verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Шефовите на СДСМ избегаа од кандидатските листи

on 27 - 03 - 2014       

www_sitel_com_mk_mk_shef-crop-resize

Дали за текстот, кој свесно одработува  за влада или партија, а не за јавноста, односно за граѓаните, може да се каже дека е новинарски производ? Не, ова е некаков микс меѓу информација, коментар и анализа, а нема елементи да ги задоволи критериумите ни на една од овие новинарски форми. Ова бидејќи освен „неофицијални извори“, „изворите велат“, „голем број на членството“ релевантни извори нема, како што нема ни факти кои го креираат новинарскиот производ.

FireShot Screen Capture #126 - 'Шефовите на СДСМ избегаа од кандидатските листи I Сител Телевизија' - www_sitel_com_mk_mk_shefЛинк до оригиналниот напис: Шефовите на СДСМ избегаа од кандидатските листи

Датум и време на објавување: 23.03.2014  19:40

Датум на рецензирање: 24.03.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

НАВИВАМ ЗА МОИТЕ

Написот е во секоја смисла политички пристрасен и отворено се труди ако може што повеќе да ѝ наштети на опозициската партија. Затоа и прејудицира дека нивните кандидати се однапред губитници, анонимуси, играчи од резервна клупа, а во самиот наслов сугерира дека шефовите им се кукавици кои немаат храброст да се соочат со бирачкото тело: „Шефовите на СДСМ избегаа од кандидатските листи“ . И, дека затоа владеачката патија има големи шанси да победи. Дури авторот однапред го знае и резултатот.

Во текстот намерно, свесно и отворно се спинува во полза на владеачката партија, омаловажувајќи ги кандидатите на опозицијата:  „не влеваат довербна ни кај нивните политички соборци, уште помалку кај народот, граѓаните не им ги знаат ни имињата а за остварени дела не  моѓже ни да се зборува…, нее исклучено тоа да доведе во најблиска иднина во собраниските клупи да седат 63 претеници од противничкиот табор“…

Во текстот  кандидатите не само што се дискредитираат пред бирачите, туку без повикување на факти или извори бирачите се предупредуваат дека зад сѐ ова стои никој друг туку повторно Бранко Црвенковски: „луѓето кои  освен по блискоста со Црвенковски немаат со што друго да се пофалат“. Ова кај гласачкото тело треба да предизвика негативни чувства и да сугерира дека тие кандидати се губитници во битка за пратенички места.

 

НЕ БЕВ ТАМУ,  АМА „ЧОВЕКОТ МИ КАЖА“

Текстот е дел од отворената политичка црна кампања со цел да ги дискредитира кандидатите на опозицијата и партијата која застанала зад нив.

Наменски срочен текст, потпишан со полно име и презиме на авторот. Се обидува до читателите да пренесе некава информација и порака дека во СДСМ се случуваат крупни ломови, незадоволство меѓу членството, барње за промени во врвот на партијата: „Голем дел од членството и делегатите недвосмислено изразиле нездоволство и изрично побарале смена на лидерскиот двоец Заев-Шеќеринска“. Кој го вели тоа? Авторот на ова писание ? Како да му вероваме во оваа експлицита оценка. Ако ни се приложува автентична снимка од собирот (без легенда и потпис на авторот), со која се пренесува ја атмосферата дека од собирот „делегатите недвосмислено изразиле незадоволство“, тоа  сугерира дека авторот бил таму присатен. Ако бил таму, тогаш професионално е да го назначи изворот на овие информации. Ако некој од делегатите навистина изрично побарал „смена на двоецот Заев Шекеринска“ тоа значи дека излегол на говорница и тоа јавно го кажал. Тогаш е ред и граѓаните да знаат со име и презиме кој тоа го побарал. Во спротивно, повикување на „неофицијални извори, на делегати кои недвосмислено изразиле незадоволсетво и изрично побарале смена“ е чиста измислица и манипулација со читателите.

Нема ни обид да се побара и добие официјален став од опозицијата за избор на кандидатите, туку се повикува на „неофицијални извори и извори од голем дел на членстовото“. Врз основа на што е извлечен заклучок дека овие личности се анонимуси, кога последните неколку недели тие не се симнати од главните вести, ако не сите кандидати, тогаш барем Петре Шилегов.

 

РЕКЛАМА ПО НАРАЧКА

Колку што е краток текстот, толку се долги манипулациите и тенденцијата да се омаловажи едната страна и да да се направи политичка реклама за другата.

Се читаат ли воопшто домашните и меѓународните кодекси на новинарите,  упатства за известување од избори, европски конвенции за известување од политички собири (и нашите новинарски лекции, зошто да не)… Очигледно не. Бидејќи прво би се судриле со член  14 од Кодексот на новинарите на Македоније кој вели дека:

Известување од политичките процеси посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано, а новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Или една важна сугестија на Асоцијација на професионалните новинари која скоро еден век се обидува да ги унапреди стандардите и подигне новинарската етика на високо рамниште: „Новинарот при пишувањето обавезно треба да прави разлика помеѓу застапување на нечии интереси и професионално новинарско известување за настаните“.

Или, да го повториме по којзнае кој пат член 12 од Кодексот на новинарите на ИФЈ:

Треба да се игнорираат повиците на властите, политичките партии или други субјекти со кои од новинарите се бара да покажат „лојалност“. Лојалноста и солидарноста на новинарите треба да се насочи кон публиката на која треба да ѝ се презентираат максимално соепфатни и точни информации.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести