verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жителите на Прждево на Иванов му изразија задоволство од исплатените субвенции

on 8 - 03 - 2014       

Жителите-на-Прдежево-на-Иванов-му-изразија-задоволството-од-исплатените-субвенции-kurir-crop-resize

Спин мајсторите на Владата не обрнале внимание на уставните надлежности на претседателот на државата, па неговата протоколарна посета на едно демиркаписко село ја искористиле за спин во полза на владините политики, иако Претседателот нема никаква врска околу поделбата на субвенциите и решавање на комуналните проблеми на селското население.

FireShot Screen Capture #119 - 'ФОТО_ Жителите на Прдежево на Иванов му изразија задоволството од исплатените субвенции' - kurir_Линк до оригиналниот напис: Жителите на Прждево на Иванов му изразија задоволство од исплатените субвенции

Датум и време на објавување: 04.03.2014, 18:52

Датум на рецензирање: 06.03.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

БИРАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВА ИЛИ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА ?

Пет фотографии на актуелниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов од неговата посета на село Прждево и три реда повеќе текст нè ставаат во дилема – дали избираме претседател на државата или водиме кампања за претседател на месна заедница Прждево.

Дури и во насловот  „Жителите на Прждево на Иванов му изразија задоволство од исплатените собвенции“  е направен спин за Владата, бидејки претседателот не дели субвенции туку надлежното владино министрество.  Не знаеме дали жителите навистина тоа му го кажале, бидејќи никаде во текстот нема таква изјава. Се добива впечаток дека спин мајсторите на новинаротили на фоторепортер му сугерирале така да напише, и да не се потпишува,  а тој не им обратил внимание дека е нелогично на претседателот да му се заблагодаруваат за она што тој не го направил – претседател не дели субвенции за земјоделците.  Констатацијата од насловот е посебно нагласена и проширена  и во текстот:

„Жителите на Прждево изразија задоволство од исплатените субвенции. Во подрачната единица Неготино, во период  2006-2013 се исплатени субвенции од приближно 1,5 милијарда денари“. Самово 2013 г. во ова подрачна единица исплатени се  150 милиони денари субвенции.

Иванов навистина го посетил ова село, и разговарал со мештаните, што се гледа од автентичните и живи фотографии направени за време на посетата, но дали темата на разговор навистина биле комуналните  и инфраструктурните проблеми, образованието, здравство и субвенциите.  Тоа не го знаеме. На таа тема нема ниедна изјава, ни на претседателот, ни на локалните жители.

И, каква врска има постета на претседателот на Прждево со подрачната единица  Неготино. Никаква, освен што требало да се нагласи колку Владата поделила субвенции.

 

ДЕВАЛВИРАНА ФУНКЦИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ 

Ако   повнимателно го прочитаме овој текст и размислиме за неговата содржина, тој има контраефект од она што сакал да го постигне. Ја девалвира функцијата претеседател на државата и ја сведува не локален функционер или референт од надлежното министерство  земјоделие.

„Беа посочени можностите  за спроведување проекти од областа на инфраструктурата, образованието и здравството, со кои би се подобрил животот на жителите на Прждево“.

Нее за верување дека мештаните на Прждево незнаат дека проблемите од област на инфраструктурата и образованието мораат да си ги решаваат преку својата месна заедница и општината, а субвенциите и здравството преку надлежните министертсва. 

Уставните надлежности на претседателот се јасни, па колку жителите на Прждево да го сакаат Ѓорѓе Иванов и да се спремни да гласаат за него или партијата која стои зад него, тој ниту може, ниту има уставни овластувања и надлежности да им ги решава проблоемите од  инфраструктурата, здравството или да им дели субвенции.

 

НОВИНАРОТ ТРЕБА ДА БИДЕ ЛОЈАЛЕН КОН ПУБЛИКАТА

Со кои факти ни се потврдува веродостојност на она што го читаме? Нема факти, нема изјави. Како да ја цениме вистинитоста на тоа што ни е презентирано?  Наместо лојалноста на новинарот да биде насочена конпубликата, таа лојалност е усмерена кон  повиците на власта и политичката партија да се промовираат нивните политики.
Ова не е говор на  интервјуираните соговорници, туку на самиот медиум и тој се повторува низ целиот прилог. Тоа не е ништо друго туку конструиран дискурс во кој ние треба да поверуваме, односно, бидејќи сме во предизборна кампања, да застанеме зад конкретна политичка опција. Што, ќе се сложите, не е непристрасно новинарство какво би требало да очекуваме за време на изборната кампања. Теоретски, секој  новинарски материјал што се потпира само на еден агол на гледање на темата е пристрасен.

Всушност и член 14 на Кодексот на новинарите на Македонија  вели дека:

„известувањето од  политичките процеси, посебно од изборите  треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди  професионална дистанца од  политичкиот субјект.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести