verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, за сега е втор на листата

на 9. 10. 2014 | |
Текстот кој го рецензираме е добар пример како и од што сé може да се направи спин и да се величаат „успесите“ на власта. Се работи за манипулација и измама на читателите со една маргинална и периферно ограничена акција за избор на најдобро илуминирани објекти или групи на објекти и делови на централните урбаните јадра во 16 градови, во изведба на реномираната компанија за производство на светлосни уреди „Филипс“. Меѓутоа, од тоа е направена бомбастична и лажна информација дека „Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, засега е втор на листата“. Линк до оригиналниот напис: Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, за сега е втор на листата Датум и време на објавување: 06.10.2014 Датум

Рецензија: Хит на фејсбук: Новата фонтана во скопско Влае

на 26. 09. 2014 | |
Фоторепортерите секогаш се обидуваат да да „уловат“ моменти кои се визуелно привлечни за читателите. Рецензираме една таква фото вест, на чија фотографија се гледа вол во градска фонтана и тројца мажи како се обидуваат да го извлечат од водата. Навистина интересна фото-вест. Па, зошто тогаш ѝ даваме негативна рецензија. Линк до оригиналниот напис: Хит на фејсбук: Новата фонтана во скопско Влае Датум и време на објавување: 24.09.2014 15:41 Датум на рецензирање: 25.09.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ФОТОГРАФИЈА МОРА ДА БИДЕ ТОЧНА

Иасто како и секоја вест, или информација, и фотографијата или фотовеста мора да ја прикажува и долови вистината. Луѓето сакаат фотографии, ги паметат, тие им се разбирливи, тие се „една слика-илјада зборови“. Затоа, фотографијата мора да биде точна. Таа

Рецензија: Најголемата тајна на светот: НАТО не влезе во Ирак за нафта туку поради временската капија

на 19. 09. 2014 | |
Древните цивилизации Асирија и Сумерија, вгнездени на деловите од територија на денешен Ирак, со векови привлекуваат внимание на научниците и археолозите, но и на луѓето со бујна фантазија, кои од она што науката до денес не го објаснила прават разни сценарија и кои се на границата меѓу реалното и научната фантастика. Таквите соджини се секогаш интересни и за медиумите, особено ако новинарот знае својата фантазија да ја смести во актуелниот миг и да ѝ даде мистериозна димензија. Рецензираме поднаслов на еден таков текст кој е преземен од порталот во соседството, „Највеќа тајна на свету“ и без почитување на било какви новинарски стандарди при неговата обработка преточен во сензационална „вест“ дека: „НАТО не влезе во Ирак за нафта, туку поради временската

Рецензија: Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат и СЕХА

на 17. 09. 2014 | | sq
Оваа рецензија е по предлог на нашиот читател кој добро забележал дека во текстот има недозволиви квалификации и навреди кои се однесуваат на целиот еден народ „Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат СЕХА“ . Написот е поврзан со ракометниот спорт и апсолутно не може да се најде никаков контекст преку кој одбивањето на словенечките ракометни екипи да учествуваат во натпреварите од СЕХА лигата би можело да се поврзе со распадот на југославија. Линк до оригиналниот напис: Словенците ја распаднаа Југославија, не дозволивме да ја уништат и СЕХА Датум и време на објавување: 11.09.2014, 19:24 Датум на рецензирање: 15.09.2014 Рецензент: Александар Писарев  

НЕМА АМНЕСТИРАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Тоа што медиумот експлицитно ја пренел изјавата на првиот

Рецензија: Ова се тројца најдобри стилисти во Македонија

на 28. 08. 2014 | | sq
Во поплава на информации од политика и црна хроника, новинарскиот производ кој го рецензираме претставува право освежување, посебно што станува збор за фотосесија на тројца најпознати стилисти и фризери во Македонија. Тематски ова може да се сврсти во мода, естрада, модни трендови. Проблемот во текстот е што медиумот не ги претставил како најпознати, што е општо прифатено мислење, туку како најдобрите, а тоа со ништо него поткрепил. „Александар Билјановски-Дадар, Сретен Костиќ од студио „Арт“ и Љупчо Петрушевски-Бубе од студио „Ин“ се најдобрите стилисти кај нас кои со години ја разубавуваат македонската естрада. Линк до оригиналниот напис: Ова се тројцата најдобри стилисти во Македонија Датум и време на објавување: 26.08.2014 11:31 Датум на рецензирање: 27.08.2014 Рецензент: Александар Писарев  

КАДЕ Е

Рецензија: ИСИС обезглавија американски новинар – уште еден чека на ред

на 25. 08. 2014 | |
Едно од основните прашања кои ги отвора оваа рецензија е дали било неопходно да се пренесат снимки од сурова егзекуција на американскиот новинар Џејмс Фоли за да се разбере суштината на настанот. Секако, не. Тука минималното замаглување во оние секунд-два, кога се случува убиството не се никаква олеснителна околност. Но, кај медиумот преовладала желбата и потребата за сензационализам и „атрактивната“ содржина, па не водејќи сметка за јавноста и дали таа

Рецензија: Голема ајкула уловена на Халкидики Грција

на 23. 08. 2014 | | sq
Случајно или намерно, во текстот кој го рецензираме е направена сериозна материјална грешка која му дава сосема друга – застрашувачка конотација и може да ги доведе во заблуда читателите. …„на само 26 метри од плажата Касандра уловена е ајкула“. Иако се работи за обична фото-вест, вака како што е пласирана личи на намерна конструкција луѓето да не одат на летување во Грција бидејќи на 26 метри од плажата има ајкули. Линк до оригиналниот напис: Голема ајкула уловена на халкидики Грција Датум на објавување: 19.08.2014 Датум на рецензирање: 20.08.2014 Рецензент: Александар Писарев  

КОГА ПРЕПИШУВАТЕ – ЧИТАЈТЕ ТРИПАТИ

Веста која ја рецензираме не е оригинална и преземена е од некој регионален портал без да се наведе изворот. Со сурфање

Покрај совест и работливост, новинарот мора да поседува и знаење

на 18. 08. 2014 | | sq
 

Новинарството бара постојано образование, надградба на општа култура која треба да е поширока од просечната, следење на светските трендови од сите области, стручност за одредени прашања и општо знаење од историја, политикологија, право, економија, социологија, социјална психологија, филозофија, логика, уметност, спорт и современите технологии.

  Пишува: Александар Писарев   За што подобро да ја извршува својата новинарска професија, новинарот, покрај совест и работливст, мора да поседува и знаење. Тоа

Рецензија: Груевски на одмор во Турција-Заев на тајна локација која за медиумите објавуваат дека е Грција

на 15. 08. 2014 | |
Што е поголема и почеста експонираноста на политичарите и носителите на јавните функции во јавниот живот, тоа е поголем и интересот на новинарите и граѓаните за нивната приватност. Текстот кој го рецензираме го отвора баш тоа прашање, имаат ли политичарите право на приватен живот ? За разлика од европските и светските политичари, приватниот живот на нашите политичари се изнесува во јавност само ако е во функција на политички маркетинг и прикажување на наводната транспарентност пред граѓаните: „Груевски со своето семејство се наоѓа на летен одмор во Република Турција, на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во времетрање од 10 дена, почнувајќи од 9 август. Одморот ќе го помине на две места едно во близина на Бодрум, другото

Рецензија: Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање координатори?

на 8. 08. 2014 | |
За новинарот фактите треба да бидат неприкосновени, а неговата обврска е да ги става во првилен контекст и да оневозможи нивната злоупотреба. Ако се работи за гласини, претпоставки или шпекулации тоа мора јасно да се каже и да се објави. Рецензираме текст кој во сосема легален, легитимен и транспарентен проект на Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) гледа нешто „сомнително“. На тоа ја „предупредува“ јавноста, создавајќи за оваа организација негативна перцепција кај граѓаните и ја става во контекст на настани со кои таа нема ама баш никава врска. „Како СОРОС само Струмица, Центар и Струга ги одбра за ангажирање кординатори…Зијадин Села очигледно е ставен на приоритет на ФООМ како најгласен по пресудите за случајот „Монструм“ и протестите кои следеа потоа“. Линк

Претплатете се за најнови вести