verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Смртоносниот азиски стршлен стигна во Македонија-виден во Кавадарци

on 7 - 07 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-005-I-MKnews_mk-O-V-A1-crop-resize

Оваа рецензија, меѓу другото, може да биде поткрепа за дополнување и допрецизирање на некои одредби на Кодексот на новинарите на Македонија, кои би се однесувале на свесно создавање паника, страв и вознемирување на граѓаните.

Како под диригентска палица некои медиуми со серија од 32 написи Како да се препознае азиски стршлен беспотребно создадоа паника, плашејќи ги граѓаните со „Смртоносниот азиски стршлен кој пристигна во Македонија-виден е во Кавадрци“.

Рецензираме еден од нив, кој во ширењето страв и паника, отишол најдалеку.

FireShot Screen Capture #005 - 'Смртоносниот азиски стршлен стигна во Македонија – виден во Кавадарци (ФОТО) I MKnews_mk' - O V AЛинк до оригиналниот напис:
Смртоносниот азиски стршлен стигна во македонија-виден во Кавадарци

Датум и време на објавување: 02.07.2014, 14:46

Датум на рецензирање: 04.07.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ВО СТРАВОТ СЕ ГОЛЕМИ ОЧИ

Застрашувачката вест за неколку дена се прошири со брзина на огнена стихија, при што не е јасно кој подига паника: „куварици паничари“, медиумите, државата, граѓаните, јавност, комшиите… Се добива впечаток дека во државата сите се во страв и сите шират паника, а никој не се повикува на референтен извор.

Пренесена е вест од втора рака, и притоа е додадена серија на нови детали од „рекла-кажала“. „Големиот азиски стршлен кој во Европа првпат се појави пред десетина години, а пред две недели беше виден во Словенија, стигна до Кавадрци“… „Инсектот со портокалова глава кој ги убива пчелите, а неговиот убод може да биде смртоносен и за човекот, денеска го пронајдоа членовите на семејството Ничкови и тоа во дворот на семејната куќа“…

Како може категорички да се тврди дека станува збор за азиски стршлен кога во семејстовто Ничкови во Кавадарци нема експерт за ентомологија, кој со сигурност би потврдил дека се работи за опасниот инсект. Но, приказната продолжува со нивната борба против оваа напаст, при што наративно е пренесен и нивниот страв. „Неколку минути се обидувавме да го совладаме, но беше бадијала, изгледаше како да е од гума, повторно успеваше да летне“…

 

ПОВИКУВАЊЕ НА „ЕКСПЕРТИТЕ“

Откако е идентификувана „закана“, таа се преувеличува и на сензационалистички начин се креира паника меѓу граѓаните со толкување на последиците кои треба да ги уверат во смртната опасност. Тргнувајќи од сопствените хипотези и претпоставки, за да се зајакне ефектот на стравот, се вадат од сопствената архива претходни текстови со грозоморни фотографии на каснувања од азискиот стршлен симнати од разни портали со што се создава уште поголема паника и вознемиреност кај читателите. Идат на кај нас: Еве ги раните кои ги прави стршленот-убиец кој ни е пред праготЗастрашувачки рани од убоди од стршлен-овие животни убија 49 луѓе.

Истата приказана потоа је мултиплицираат таблоидизираните медиуми и портали или телевизии, зависно од каде тргнала почетната информација. Така, од ден во ден се предупредува за „нова и сѐ поголема опасност“ која не е втемелена на факти и доаѓаме до заклучок дека од сé може да се предизвика паника.
Во информацијата нема ниеден референтен извор, се повикува на „експерти“„Како што објаснуваат експертите, азискиот стршлен е еден од најсмртоносните инсекти во светото во состојбва е да направи страшни убоди кои личат на рана од куршум“.

Со малку новинарска професионалност, истражувачки дух и труд, да се свртеа два телефонски броеви, можела да се направи објективна и интересна приказна за целата појава. Во Природонаучнот музеј на Македонија постои оддел за ентомологија, а на Природно математички факултет на Институтот за биологија ентомолошкиот оддел го води биологот Крил Арсовски, експерт за инсекти од родот на оси (Истражувачко друштво).

 

ПРИСТИГНАА И ДЕМАНТИ

За еден медиум нема ништо полошо отколку кога информацијата веднаш ќе му биде демантирана. Така се случи и овој пат. Прашањето е само дали сите кои се испаничиле во првиот наврат ќе прочитат дека тоа била Лажна тревога-стршленот во Кавадарци не бил азиски – наш бил, само малку „бабачко“.

„Тоа што може да се сретне во природата се обични стршлени од кои можат да настрадаат само оние кои се алергични на нив. Апелирам без потреба да не се крева паника, бидејќи тоа залудно предизвикува вознемиреност кај населението. Ќе се откажам од својата професија ако некој од Македонија ми донесе азиски стршлен.“ Изјавил ентомологот Арсовски затоа што категорички тврди дека Климата во Македонија не им годи на азиските стршлени.

 

НЕФУНКЦИОНАЛНИ ОПШТЕСТВА

Паниката обично се базира на вистинит настан кој веднаш се преувеличува, а несразмерност помеѓу она што реално се случува, а медиумската реакција и медиумското претставување ја менуваат суштината на настанот. Инцидентни настани се преувеличаваат и се создава масовна психоза на претпоставената масовна закана по населението. „Идат накај нас: Еве ги раните кои ги прави стршленот – убиец кој ни е пред прагот“… „во Кина усмрти 49 и ранија околу 1600 луѓе од кои најмалку 37 се во критична состојба“.

Ваквите преувеличувања и создавање на паника се карактеристични за општествата кои поминуваат низ криза и кои се во принцип нефункционални и во постојана ситуација кога вниманието на јавноста треба, или се сака да се сврти од некоја серизна тема, а во центарот на вниманието да се стави маргинален проблем кој станува извор на паника.

 

НАДУВАН БАЛОН

Кога се работи за медиумска презентација на настан кој може да предизвика паника тогаш најважен фактор и вештина е начин на кој иницијалниот настан или вест ќе се протолкува и презентира. Настанот веднаш е преувеличан по сите димензии- по бројот на учесниците, по последиците, интензитетот „Азиски стршлен се појави во Словенија: убива пчели но и луѓе, Европа во паника, џиновски стршлени убиле 6 луге во франција“.

Следната етапа е искривување на фактите како последица на стилот на пишувањето, кој подразбира сензационалистички наслов, поднаслов со засилување на елементите на приказната која ја прават веста. „Смртоносниот азиски стршлен стигна во Македонија-виден во Кавадарци“… „денеска го пронајдоа членовите на семејството Ничкови и тоа во дворот“… „неколку минути се обидуваваме да го совладаме“…

 

 

СПИРАЛА НА СТРАВОТ

Последната етапа во овој процес на ширење паника е симболизација на сѐ што е поврзано со оваа појава или настан од кој произлегува паниката. „Азиските стршлени се едни од најсмртоносните во светот, летат со брзина од 60 километри на час, за еден ден можат да прелета 100 километри имат широка глава и портаколово осило“…

По правило, речиси секогаш паниката ја предводат таблоидните медиуми, кои со сензационалистички наслови ги застрашуваат граѓаните и ги „предупредуваат“ на внимание и претпазливост од „сериозната закана“ „Азиски стршлен стигна во Макеоднија-виден во Кавадарци“.

Паника настанува во оној миг кога медиумите во центарот на вниманието земаат еден обичен настан и го претставуваат како необичен, започнувајќи ја спиралата на увеличување сѐ до моментот на создавање на паника, а крајната цел е вниманието да се преусмери од важните и битните настани во општеството на маргиналните.

 

ДОБРОНАМЕРНА СУГЕСТИЈА

Иако во Кодексот на новинарите на Македонија никаде таксативно не се зборува за забрана на ширење паника и страв кај граѓаните, сепак е прекришен член 1 кој укажува дека

Новинарот треба да објавува точни и проверени информации, што во овој случај нее направено.

Затоа е можеби добро да се пренесе сугестија за имплементација на делот од Генерално прифатени стандарди на Повелбата на ББЦ која вели:

„Содржината која може да биде претерано застрашувачка, или да создаде паника, не смее да биде пренесувана во медиуми за да се пополни простор или да направи забава со граѓаните“.

Во регионот, во Србија, во поглавјето 6, член 8 на Кодексот на новинарите кој го прифатија и УНС (Здружение на новинарите на Србија) и НУНС (Независното здружение на новинарите на Србија) таксативно стои:

„Новинарот не смее да внесува меѓу луѓето паника и неоправдан страв. Новинарот кој намерно, поради атрактивноста на текстот или прилогот подстакнува паника или неоснован страв, на најекстремниот начин го крши Кодексот.“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести