verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: ФОТО: Овој скопјанец навистина си го сака автомобилот!

на 29. 10. 2014 | | sq
Кога една фотографија, објавена на „Фејсбук“, повремено ќе се рециклира и од неа ќе се прават постојано „нови и нови“ вести, тешко дека може да зборуваме за новинарство. Башка што „Фејсбук“ стана најголем извор на информации, кои веднаш се објавуваат како вести без никаква доработка или какви било дополнителни елементи. Оваа фото-вест, инаку, најде место во речиси сите медиуми, од печатени до електронски. И, секако, кај ниту една нема извор, нема причина, нема зошто, кога, како и што. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Овој скопјанец навистина си го сака автомобилот! Датум и време на објавување: 24.10.2014, 16:04 Датум на рецензирање: 28.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ИЗВОР: „ФЕЈСБУК“

Ова е вест која потекнува од фејсбук-групата наречена ТапаМуабет. Но, најстрашното не е

Рецензија: Протест на студентите против екстерното тестирање

на 27. 10. 2014 | |
Оваа вест можеби е коректна во текстот, но е невистинита во насловот. Со него е направен обид да се засили веста и да се каже дека конечно студентите се освестија и, еве, им „текна“ да протестираат. Но, во сета оваа работа се заборавило на еден битен момент. А, тоа е дека секој ден има свое утре. Парадоксот да биде уште поголем, на овој ист медиум утредента е објавен текст со кој се „караат“ студентите. Овој наслов предизвика бура од позитивни реакции низ социјалните мрежи, а утредента тие реакции масовно станаа негативни. И повторно студентите беа виновни, иако тие немаат врска со овој наслов. Ова само покажува какви реакции може да предизвика неточен новинарски наслов. Линк до оригиналниот напис: Протест на

Рецензија: Прилепско добива две современи фабрики – „Дупонт“ и „Етанол Јуроп рињуаблс лимитед“

на 24. 10. 2014 | |
Оваа вест би била коректна доколку не би бил ваков насловот и првиот пасус. Текстот е прилично библиографски, со податоци за новите инвеститори, но насловот е невистинит. Можеби се сакало со него да се засили веста, но тоа не е ниту коректно, ниту дозволиво во новинарството. Линк до оригиналниот напис: Прилепско добива две современи фабрики – „Дупонт“ и „Етанол Јуроп рињуаблс лимитед“ Датум и време на објавување: 17.10.2014, 16:31 Датум на рецензирање: 23.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДВАЈЦА ИНВЕСТИТОРИ – ЕДНА ФАБРИКА

Насловот и првиот пасус се невистинити. Имено, нема да се градат две фабрики во Прилепско, туку ќе се гради една фабрика. Две корпорации, всушност, соработуваат за да изградат еден капацитет. Дури авторот во првиот пасус од текстот се

Рецензија: Путин донесе сонце во Белград

на 21. 10. 2014 | |
Веста за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија и за присуството на воената парада, предизвика големо внимание и во Македонија. На моменти, пренесувањето на вестите од Србија беше комично. Како и оваа вест што денеска ја рецензираме. Линк до оригиналниот напис: Путин донесе сонце во Белград Датум и време на објавување: 16.10.2014, 13:54 Датум на рецензирање: 20.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОГА КОЗЕРИЈАТА ЌЕ СТАНЕ ВЕСТ

Од насловот, па сè до крајот на текстот, оваа вест нема никаква врска со вистината. Веднаш се забележува дека најверојанто се работи за козерија, но таа е пренесена во рубрика „Актуелно“, а медиумот каде што е објавена веста не важи за портал кој објавува шега-вести или измислени вести. Оваа вест е пренесена

Рецензија: Магаре со сексуален нагон нападнало трудница

на 17. 10. 2014 | |
Вакви приказни со „еротски набој“ не  е прв пат да се објават во јавноста. Притоа, тие се пласираат како на шега, без притоа да се внимава ниту на етика, ниту на морал, ниту на логика… Туку битно е само да се пласира една вест која најверојатно не е ниту за по дома, во дневна соба, а не, пак, за на телевизија. И иако оваа телевизија, која ја рашири небулознава приказна е локална, сепак, тоа не ги спречи речиси сите национални телевизии и македонски портали да ја пренесаат веста. Разбирлива е до некаде и гладта за гледаност и читаност, за експонираност, па дури и за сензационализам, ама ширење на теми со зоофилија навистина е непримерно. Најмногу поради тоа што ова го

Колку подлабока општествена криза, толку пофалшлива анкета

на 13. 10. 2014 | |
 

Во услови кога „притиска“ општествената криза во поизразен степен се намалува доследноста и изразитоста на ставот, што од своја страна спонтано ја намалува веродостојноста на анкетата во такви околности.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Сѐ погласни се размислувањата дека манипулацијата со анкетите во Македонија отиде до совршенство, а како најчести начини како тоа се прави, се споменуваат поставувањето на воведувачки прашања, изборот на местото каде што ќе се анкетира, 

Рецензија: Страшни предвидувања за ГМО храната – за десет години се очекува секое второ дете да има аутизам?!

на 9. 10. 2014 | |
Точно е дека вестите за ГМО храната, посебно ако таа се сака да се претстави како причинител на болести, се впиваат од гледачите како сунѓер. Притоа, јасно е дека медиумот (во овој случај телевизијата) ќе има гледаност и опфатот на таквите вести ќе биде над просекот. Плус, ако најавите и гостин кој ќе зборува на таа тема, тогаш „успехот е загарантиран“. Сите овие мометни ги има овој прилог. Прво, најава за топ тема, второ, наводно спектакуларно откритие за болест и трето – гостин. Но, дали сето ова на крајот на прилогот испадна ексклузивно и дали ги содржи неопходните новинарски елементи ќе видиме од рецензијата. Линк до оригиналниот напис: Страшни предвидувања за ГМО храната – за десет години се очекува секо

Рецензија: Србија го предупредува својот народ за масовно убиство кое се одвива преку нашето небо!

на 7. 10. 2014 | |
Ова е текст како од научна фантастика, со провлекување на теза за заговор против човештвото, особено на Балканот, со доза на поука за Македонија во смисла дека еве Србија се освестила, ама Македонија се уште не прави ништо. Па има една мешавина од тврдења со парафразирани „изјави“ од други држави без да се наведе извор, или соговорник. Во делот за Србија има само споменато наводно претседател на еколошко движење, но ниту од него нема конкретна изјава туку само: Никола Алексиќ претседател на еколошкото движење јасно и недвосмислено предупредува. Линк до оригиналниот напис: Србија го предупредува својот народ за масовно убиство кое се одвива преку нашето небо! Датум и време на објавување: 29.09.2014 Датум на рецензирање: 05.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

Рецензија: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Водачот на ИД брутално убива христијанско бебе!

на 6. 10. 2014 | | sq
Овој напис, покрај тоа што има крајно вознемирувачки фотографии, кои по ниту еден основ не би смееле да се најдат во новинарски производ, е целосно невистинит. Згора на тоа, тој полн со предрасуди и стереотипи, а е објавен на портал првично наменет за информирање на Македонците во Австралија. Сето ова предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, зашто Македонците иселени од родната земја, сето тоа (пред сѐ, поради стереотипите) го поврзуваат со етничките односи во Македонија, што, пак, сосема ја извртува реалната слика. (НАПОМЕНА ПРЕД ОТВОРАЊЕ НА ДОЛНИОТ ЛИНК: Крајно вознемирувачки фотографии)  Линк до оригиналниот напис: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Водачот на ИД брутално убива христијанско бебе! Датум и време на објавување: 20.09.2014 Датум на рецензирање: 03.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СТАРИ ПРИКАЗНИ

Рецензија: Заев: Македонија не требаше да реагира за „славомакедонци“

на 1. 10. 2014 | | en
Ова е текст кој не може да се нарече новинарски. И тоа од најмалку две причини. Прво, затоа што е невистинит и второ, затоа што има толку многу, правописни, граматички, технички и лекторски грешки што едвај може и да се протолкува. А, откако ќе се протолкува се заклучува дека секоја реченица е приказна за себе, додека истовремено е филувана, спинувана, или ѝ е одземен или додаден по некој дел од вистината. Линк до оригиналниот напис: Заев: Македонија не требаше да реагира за „славомакедонци“ Датум и време на објавување: 25.09.2014, 21:47 Датум на рецензирање: 27.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СКАРАН СО ВИСТИНАТА

Ова е текст кој е скаран со вистината. Идниот амбасадор на САД во Македонија не го употреби терминот „славомакедонци“

Претплатете се за најнови вести