verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Елитистите од СДСМ срамно бараат еднакви можности за нивните деца

on 12 - 03 - 2014       

kurir_mk_makedonija_vesti_15-crop-resize

Во современите општества, посебно во дискурс на екстремната десница, манипулација со зборовите е вообичаена појава.  Меѓутоа, Филип Бретон, професор на Сорбона и истражувач во „Лабораторијата за социологија и европска култура“ во Стразбур, во својата книга „Изманипулираниот збор“ предупредува дека и тогаш  манипулацијата мора да биде маскирана,  неприметна, инаку ќе биде откриена.

Непотпишаниот автор на ова писание веројатно не го прочитал  Филип Бретон, па скрпил едноставен, евтин, травијален производ за да ги задоволи малограѓанските комуникациски потреби на конзументите на популарната кич култура и да ја покаже лојалноста не кон граѓаните и читателите, и не кон јавниот интерес, туку кон своите политички ментори. Притоа, неговата манипулација оди дотаму, да опишува, коментира и пренесува атмосфера од настанот на кој не присуствувал.

Затоа само тој успеал таму да види:

„бура од негативни реакции предизвикани од пораките кои опозициската СДСМ ги испратила од Штип каде со марш  бил одбележан Меѓународниот ден на жените, 8. март“ .

FireShot Screen Capture #121 - 'Елитистите од СДСМ срамно бараат еднакви можности за нивните деца' - kurir_mk_makedonija_vesti_15Линк до оригиналниот напис: Елитистите од СДСМ срамно бараат еднакви можности за нивните деца

Датум и време на објавување: 08.03.2014, 18:01

Датум на рецензирање: 11.03.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

БУРА ВО ШИШЕ СО ВОДА

Дали навистина постоела таква бура од негативни реакции? Или, во слепо подаништво и послушност, со невидена суровост, омраза и презир кон опозицијата таквата „бура“ морала да се измили. А, ако нешто е измислено, тоа не е вистинито, така што ниеден навод во овој прилог не може да се оцени како вистински настан.

Свесно избегнувајќи било каков релевантен извор и мижејќи пред фактот дека таму, сепак, биле собрани неколку илјади жени кои го поддржале маршот, медимот упорно ја брани тезата за „бура и лавина незадоволство и негативни реакции“, а апсолутно со ништо, со ниеден факт, не може да ги докаже. Освен два сомнителни, вулгарни и непристојни коментари од социјалните мрежи, ништо друго не е понудено како релевантен извор  на овие тврдења.

Од тие „бројните реакции и писма на читателите кои пристигнале во редакцијата“, медиумот прави своја конструкција во која со амбивалентен приод, експлицитно го напаѓа, го омаловажува и дискредитира едниот политички субјект – опозицијата, а ја фаворизира власта.

…„тие ги уништија можностите на илјадници деца чии родители во минатото поради нивните постапки останале на улица без парче леб“….

„Зошто не излезат и кажат колку пати се  зголемени пензиите, колку пати се зголемени субвенциите, колку пати е зголемена минималната плата, колку работни места се отворени“….

Од еднаш имаме зачудувачка коинциденција во вокабуларот.  Вокабуларот на „обичните граѓани“  кои „бурно реагираат“ чудно се совпаѓа со вокабуларот на политичатритер од власта кога ја омаловажуваат и навредуваат опозицијата и ги величаат своите ,„успеси“.

Ако навистина постоело такво писмо, реакција, електронска порака, медиумот можел како доказ да приложи факсимил. Револтот на граѓаните со ништо не е докажан, како ни присуството на медиумот на настанот.

 

КАБИНЕТСКО НОВИНАРСТВО

И самиот наслов е во функција да го навреди и дискредитира политичкиот противник. Фотографиите се симнати од порталите кои го проследиле настанот и тоа е уште еден доказ дека целото писание е срочено кабинетски „елитистички“, без да се појде на настанот и изворно да се чујат реакциите на граѓаните, без оглед дали се позитивни или негативни. Особено што на преземените фотогафии се гледа дека таму не биле само Шекеринска и Заев, туку имало и обични граѓани, симпатизери или, едноставно кажано, луѓе кои според својата слободна волја процениле дека треба да се приклучат на маршот.

Ова писание тешко може да се класифицира во некој од познатите новинарски жанрови. Повеќе личи на селска караница меѓу двајца политички противници, кои потпрени на дрвениот селски плот меѓусебно се навредуваат. Притоа, на едниот му се врзани и рацете и устата и не може да се брани, а на другиот му се дадени сите помагала и алатки: од мегафон до просторот во медиумот да го навредува, омаловажува и дискредитира другиот, без право на одговор, без право да се слушне и другата страна што е основа во новинарството.

Ваквиот пристап да се опише еден легитимен настан е отворена хајка и кампања со име и презиме против врвот на опозициската партија. Медиумот со пренесување на наводните реакции од социјалните мрежи без да ги контекстуелизира се става во  улога на обвинител, тој директно обвинува без аргументи, без факти, создава атмосфера на линч, хистерија, омраза.  Создава атмосфера на револт што за последица може да има и директно загрозување на безбедноста на поедини политички субјекти.

„Ааааа, ууу, леле мачкање очи… ќерките и синовите на Заев, Шекеринска, Цветанка Ласкова, Цветанка Иванова… Заев не зане колку тендери раздал,  Ласкова не излегува од дома  без гардероба од  10.000 евра, Радмила секој викенд во Солун троши по илјада евра на ташни часовници“…

 

ПРАВИЛАТА НА ПРОФЕСИЈАТА НА БУНИШТЕ

Прекршени се основните стандарди на новинарската професија, а директно е повреден член 10 од Кодексот на новинарите на Македонија кој вели дека

„Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилството и на дискриминација по која било основа“.

Не е лошо да се потсетиме и на правилата на Институтот за медиуми од Лондон, кој постојано повторува на почитување на  професионалните стандарди:

„Секој новинарски материјал што се потпира само на еден агол на гледање на темата е пристрасен“…


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести