Рецензија: Момче од Штип повредено од заталкана дијабола
Објавено во Рецензии
on 24 - 06 - 2014 Автор: Александар ПисаревПодобро е веста да биде кратка и јасна, отколку со сила да се развлекува, при што на виделина излегува елементарно непознавање на темата за која се пишува. Веста која ја рецензираме е од јавен интерес и заслужува внимание. Насловот сосема јасно кажува што се случило и на што треба да се внимава кога во раката се држи оружје, во овој случај воздушна пушка. Но, содржината која следува понатаму може да ги вознемири и збуни граѓаните.
Линк до оригиналниот напис: Момче од Штип повредено од заталкана дијабола
Датум и време на објавување: 22.06.2014, 12:19
Датум на рецензирање: 23.06.2014
Рецензент: Александар Писарев
КВАНТИТЕТ НА СМЕТКА НА КВАЛИТЕТ
Содржајност на една вест или информација не се збогатува со вештачко билдување за, кога ќе се објави, по форма да биде габаритна. Нејзината содржина треба да биде базирана на точни и проверени информации поткрепени со факти.
Во овој случај тоа го немаме, а габаритот е зголемен со непроверена информација која може да предизвика вознемиреност кај граѓаните дека „наместо врапци, штипјанец бил мета на невнималелен ловџија“. Нема сомнеж дека дијаболата од воздушната пушка завршила во раката на штипјанецот, но со ништо не се потврдени две констатации: дека „некој ловел врапци па погодил момче“ и дека како сторител во прашање е „невнимателен ловџија„.
ДЕЖУРНИ ВИНОВНИЦИ
Неправедно е за секој инцидент со оружје веднаш со прстот да се покажува на ловџиите. Така се стигматизира цела една категорија на граѓани-ловџии, „како невнимателни и опасни по околината“.
Паушална е констатацијата „невнимателниот ловџија се уште не е идентификуван“. Ако не е идентификуван, од каде знаеме дека станува збор за ловџија. Веста не се повикува ни на каков извор кој вели дека тој што пукал бил ловџија. Ловџии, според Законот, не ловат со воздушни пушки и оружјето генерално го поседуваат легално. Тоа можело да се провери во Правилникот за видови оружје што можат да набават.
Настанот се користи и да се актуелизира генералниот проблем со чести повреди од оружјето. Тоа може да биде легитимна содржина на веста, но притоа мора да се внимава формулациите да бидат прецизни и во контекст. Убојното дејство на воздушното (пневматско) и огнено оружје не можат да се изедначуваат и да се стават во ист контекст. „Случајот со ранетото момче, повторно, по повеќе години, го актуелизира пробглемот со ракување на огнено оружје во градска средина“.
Ова асоцира и може да ги вознемири читателите дека „со оружјето се ракува во градска средина“. Ако се сакало да се отвори пошироката тема околу ракувањето со оружје, требало да се објасни дека според Законот, освен за службени лица, на сите други им е забрането да носат оружје на јавни места (Закон за оружје). Несреќите и повредите со оружје, пак, најчесто се случуваат од страна на лицата кои оружјето го поседуваат нелегално.
И, на крајот, фотографијата е крајно вознемирувачка, бидејќи е прикажана софистицирана снајперска пушка со голем калибар која не може да се спореди со воздушна пушка со која „при обрабтка на раната лекарите утврдиле дека 28-годишниот пациент се здобил со лесна телесна повреда, предизвикана од дијабола, односно стандардна муниција за воздушни пушки“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови