verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Како не соголуваат кафулињата: Шолја кафе од 10 денари ја плаќаме 70

на 5. 08. 2014 | |
Текстот што го рецензираме покажува дека не постои тема која не е за весник. Сите седнуваме во кафулиња, некогаш сме и лути кога ќе ја добиеме сметката, мислејќи дека сме ограбени. Дали е така истражува овој текст, покажувајќи дека и едно обично кафе испиено во некое кафуле може да стане мотив за истражувачка сторија и да биде тема од јавен интерес. Заслужува позитивна рецензија затоа што јавноста навистина има право да знае сé што е од јавен интерес, па и тоа „Како не соголуваат кафулиња: Шоља кафе од 10 денари ја плаќаме 70“. Линк до оригиналниот напис: Како не соголуваат кафулињата: Шолја кафе од 10 денари ја плаќаме 70  Датум и време на објавување: 31.07.2014, 13:07 Датум на рецензирање: 1.08.2014

Рецензија: Македонија има потенцијал за атрактивна туристичка дестинација

на 1. 08. 2014 | |
Да се напише јасна и интересна вест не секогаш е така лесно како што изгледа. Во новинарството клучниот збор е комуникација. Таа ја подразбира пораката која сакаме да ја соопштиме и која треба да биде точна, кратка, јасна и содржајна, како и да ја пренесе најважната информација без празна фразеологија. Настанот, кој медиумот се обидел да го опише, е од поширок јавен интерес, бидејќи се работи за посетата на генералниот секретар на Светската туристичка организација на Македонија. Во овој новинарски производ, обидот да се пренесат неговиите пораки и впечатоци од посетата не е успешен. Линк до оригиналниот напис: Македонија има потенцијал за атрактивна туристичка дестинација Датум и време на објавување: 29.07.2014, 19:09 Датум на рецензирање: 30.07.2014 Рецензент: Александар Писарев  

Рецензија: Во октомври ќе се зголемат платите на јавната администрација

на 1. 08. 2014 | |
Рецензираме текст кој најнапред панично ги заплашува граѓаните со она што се случува во соседството. „Во Србија и други земји значително се намалуваат платите и пензиите“… за потоа, како со магија го излечи домашното население од уплав со приказната дека тоа нема да му се случи: „Додека во Србија … се намалуваат платите и пензиите, во Македонија ќе се зголемуваат“. Линк до оригиналниот напис: Во октомври ќе се зголемат платите на јавната администрација  Датум и време на објавување: 27.07.2014, 18:13 Датум на рецензирање: 28.07.2014 Рецензент: Александар Писарев Текстот има два дела. И во двата, иако нема извор, фактите се точни, бидеќи се „преџвакуваат“ со денови и во домашните и во регионалните медиуми. Во првиот дел граѓаните само се заплашуваат:

Рецензија: Страшно-Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско

на 29. 07. 2014 | |
Рецензираме фото вест од пет реда, чија единствена содржина е ширење страв и паника без серизона основа. „Страшно-змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовско“ .
Изгледа дека заплашување на граѓаните и ширење паника стана главна политичка стратегија на извесни медиуми со што треба да се сврти внимание од реалните проблеми. Прво беше Азискиот стршлен, а сега е змија како од циркуска реклама: „Од глава до опаш долга 20, а од опаш до глава 30 метри“. Линк до оригиналниот напис: Страшно-Змија долга 2,5 метри и дебела како човечка рака пронајдена во кратовски Датум и време на објавување: 22.07.2014, 12:00 Датум на рецензирање: 26.07.2014 Рецензент: Александар Писарев Првиот ефект кој може да биде предизвикан кај

Рецензија: Жестоки премолчени пораки од Нуланд до СДСМ

на 21. 07. 2014 | |
Рецензираме непотпишан текст кој отвора реторичко прашање, што е реална политика и политички реализам и дали написите кои содржински навлегуваат длабоко во есенцијалните политички прашања треба и мора да се базираат на објективна и рационална вистина или можат да бидат импровизација скарана со фактите. Помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, ја посети Македонија и тоа е точно. Изјавите кои по разговорите ги дале и Нуланд и премиерот се во класичната рамка на куртоазен стилизиран дипломатски речник и не кажуваат многу за централните теми на разговорот. Зад нив, секако, стои нешто друго, вероватно посодржајно и посериозно од видената куртоазија за што ние не можеме да дознаеме во блиска иднина. Меѓутоа, ако се направи компилација од еден збор на Нуланд, повеќе

Рецензија: За Милчин речиси 6 милиони евра се смешни пари

на 16. 07. 2014 | |
Рецензираме текст кој се базира на широко познатата изрека на д-р Гебелс: „Илјада пати повторена лага станува вистина“. На оваа, за жал, не за првпат искористена негова мисла, се базира комуникацијата што ја нуди овој текст. Категоријата на вистината е надмината и остануваат само пораки во кои можеме да веруваме според сопствениот избор. Вистината практично не постои, а илјада пати повторена една иста порака станува „вистина“. Ова е еден сегмент од мозаикот на стереотипни текстови кои треба да го убедат народот во „субверзивните“ активности на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) и нејзиниот прв човек, Владимир Милчин. „СОРОС“ Македонија, односно Институтот отворено општество повеќе пати е посочуван за финансирање на мрежа составена од невладини организации, медиуми и експерти во

Рецензија: Милчин и соросоидите го поддржуваат палењето во Чаир

на 8. 07. 2014 | |
Веста за чинот на палењето на постерот со фотографија на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, секој го „лајкува“ на друг начин и тоа е индивидуално право на поединецот кога реакцијата е на социјалните мрежи. Ако медиумот таквата реакција ја извади од контекст и со измислени конструкции ја стигматизира, сатанизира јавната личност, во овој случај првиот човек на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ), Владимир Милчин, тогаш тоа не е ништо друго туку злонамерен напад со политичка заднина и е спротивно на сите етички норми, стандарди и Кодекси на однесување на новинарите. До моментот на објавување на написот и 17 други граѓани реагирале на настанот на сличен начин и го „лајкувале“. Тие ни криви, ни должни се сатанизирани како поддржувачи на

Рецензија: Смртоносниот азиски стршлен стигна во Македонија-виден во Кавадарци

на 7. 07. 2014 | |
Оваа рецензија, меѓу другото, може да биде поткрепа за дополнување и допрецизирање на некои одредби на Кодексот на новинарите на Македонија, кои би се однесувале на свесно создавање паника, страв и вознемирување на граѓаните. Како под диригентска палица некои медиуми со серија од 32 написи Како да се препознае азиски стршлен беспотребно создадоа паника, плашејќи ги граѓаните со „Смртоносниот азиски стршлен кој пристигна во Македонија-виден е во Кавадрци“.
Рецензираме еден од нив, кој во ширењето страв и паника, отишол најдалеку.

Линк до оригиналниот напис: Смртоносниот азиски стршлен стигна во македонија-виден во Кавадарци Датум и време на објавување: 02.07.2014, 14:46 Датум на рецензирање: 04.07.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ВО СТРАВОТ СЕ ГОЛЕМИ ОЧИ

Застрашувачката вест за неколку дена се прошири со

Рецензија: Анализа: Уставните измени се добредојдени

на 2. 07. 2014 | |
Манипулацијата како феномен постои од првите цивилизации и низ историјата нејзините цели не се смениле, се менуваат само формите и техниките за нејзината инструментализација, но суштината останува иста. Современите владетели и центрите на моќ располагаат со фантастични средства за манипулација со масите. Доволно е да имате медиум или портал кој ви е наклонет и спинот да го подигнете на невидено високо рамниште, притоа манипулирајќи дека одредени политики кои ги спроведувате добиваат голема поддршка од граѓаните, а граѓаните, всушност, и да не знаат дека ја дале. Рецензираме баш таков новинарски производ во чиј центар се „граѓаните“, кои „веќе го искажале своето позитивно мислење за најновата владина политика околу уставните промени“, иако и самата Влада, како што изјавил премиерот, дури допрва очекува:

Рецензија: Момче од Штип повредено од заталкана дијабола

на 24. 06. 2014 | | sq
Подобро е веста да биде кратка и јасна, отколку со сила да се развлекува, при што на виделина излегува елементарно непознавање на темата за која се пишува. Веста која ја рецензираме е од јавен интерес и заслужува внимание. Насловот сосема јасно кажува што се случило и на што треба да се внимава кога во раката се држи оружје, во овој случај воздушна пушка. Но, содржината која следува понатаму може да ги вознемири и збуни граѓаните. Линк до оригиналниот напис: Момче од Штип повредено од заталкана дијабола Датум и време на објавување: 22.06.2014, 12:19 Датум на рецензирање: 23.06.2014 Рецензент: Александар Писарев  

КВАНТИТЕТ НА СМЕТКА НА КВАЛИТЕТ

Содржајност на една вест или информација не се збогатува со вештачко билдување за,

Претплатете се за најнови вести