verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: За Милчин речиси 6 милиони евра се смешни пари

on 16 - 07 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-008I-Република-Online-republika_mk__p282670-crop-resize

Рецензираме текст кој се базира на широко познатата изрека на д-р Гебелс: „Илјада пати повторена лага станува вистина“. На оваа, за жал, не за првпат искористена негова мисла, се базира комуникацијата што ја нуди овој текст. Категоријата на вистината е надмината и остануваат само пораки во кои можеме да веруваме според сопствениот избор. Вистината практично не постои, а илјада пати повторена една иста порака станува „вистина“. Ова е еден сегмент од мозаикот на стереотипни текстови кои треба да го убедат народот во „субверзивните“ активности на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) и нејзиниот прв човек, Владимир Милчин.

„СОРОС“ Македонија, односно Институтот отворено општество повеќе пати е посочуван за финансирање на мрежа составена од невладини организации, медиуми и експерти во насока на креирање на негативно мислење за политиките на владата“.

Со оваа реченица медиумот всушност сам си признава дека повеќе пати ја применил формулата на д-р Гебелс и дека посочувал на едно те исто:

…„СОРОС финансира активности во насока на креирање на негативно мислење за политиката на Владата“.

FireShot Screen Capture #008 - 'За Милчин речиси 6 милиони евра се смешни пари I Република Online' - republika_mk__p=282670Линк до оригиналниот напис: За Милчин речиси 6 милиони евра се смешни пари

Датум и време на објавување: 12.07.2014, 17:33

Датум на рецензирање: 15.07.2013

Рецензент: Александар Писарев

 

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА

Се конструира дискурс во кој во државата не треба да постојат финансиери на медиумите кои ја критикуваат власта. Таквите организации и медиуми треба да се стават на столбот на срамот, да се етикетираат и да се прогласат за „платеници кои по налог, преку критика на владата ги одработуваат добиените пари“:

„СОРОС“ внесува свежи пари за корумпирање на медиумите кои по секоја цена имаат задача да ги одработат парите преку критики на владата и нејзините политики“.

Текстот започнува со цитатот на изјавата на првиот човек на Фондацијата отворено општесство дадена за ТВ Нова, во која транспарентно објаснува дека: „Фондацијата за поддршка на медиумите вложила 394.479 евра вкупно.“ Оваа сума, како и сите други суми кои се влезени во буџетот на Фондацијата и потрошени, се транспарентно објавени во нејзниот финансиски извештај и без замерки поминале во сите државни ревизии и контроли.

Но, за да се засили и преувеличи нивната „субверзивна дејност“ кон рушење на актуелната власт, манипулативно се применува „весела математика“, па 393.479 евра се трансформираат во 5,2 милиони евра, а тие во насловниот блок нараснуваат на речиси 6 милиони евра.

„За Милчин речиси 6 милиони евра се смешни пари“.

Истото се констатира и во текстот: „Тој смета дека парите кои Сорос ги дава за медиумите се смешни во однос на тоа колку дава ВМРО-ДПМНЕ. Но дали 5.200.000 евра се смешни пари ? „

Единствениот извор за целата „весела математика“ (овде не можеме да зборуваме за факти) на која се повикува во текстот, е сроден провладин медиум кој според цитатот израчунал следно:

“Курир минатата недела објави дека во изминатата година невладината организација Институт Отворено општество, доделил огромни суми од неверојатниот буџет на Сорос од 5.200.000 евра, парите кој што се доделени на порталите и медиуми блиски до опозицијата“.

 

НАВИСТИНА СМЕШНИ ПАРИ

Изјавата на првиот човек на Фондацијата се пренесува и коментира со цинизам:

…„ Тој смета дека парите кои Сорос ги дава за медиумите се смешни во однос на тоа колку дава ВМРО-ДПМНЕ. Но дали 5.200.000 евра се смешни пари“.

Да разјасниме, како прво не се 5.200.000 евра, туку се далеку помалку, како што се гледа и од цитатот :

… „Во 2013 година фондацијата за поддршка на медиуми вложила 393 479 евра вкупно.“

Ова се навистина смешни пари во однос 3.880.000 евра парите на граѓаните кои во 2013 година ВМРО-ДПМНЕ ги потрошила само за партиски и владини реклами и кампањи во разни медиуми. Ова стои во Извештајот за 2013 година на Транспарентност Македонија (страна 5 и 6).

Преку спин и манипулација со бројки се продолжува понатаму со своевидна медиумска пресметка со невладина организација, која не  е по мерка на дел од политичките кругови во земјата и со медиумите кои се на спротвината страна од власта.

Силно политички обоена кулминација завршува со по стоти пат и на сто места таксативно наброени медиумите, нивните уредници, сопственци, пријатели, чија единствената „вина“ е што се на страна на опозицијата. Тоа го открива самата содржина, која меѓу другото, наведува дека:

…„меѓу среќниците кои земале пари од „Сорос“ е и порталот на Ацо Кабранов во кој работи ќерката на Љубомир Фрчковски… „ е и НВО „Инфо центар“ таа иста која издаде небулозен извештај во кој броеше колку пати бил спомнат СДСМ во говорите на премиерот“.

Според написот, медиумите кои во своите написи се критички настроени кон актуелната власт се „идеолошки настрани“. Меѓу редови јасно се препознава идеолошката матрица која ја нудат послушниците на партијата на власт: дека треба да се пишува и одработува само во полза на актуелната политика, а оној што во медиумите не одработил во полза на актуелната власт треба да се сатанизира и етикетира како субверзивен елемент. Типично за времето на едноумие. Тезата која е дијаметрално спротивна на принципите на слободното и независното новинарство и правото на спротивното мислење.

Гледајќи од аспект на современиот развој на демократијата, човековите права и слободи, слобода на медиумите и плурализам на идеи, на крајот може само да заклучиме дека станува збор за непрофесионален и пристрасен „медиумски произвиод“, кој на читателите не им дава реална слика за темата која ја обработува. Се бави со манипулации и стигматизација на политичките противници. Она што според Кодексот на новинарите на Македонија не е дозволено, е и пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Иако не е директно употребен, од оваа медиумско-партиска пропагандна хајка против „Сорос“ јасно се гледа намерата да се поттикне омразата кон невладините организации, медиумите и активисти кои отворено ја критикуваат власта.

Прекршен е Член 16 на Кодексот на новинарите на Македонија:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува взаемна солидарност и рзличност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

и да и не

и точни и неточни

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести