verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Анализа: Уставните измени се добредојдени

on 2 - 07 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-003-Анализа_-Уставните-измени-2-crop-resize

Манипулацијата како феномен постои од првите цивилизации и низ историјата нејзините цели не се смениле, се менуваат само формите и техниките за нејзината инструментализација, но суштината останува иста. Современите владетели и центрите на моќ располагаат со фантастични средства за манипулација со масите. Доволно е да имате медиум или портал кој ви е наклонет и спинот да го подигнете на невидено високо рамниште, притоа манипулирајќи дека одредени политики кои ги спроведувате добиваат голема поддршка од граѓаните, а граѓаните, всушност, и да не знаат дека ја дале.

Рецензираме баш таков новинарски производ во чиј центар се „граѓаните“, кои „веќе го искажале своето позитивно мислење за најновата владина политика околу уставните промени“, иако и самата Влада, како што изјавил премиерот, дури допрва очекува: ..„ пошироката и експертската јавност да се вклучи во овој процес, и со аргументи и издржани дискусии да се извлече најдоброто за државата и сите нејзини граѓани“…

И без да се сочека да заврши овој процес, во насловот веднаш се констатира „Уставните измени се добредојдени“.

FireShot Screen Capture #003 - 'Анализа_ Уставните измени 2Линк до оригиналниот напис: Уставните измени се добредојдени

Датум и време на објавување: 29.06.2014, 17:09

Датум на рецензирање: 30.06.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ВИРТУЕЛНИ ГРАЃАНИ

Спинот и манипулацијата одат толку далеку, што не чекаат и не сметаат дека е потребно …„експертскат јавност да се вклучи“…, па, повикувајќи се на виртуелни граѓани оценуват дека …„Осумте промени во македонскиот устав кои вчера ги најви премиерот Груевски (веќе денес) наидоа на позитивни рекации кај граѓаните“…

Бидејќи тоа е окосница на содржината на текстот, очекувано е и логички да прочитаме барем една до две изјави на граѓани кои го кажале своето мислење, макар и анонимно. Бидејќи нема ниедна изјава од граѓани на чии „позитивни реакции“ се потпира текстот, оправдано можеме да не веруваме во она што е објавено.
Чуму тогаш и вклучување на експертската јавност, ако граѓаните тие промени веќе ги оцениле и прифатиле како позитивни.

 

СТРУЧЊАЦИ И „СТРУЧЊАЦИ“

Кога во центар на манипулација ги ставате граѓаните, за да со нив манипулирате, тоа би можело да се оцени како врв, како кулминацијана манипулирање и спин.

Премиерот, бидејќи неговата влада ги предлага уставните промени, секако има позитивно мислење за она што го предлага. Но, иако експертската и стручната јавност уште не се изјасниле за тоа, се манипулира со граѓаните дека тие, ставајќи се над науката и експетите, веќе го дале својот суд, а тој е безрезервно позитивен: „Промените во македонскиот устав што вчера ги најави премиерот Груевски наидоа на позитивни реакции кај граѓаните“. Граѓаните, кои во текстот се невидливи, се во овој случај „поголеми експерти“ од стручната јавност. Да прифатиме и дека е така. Се поставува прашање, може ли и има ли потреба сега стручната и експертската јавност да дава коментар на уставните промени и може ли таа „да знае подобро од граѓаните што е за нив позитивно“. Секако дека не може, затоа пред „волјата и позитивното мислење на граѓаните“… експертското и стручно мислење не се повеќе валидни. Така, и со, и без експертската јавност безрезервната поддршка и позитивното мислење на предлогот на Владата се обезбедени.

 

ОПОМЕНА

Ако малку се вратиме во минатото во регионот, таквата „поддршка и позитивните реакции“ од граѓаните на политиките и одлуките кои ги носеше, редовно добиваше Слободан Милошевиќ кој знаеме како заврши.
За разлика од Милошевиќ кој масите ги инструментализираше главно и само на национализмот, нашите диригенти на народните маси се покреативни, па со уставните измени се определуваат за економија, семејните вредности, контрола на економските текови… Основната цел на манипулаторот е да ги намести и подреди ставовите на оние кои му се потчинети, во овој случај на граѓаните, во склад со неговите интереси. Основната цел во ваквото подредување е на граѓаните да им се одземе способност ада мислат и расудуваат, а бидејќи човекот е мисловно битие, ако му се одземе таа способност, тогаш манипулацијата е обид во него да се уништи човековата природа.

Во овој случај практично, воопшто не е важно што мислат граѓаните за уставните промени. Важно е да се пласира лажна информација дека кај граѓаните: …„ осумте промени во македонскиот Устав… наидоа на позитивни реакции“…

Лажното повикување на наводно искажаното мислењето на граѓаните не само да е фалсификат, туку и злоупотреба на граѓаните.

 

ДО КОГА БРЕ ?

Создавање на конфузија во свеста на граѓаните на ваков начин е неопходна за власта без било каков проблем да ја наметне својата интерпретација на актуелната состојаба во општеството и потребата од промена на уставот. Тоа, покрај со …„позитивните реакции на граѓаните“ го зајакнува и со мислење на двајца „дежурни“ политиколози, поддржувачи на владината политика, кои стручно оценуваат дека… „Уставно зацрвстување на институцијата брак како заедница меѓу еден маж и една жена, е чекор напред во чување на семејните вредности“… „ќе се насочи кон подобрување на работата на институциите и ќе овозможи дополнителни услови за економски развој и просперитет“…

Ако на ова се додаде медиумска промоција на последните популистички егзибиции со отпишување разни долгови, се добива впечаток дека спин мајсторите без критериуми возвишената социјална категорија -граѓанин, ја деградираат до максимум само за да уживаат во манипулирање со народните маси.
Во рамките на оваа рецензија неминовно се поставува прашање кои се тие фактори кои овозможуваат ваква бескрупулозна манипулација со граѓаните. Одговорот е главно познат и повеќепати кажан – низок степен на политичка свест и политичка култура кај граѓаните, недостиг на демократски традиции, авторитарна свест и постојана потреба за водач.

Дали е можно да се елиминира манипулацијата како политички метод за освојување и зачувавање на власта? Можно е единствено со засилување на отпорот на изманипулираните граѓани, пред сѐ, преку слободните медиуми како средство за самоодбрана и најсилното орудие со кое единствено можат да се разоружат манипулаторите. Тоа, заедно со зголемување на политичката култура во што повторно треба да предничат слбодните медиуми, може да доведе до демократска рамнотежа во која ќе заврши ерата на неподносливата леснотија да се манипулира со граѓаните.

И, да не заборавиме да потсетиме дека е прекршен член 1. од Кодексот на новинарите на Македонија.

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести