verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Немирите во Ѓорче добиваат политичка боја

on 22 - 05 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-152-Н-I-NetPress-netpress_com_mk_nemirite-vo-gjorche-dobivaat-2-crop-resize

 

Рецензираме текст  во кој за немирите во скопската населба Ѓоче Петров, до кои дојде по убиството на матурантот Ангеле Петковски се обвинети опозицијата и СДСМ.

„Навивачките групи кои се под контрола на опозицијата и Социјалдемократаскиот сојуз се дел од протестите што  во моментов се случуваат  во скопска населба Ѓорче Петров… со цел да се предизвика судир со полицијата“…..

FireShot Screen Capture #152 - 'Н I NetPress' - netpress_com_mk_nemirite-vo-gjorche-dobivaat 2Линк до оригиналниот напис: Немирите во Ѓорче добиваат политичка боја

Датум и време на објавување: 20.05.2014, 21:25

Датум на рецензирање: 21.05.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

КАКО СЕ ИЗВЕСТУВА ОД ДЕМОНСТРАЦИИ И ПРОТЕСТИ

Прва и најважна работа која новинарот мора да ја има на ум кога известува од  протести, демонстрации и немири е: дека тој таму не е испратен од  редкацијата да учествува во демонстрации и да пресудува кој е во право, туку настанот да го пренсе и преслика што е можно пореално, потпирајќи се на факти, сигурни извори, транспарентни разговори со учесниците, внимателно следеќи ја атмосферата, транспарентите и иконографијата за целиот настан  што е можно и повистинито и биде пренесен на публиката. Со еден збор, ваквите настани новинарот треба да ги следи од „височина“ без  навивање и без заземање на нечија страна.

Во овој случај е направено токму спротивното. Нема изјави на учесниците, нема изјави на полицијата, нема званично коминике од МВР дека собирот е злоупотрребен за политички цели. Има само манипулација и спин со цел да се обвинат и сатанизираат опозицијата и СДСМ.

„најагресивните, оние кои  најмногу провоцираат се познати како дел од навивачки групи кои имаат блиски врски со Социјалдемократите“.. .Читателите немаат  потврда  врз основа на кои факти е ова установено и може ли со нешто да се докаже за да се прими како вистинита  информација.

 

КОНСТРУКЦИЈА НЕ Е ВИСТИНА

„Групи кои се под контрола на опозицијата и Социјалдемократски сојуз се дел од протестите, се обидуваат да предизвикаат судир со полициските службеници со цел протестите да се претворат во насилни и да ескалираат“… Ова се сериозни обвинувања без аргументи, со единствената цел сите други учесници во настанот да се амнестираат од одоговорност и вината, со конструкции во текстот, да се префрли на опозицијата како фактор кој ја дестабилизира државата. Од приложените фотографији не се гледа партиска иконографија на СДСМ или опозицијата врз основа на која новинарот можел да извлече ваков заклучок. Тоа упатува дека информацијата не е веродостојна и дека се работи за манипулација.

Има и други сериозни и тешки обвинувања на сметка на опозицијата кои со ништо не можат да се докажат: …„Партиски директиви и инструкции кои по секја цена треба да предизвикаат судир со полицијата и дека на протестот се присатни со единствена цел да се предизвика судир со полицијата, да се направи инцидент што подоцна би можел да се искористи во партиски цели“…

Се наведува дека демонстрантите се по партиските директиви, а не се објаснува кој ги издал, дали демонстрантите добиле писмени инструкции до кои новинарот успеал да дојде, ако е така требало експлицитно да ја цитира пораката од партиската директива.

Не ја исклучуваме можност дека меѓу демонстрантите имало припадници на навивачки или други групи кои се забалежани и на партиските собири на опозицијата, но тоа е во целиот настан периферно, бидејќи во овој случај со ништо не ја покажале или демонстрирале партиската припадност или симпатии кон одредена политичка опција.

 

ДИСТРИБУИРАНО „СООПШТЕНИЕ“

Очигледна е кординираност во пренесување на  идентичен извештај во сите провладини медиуми, кои и во оваа прилика меѓу редовите се пресметуваат и со свои колеги: …„И во медиумите се појавија наслови кои се засноваат на дезинформации како дека има 50 повредени … додека официјалните информации говорат дека полицијата се обидува да ја држи под контрола  и дека нема повредени граѓани“…  Ако овие информации  се официјални, требало да се наведе од кого се (полиција, итна помош, болница).

Овој извештај е објавен прв, еден час по избивање на немирите,  а потоа е пренесен како „коминике“ во сите медиуми блиски до актуелната власт со мали измени единствено во насловот:

Се вмеша ли политиката во протестите во Ѓорче,

Немирите во Ѓорче добиваат политичка боја, 

Немирите во Ѓорче добиваат политичка боја,

Се вмеша ли политиката во протестите во Ѓорче

Треба ли да и се верува на оваа информација, со што, и со кои факти медиумот ги поткрепува овие тези. Нема извор, нема фактографија, нема изјави на очевидци, на фотографиите не е присатна партиска иконографија која би упатувала на ваков заклучок. Се работи за чиста манипулација за да се симне одговорност за она што се случува и да се добијат политички поени.

…„Присутните на протест велат дека постојано се слушаат патриски директиви и инструкции“…
Новински извештај мора да се поптпира на вистината, а самиот текст на крајот открива дека се потпирал на несигурни извори: …„На протестот постојано се слушаат политички шпекулации и дезинформации“…

Злоупотребена е професијата во политички цели за да се манипулира со граѓаните во чувствителен момент.  Новинарството е комуникативна дејност, чии пораки секојдневно пристигнуваат до читателите. Со тоа одговорноста за пренесената информација е голема и во склад со тоа новинарите со право се претставуваат како седма сила, но таа „сила“ мора да биде само во функција на ѓраѓаните и вистината .

Не е испочитуван член 1 на Основните принципи и етички вредности на Кодексот на новинарите на Македонија:

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести