може да се згреши, публиката да се доведе во заблуда,  да се вознемири и исплаши од содржината која не е реално пренесена. Рецензираме новинарски производ кој треба да ја покаже штетноста на зрачењето на рутерите и мобилните телефони, а видеото, всушност, го докажува спротивното што

Рецензија: Интелектуалците реагираат на злоупотребата на ЕУ од страна на Венизелос

на 28. 01. 2014 | | sq
Рецензираме еден прилог од кој ништо не е јасно. Медиумот зборува дека: „здружените интелектуалци со отворено писмо до ЕУ и НАТО“…  …„бараат да ги спречат грчките власти од намерата да го искористат претседавањето со советот на ЕУ за свои државни цели“... Многу тешки зборови со ништо неаргументирани. Затоа и го рецензираме прилогот. Линк до оригиналниот напис: Интелектуалците реагираат на злоупотребата на ЕУ од страна на Венизелос
Датум и време на објавување: 26.01.2014,  16:43  Датум на рецензирање: 27.01.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Во написот ни со еден аргумент не се потврдува веродостојноста на она што е објавено: „Здружените интелектуалци со отворено писмо до ЕУ“. Ако писмото е отворено и ако интелектуалците се здружиле, тоа би требало на некој начин

Рецензија: Скандалозно: СДСМ излажа за членство на претседателство на Шеќеринска во ПЕС

на 24. 01. 2014 | | sq
Медиумот се обидува, преку замена на тезите, да ги изманипулира читателите и да ги убеди дека СДСМ лаже oti Радмила Шеќеринска е член на претседателство на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Бегајќи од централната тема, дали Шеќеринска навистина е, или не е во претседателство, медиумот ја објаснува структурата на ПЕС, се повикува на нивниот статут, за да на крај низ еден конфузен и не многу јасен приод кон целата тема, сепак, да го констатира она што го тврди и СДСМ: дека Радмила Шеќеринска е член на Управниот одбор на ПЕС, но со напомена дека нема право на глас. Тоа во целата приказна е потполно неважно, бидејќи СДСМ никаде и не тврди дека Радмила Шеќеринска има право на глас во ПЕС.

Рецензија: Под Саат-кулата, гробница како на Тутанкамон

на 22. 01. 2014 | |
Сѐ што е мистично, поврзано со археологијата, пирамидите и египетските фараони предизвикува кај читателската публика голем инетрес. Тоа го потврдува и фактот што само за неколку часа, информацијата што ја рецензираме, во он-лајн изданието на овој медиум ја прочитале скоро 20.000 посетители. Меѓутоа, трчајќи по лажна ексклузивност, медиумот ги довел во заблуда читателите, ги изманипулирал и измамил. Пласирал невистина и лажни информации. Несреќата да биде уште поголема, и многу други медиуми ја презеле и ја пренеле на своите портали истата информација како ексклузивна репортажа од лице месето. Линк до оригиналниот напис: Под Саат-кулата, гробница како на Тутанкамон
Датум и време на објавување: 19.01.2014, 10:11 Датум на рецензирање: 21.01.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Сите стандарди во новинарството почиваат на вистината. Информацијата

Рецензија: Професорка касапеше ученици, а нивните соученици уживаа во глетката

на 20. 01. 2014 | | sq
Во само што објавената новинарска лекција за фотографијата во медиумите, објаснивме дека новинска фотографијата може да предизвика силни емоции кај читателите. Сега рецензираме еден таков текст чија целосна содржина е, всушност, во фотографијата и видеото. Дали сме во право кога велиме дека вознемирува и предизвикува силни, па дури и страв и наеженост, погледнете сами. Што е најлошо, може да предизвика некого и сам да се обиде во ваков експеримент и да настрада, тој – или некој негов близок. Линк до оригиналниот напис: Професорка касапеше ученици, а нивните соученици уживаа во глетката
Датум и време на објавување: 14.01.2014,  19:15 Датум на рецензирање: 18.01.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост:  Којзнае дали ова е вистина или не? Нема извор од каде веста и видеото

Новинска фотографија и фото вест

на 17. 01. 2014 | | sq
 

Новинската фотографија е посебна област во журналистиката. Таа, покрај пренесување на информацијата, треба да прикаже целосната слика на стварноста. Проблемот со новинската фотографија е во тоа што сѐ почесто нејзината единствена функција е да го пополни просторот, празнината во текстот или помеѓу два текста.

  Пишува: Александар Писарев   Кога би ги анализирале рецензиите објавени на нашиот сајт, во делот кој се однесува на фотографијата, најчеста оценка е: „

Рецензија: Проблемот со Бугарија е потежок од оној со Грција

на 13. 01. 2014 | |
Повеќе пати сме објасниле дека насловот е реклама за текстот и  ја „продава“ веста. Тоа е точно, но овој наслов ни продал ,,мачка во вреќа“. Затоа што е директен, впечатлив, а со ништо не е оправдан во содржината на текстот. Насловот е срж, суштина на главната информација.
Во овој случај авторот како да заборавил што најавил во насловот и во информацијата не напишал ни збор со кој би ја оправдал најавата. Читателите останале измамени и сиромашни за најавената соджина. Затоа заслужува аргументирана негативна рецензија. Линк до оригиналниот напис: Проблемот со Бугарија е потежок од оној со Грција Датум и време на објавување: 10.01.2014, 14:34 Датум на рецензирање: 12.01.2014 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Во текстот, кој има аналитички претензии и користи

Рецензија: Риболовството извор на егзистенција за многумина велешани

на 13. 01. 2014 | |
Рецензираме новинарски производ, кој, според содржината, може да се дефинира како репортажа. Актуелна репортажа, која излегува од стереотипите кога е во прашање избор на настаните што заслужуваат новинарско внимание. Во време кога новинарите информациите што ги пренесуваат до читателите ги базираат главно на кабинетски матерјали, кои се само малку уреднички дотерани, авторот на овој текст излегол на терен, меѓу обичните луѓе и се соживеал со нивните егзистенцијални проблеми. Отворил тема која е сосема легитимна и од јавен интерес: „Како, и дали може во време на економска криза, невработеност, и беспарица да се преживее и од хоби, во овој случај од спортски риболов“.
Со сите недостатоци кои ги има како репортажа, таа заслужува позитивна рецензија, меѓу другото, и затоа

Рецензија: Ермира мехмети се разведува?!

на 10. 01. 2014 | | sq
Во недостиг на сериозни теми и безидејност, новинарите и медиумите се таблоидизираат и сензациите ги бараат во приватниот и личен живот на јавните и други личности. Рецензираме еден таков текст кој се занимава со личниот живот на пратеничката Ермира Мехмети и нејзиниот сопруг, дипломатот Шеној Деваја. Притоа, весникот изнесува полувистини и невистини. Прави сезнација, а читателите ги остава во дилема што, всушност, се случило – дали Ермира се разведува или е во фаза на развод. Дали нејзиниот сопруг Деваја е повелечен од дипломатска функција поради последиците кои разводот ги носи и можат ли и требат ли тие да влијаат на неговата дипломатска кариера. Линк до оригиналниот напис: Ермира Мехмети се разведува?!  Датум и време на објавување: 05.2014,  20:04 Датум на

Претплатете се за најнови вести