verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: „Солидарност за подобар живот“: СДСМ стои зад протестите пред Дрекслермаер

on 30 - 05 - 2014       

СДСМ-стои-зад-протестите-пред-Дрекслермаер-www_kurir_mk_makedonij-crop-resize

Преку наводното соопштение на Здружението на невработени „Солидарност за подобар живот“, без причина и без повикување на факти, отворена е  канонада против опозицијата и Фондацијата Сорос, дека се противници на Владината политика за привлекување на странски инвеститори и дека  со своите активности ги манипулираат вработените во фабриката „Дрекслермаер“ во Кавадарци, а се со цел: …„ директно да и нанесат штета на политиката на привлекување на странски инвестиции која креира нови работни места и се покажа како силен раздвижувач на економијата“...  Цитат кој стана стереотип во сите владини соопштенија и спинови на провладините медиуми. Изразувајќи оправдана сомнеж дека воопшто постои такво „соопштение“ , рецензираме напис за кој се тврди дека е „интегрален текст од соопштението на Здружение на невработени Солидарност за подобар живот“,  а всушност се работи за манипулација со читателите и скриена порака за засилување на владината политика. Еве ги нашите аргументи.

FireShot Screen Capture #153 - '“Солидарност за подобар живот”_ СДСМ стои зад протестите пред Дрекслермаер' - www_kurir_mk_makedonijЛинк до оригиналниот напис: „Солидарност  за подобар живот“: СДСМ стои зад протестите пред Дрекслермаер

Датум и време на објавување: 23.05.2014 , 20:40

Датум на рецензирање: 27.05.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ПОСТОИ ЛИ СООПШТЕНИЕ ?

И друг пат медиумите објавувале интегрален текст на некое соопштение, но тоа или бил автентичниот факсимил на испратеното соопштение, или текстот бил илустриран со автентичното соопштение на кое се гледа, датумот, испраќачот, потписот на овластено лице. Овде имаме една фотографија која доловува атмосфера од некаков производен погон, а под неа е легендата на која пишува:  „интегрален текст од соопштението на Здружение на невработени Солидарност за подобра живот“. Ваква илустрација кај чиателот  предизвикува збунетост, бидејќи во неа се обидува да го види или пронајде соопштението.

Се манипулира со читателите и преку обвинувањата врз фондацијата Сорос, иако таа ни на каков начин не е инволвирана во активностите на Здруженијата Ленка и Левичарско движење кои се поврзани со случувањата во кавадаречката фабрика „Дрекслермаер“.  „Наводниот протест кој беше најавен пред фабриката не е протест на вработените, туку протест на неколкумина кои добиваат скапи  хонорари од Фондацијата СОРОС и имаат за цел директно да нанесат штета на политиката на привлекување на странски инвестиции“… Истовремено се спинува во полза на Владините политики: …Ако здруженијата Ленка и Солидарност имаат грижа за работничките права треба да се првите кои ќе ги поздрават инвестициите како Дрекслермаер и намерите на било кој инвеститор“…

 

ПРЕПОЗНАТЛИВ ВОКАБУЛАР НА ВЛАДАТА

Идентичен текст и фотографија на „соопштение“ олицетворено во сликата на погон, се објавени и во другите провладини медиуми што оправдано подгрева сомнеж дека целокупниот материјал е лиферуван од некој центар за комуникации, за кој не би можеле да потврдиме дека е од Здружение на невработени Солидарност за подобар живот. И покрај упорното пребарување на  интернет не можевме никаде да го најдеме ни соопштението ни споменатото здружение.  Меѓутоа, наводите и дисквалификациите се препознатливи од владините конференции за печат и соопштенија и аналогни се со тој вокабулар:  …„И на вработените во фабриката и на невработените им е јасно дека зад активностите на овие две здруженија стои јасна политичка заднина и на овој начин се  обистинуваат разговорите дека токму политичката партија СДСМ е главниот иницијатор на вакви написи“.  „Соопштението“ продолжува со уште по препознатлив стил на актуелната власт: ..„ Нам не ни треба повторување на политиките од  минатото кога странските инвеститори беа одвраќани од намерата да инвестираат. На Македонија, а  најмалку на невработените не им е потребно повторување на епизодите кога странските инвестиотори беа буквално бркани од државата“ „Тие досега не кажаа ни збор за ова што укажува дека се само алатка на политичка партија СДСМ. Нека не се поигруваат со судбината на илјадници лица бидејќи нариодот ќе им се спротивстави“…  Повикувањето на народот  и префрлување вина за невработеност на СДСМ се препознатлив „производ“   фабрикуван во центарот за комуникации на владеачката партија.

 

(НЕ)ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Битката која се води помеѓу медиумите, префрлена е на граѓанскиот сектор  помеѓу две здруженија, едното напаѓа, а на другото не му е дадена шанса да се брани. Со мало сурфање по интернет здружението Ленка и Левичарско движење многу транспарентно своите активности, усмерени кон неправдата на вработените во кавадаречката фабрика, ги имаат детално објавено и најавено на нивниот сајт Ленка каде секој може да ги прочита заедно со сите податоци на оваа граѓанска асоцијација вклучително и колумни, размислувања и коментари на нивните членови.

Дали ова било провокација некој од владините или партиските комуникациски центри да измисли соопштение и преку него да се пресмета со Ленка и Левичарите, односно со СДСМ и  Сорос?

Во прилог на ова оди податок дека фамозното соопштение го нема никаде, како што ни за активностите на Здружението на невработени „Солидарбниот за подобар живот“ не може да се прочита ништо на интернет.  Читателот останува изманипулиран во виртуелен свет на виртуелно соопштение за успесите во привлекување странски инвестиции и „кочничарите на тие успеси од страна на СДСМ и фондацијата Сорос“.
Прекршен е првиот и основниот принцим  за етичките вредности на Кодексот на новинарите на Македонија:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести