verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Врие во СДСМ, “солирањето“ на Заев и Шеќеринска внесува нервоза во партиската база

на 25. 11. 2014 | |
Во нормалните и демокртаски држави, Владата треба да владее во полза на граѓаните, а на опозицијата, без оглед дали таа е парламентарна или вонпарламентарна, да ѝ дозволи да ја контролира. Во прилогот кој го рецензираме, јасно се гледа намерата да се наметне контрола над опозицијата и преку рекла-кажала, без аргументи, да се прикаже кошмар кој таму владее, со една единствена цел – да се покаже дека во македонското општество, всушност, опозицијата е штетна и вишок. „Не ја отфрлаат можноста Заев да ги темпира бомбите со тајмингот на одржување на Советот на министритте на ЕУ кога највероватно уште еднаш ќе биде одбиена препораката на ЕК за преговорите со Македонија.“ Линк до оригиналниот напис: Врие во СДСМ, „солирање“ на Заев и Шекеринска

Нова „листа за отстрел“ на новинари и на јавни личности

на 17. 11. 2014 | |
 

[Рецензија на текстот со наслов: Агенти кои земаат повеќе од што заслужуваат]

Не постои новинарска форма во која би можел да се смести овој производ. Станува збор за елеватор со кој јасно се пренесени пораките и мислењата нарачани од одредени центри на моќ, чија континуирана цел е да се напаѓаат, навредуваат и да се стигматизираат оние што имаат различно или спротивно мислење за актуелните случувања во општеството од актуелната

Рецензија: 1800 денари за еден здрав ручек по рецепт на Владата

на 12. 11. 2014 | |
Рецензираме новинарски текст кој успеал она што е „невидливо“ да го направи видливо и на светлост на денот да „сервира“ еден најобичен ручек по рецептот на Владата. Да ја разобличи манипулацијата со граѓаните дека во услови на најниски плати во регионот, едно семејство може да се храни здраво, според препораките од владината кампања.
Медиумот со тоа испраќа јасна порака до читателите дека целата кампања „Здрава храна и здрав начин на животот значат долг живот“ е проблематична, бидејќи во услови на општа сиромаштија и на мали плати, ниту преку оваа кампања ќе го подобрат квалитетот на животот, ниту е можно да се хранат здраво. Линк до оригиналниот напис: 1800 денари за еден здрав ручек по рецепт на Владата Датум

Рецензија: Во градинките и училиштата се слави празник што нема врска со нас

на 10. 11. 2014 | | sq
Рецензираме текст кој како да им наметнува на граѓаните мислење како да се ориентираат кон одредена ситуација, во овој случај „Ноќ на вештерките“, мобилизирајќи ги на забрана на една, на глобално ниво, општо прифатена забава – маскенбал. Таа е подигната на ниво на „општествено опасна манифестација“ која со декрет треба да се забрани, бидејќи го „труе чистото христијанско битие на македонските граѓани“. Притоа, се заборава дека во Македонија не живеат само христијани, дека и меѓу христијани има и католици, протестанти, муслимани… („Социолозите сметаат дека е опасно и штетно ако се дозволи да влезе празнувањето на овој ден во Македонија“).

Линк до оригиналниот напис: Во градинките и училиштата се слави празник што нема врска со нас Датум и

Рецензија: Унковски, зошто не им кажете на сопствените деца да си заминат од Македонија

на 6. 11. 2014 | |
Во демократските општества, слободата на јавно изразување на сопственото мислење е една од фундаменталните слободи на граѓаните. Во Република Македонија, тоа право на граѓаните им е загарантирано со членовите 9 и 10 од Уставот на Република Македонија, кои се ускладени со Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи. Текстот што го рецензираме, на груб и безобразен начин се обидува тоа право да му го ускрати на режисерот Слободан Унковски и да го натера да мисли онака како што медимот смета дека треба да мисли за одредени појави во општеството, па отворено му советува „Унковски, зошто не им кажете на сопствените деца да си заминат од Македонија“ ? Линк до оригиналниот напис: Унковски, зошто не им кажете на сопствените

Рецензија: Македонските танчари ги собраа главните награди на Светскиот куп во Сараево

на 30. 10. 2014 | |
Самото учество на некој натпревар е успех, особено ако се работи за меѓународна или за светска манифестација. Но, лажирање резулати или нивно невистинито презентирање на јавноста преку медиумите е еднакво на неуспех и на измама. На предлог на наш читател, рецензираме текст што се осврнува на резултатите од меѓународниот танцов натрпевар во Сараево, во кој успехот на нашите натпреварувачи е преувеличен: „Македонските танчери ги собраа главните награди на светски куп во Сараео“. Но, тоа не е вистина, сокриени се суштински податоци. Линк до оригиналниот напис: Македонските танчари ги собраа главните награди на светски куп во Сараево Датум и време на објавување: 21.10.2014, 14:53 Датум на рецензирање: 28.10.2014 Рецензент: Александар Писарев  

СВЕТОТ Е, СЕПАК, ПОГОЛЕМ

Содржината е конфузна и не

Рецензија: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓаните

на 27. 10. 2014 | |
  Рецензираме еден од серија текстови во медиумите каде се следи патешествието на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и на нивните соработници низ населените места во Македонија за да се „чуе гласот на народот “ за проблемите кои го тиштат и да се презентираат успешните владини политики. Според содржајноста на објавеното, како да се работи за монолог на градоначалниците, бидејќи никаде ја нема втората страна. Граѓаните, кои се очигледно дел од овој настан, ги нема никаде. Дали и тие нешто кажале, прашале, пофалиле…, бидејќи насловот гласи „Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓаните“… Без оглед што се работи за фотосесија, овој новинарски производ е со нагласена и изразена интенција да го наметне само мислењето на политичарите, а не да ја даде

Рецензија: Се врти ли владата кон мајка Русија?

на 23. 10. 2014 | | sq
Што е поголема експонираноста на некој политичар во јавниот живот, тоа е поголема и заинтересираноста на медиумите за тоа што тој го кажал. Нема сомнеж дека дискусијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, била испровоцирана од актуелните настани во земјата и во регионот и дека тоа што тој го мислел го кажал и предочил и пред евроамбасадорот Аиво Орав. Но, новинарската должност, како и Кодексот на новинарите на Македонија, налагаат коректно да се пренесат неговите зборови, без од тоа да се прават конструкции и без да се извртуваат фактите. Линк до оригиналниот напис: Се врти ли владата кон мајката Русија ? Датум и време на објавување: 16.10.2014, 12:41 Датум на рецензирање: 21.10.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ

Со

Рецензија: Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион !

на 14. 10. 2014 | | sq
Посетата на еден светски лидер на регионот, да се посматра само низ опис на неговиот авион во најмала рака е несериозно. Истата информација ја пренесле и сите други провладини медиуми. Тоа е меѓутоа прашање на уредувачката политика, а ние ќе се задржиме на методологијата, според која оваа информација заслужува рецензија. Во стилот на турските серии, информацијата дава детален опис на авионот на рускиот претседател Владимир Путин, најавувајќи дека „Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион. Сите други информации поврзани со оваа посета за медиумот се периферни, дури и датумот на пристигнување на рускиот претседател во Белград.

Линк до оригиналниот напис: Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион ! Датум и време на објавување: 13.10.2014 11:03 Датум на рецензирање: 14.10.2014

Рецензија: Акција „Јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра

на 13. 10. 2014 | | sq
Новинарот мора да води сметка за терминологијата кога опишува некој настан, доколку сака тоа верно да ѝ го претстави на публиката. Во овој случај целиот настан и веста за апсењето на 25 лица од Судот за прекршоци е пренесена коректно повикуваќи се на изјавата на министерката за внатрешни работи. Но, проблемот е во насловот каде е употребен погрешен термин за кривичното дело за кое судиите и нивните соработници се осомничени дека го направиле во периодот од 2012 до 2013 година. Линк до оригиналниот напис: Акција „Јустиција“- Уапсени 14 судии за проневера на 1,3 милиони евра Датум и време на објавување: 08.10.2014 17:31 Датум на рецензирање: 12.10.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ПРОНЕВЕРА И НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ НЕ Е ИСТО

Насловот со кој

Претплатете се за најнови вести