verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Крвнички до смрт избодено момче во Ѓорче Петров

on 22 - 05 - 2014       

govor-na-omraza-crop-resize

Новинарот нема свесно да создава, ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…

Ова е член 10 од Кодексот на новинарите на Македонија. Но, тој често знае да се зборави, посебно во известување за вакви настани. Па, дека текстот го прекршил овој кодекс се гледа уште од насловот, а продолжува низ целиот текст. А, за веднаш да се „прекрши“ тука мечкина услуга направила првата реченица:

Попладнево во Ѓорче Петров е избодено 19 годишно момче, идентификувано како Ангел П. од македонска националност.

govor na omrazaЛинк до оригиналниот напис: Крвнички до смрт избодено момче во Ѓорче Петров

Датум и време на објавување: 19.05.2014,18:28

Датум на рецензирање: 20.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ШПЕКУЛАЦИИ ВЕДНАШ

Навистина имало убиство и навистина убиен е матурант од скопската населба Ѓорче Петров. Сега се познати и деталите, но само еден-два часа по убиството да се излезе со текст полн со шпекулации е најмалку потребно во ова време на кршливи меѓунационални односи во Македонија. Можеби помало зло е кршењето на етичките новинарски норми. Но, се виде што може да предизвика еден текст и како може да ја насочи целата енергија. Затоа, новинарите треба да известуваат (посебно за вакви настани) со смирена глава.

Нема извори на информација затоа што текстот е на база на шпекулации и целиот е напишан неофицијално. До тој период ниту МВР немаше конкретни сознанија, освен дека е извршено убиство и дека причината е кражба на точак.
Првите два пасуси јасно сакаат да ја прикажат националната припадност на убиениот и осомничениот за убиство.

Попладнево во Ѓорче Петров е избодено 19 годишно момче, идентификувано како Ангел П. од македонска националност.

Како што информира МВР, убиството е веќе расчитено, а убиецот Насер Е. е приведен.

Понатаму текстот може да се стави во категоријата на коректни, ни штетата веќе е направена.

 

ГОВОР НА ОМРАЗА

Пристрасноста се гледа веднаш.

Нема коментирање, но целиот текст е врз база на шпекулации или неофицијални извори. Затоа се претерало со известувањето за националната припадност.

Текстот е оргинал.

Насловот го засилува текстот веднаш. Го засилува гневот, а во тоа му помагаат и првите две реченици.

Фотографијата ја има само колку да се ислустрира текстот.

Новинарските написи треба да ги почитуваат човековите права и слободи, како и културните, религиозните и етничките разлики, да не зборуваат со јазикот на омразата и да не поттикнуваат насилство и дискриминација по верска, национална расна, полова или кој било друг вид омраза. Во контекст на ова ќе ви ги пренесеме и европските стандарди:

Говорот на омразата не е манифестација на правото на слободно информирање, туку негова злоупотреба и негација. Изразот „говор на омраза“ ги покрива сите форми на изразување што шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на омраза заснована на нетолеранција, вклучувајќи: нетолеранција изразена од страна на агресивен национализам и етноцентризам, дискриминација и непријателство кон малцинствата, мигрантите и луѓето со имигрантско потекло“. Покрај расистичкиот, ксенофобичниот, националистичкиот и другите споменати форми на омраза, сè почесто се зборува и за хомофобичен говор на омраза и за родово заснован говор на омраза. Новинарите во никој случај не смеат да го оправдуваат говорот на омраза.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести