verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Заев: Македонија не требаше да реагира за „славомакедонци“

on 1 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Англиски

Zaev-bejli-09876-098-crop-resize

Ова е текст кој не може да се нарече новинарски. И тоа од најмалку две причини. Прво, затоа што е невистинит и второ, затоа што има толку многу, правописни, граматички, технички и лекторски грешки што едвај може и да се протолкува. А, откако ќе се протолкува се заклучува дека секоја реченица е приказна за себе, додека истовремено е филувана, спинувана, или ѝ е одземен или додаден по некој дел од вистината.

Zaev bejliЛинк до оригиналниот напис: Заев: Македонија не требаше да реагира за „славомакедонци“

Датум и време на објавување: 25.09.2014, 21:47

Датум на рецензирање: 27.09.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СКАРАН СО ВИСТИНАТА

Ова е текст кој е скаран со вистината. Идниот амбасадор на САД во Македонија не го употреби терминот „славомакедонци“ (кој треба да биде напишан со голема буква) туку Словени. Разликата помеѓу тие два збора е огромна. Едниот е архаичен термин за еден народ, а другиот означува припадност на група или народи со слични лингвистички и други карактеристики.

Во текстот се вели (Напомена: пренесено во оригинал со сите технички и лекторски грешки):

„Опозицискиот лидерво гостувњето на телевизијата на албанското малцинство во Македонија, Алсат М рече дека Македонија не требало да реагира на начинот на кој што реагираше по изјавата на новноазначениот американски амбасадор Бејли во која тој не нарече славомакедонци.“

Во говорот, пак, на Бејли тој воопшто нема проблем да спомене и македонски народ:

“Although the largest  ethnic Albanian party is in the ruling coalition, gaps persist between the ethnic  Albanian and Macedonian populations, as evidenced by protests this summer. “, или во превод:

„Иако најголемата партија на етничките Албанци е во владејачката коалиција, сѐ уште постојат разидувања меѓу етничките албански и македонски популации, што беше потврдено и со протестите летово.“

Терминот „словенско мнозинство и албанско малцинство“ (види снимка) најпрвин е спомнато од страна на сенаторот Марфи во контекст на Балканот, што е точно, оти на Балканот има повеќе Словени од Албанци.

Говорот на Бејли пред американскиот Сенат предизвика бура од реакции во медиумите, а следствено на тоа е и овој текст, кој има за цел да ја изврти политиката на СДСМ и таа да се прикаже во негативен контекст. Поради тоа погрешна, а и невистинита е тезата за „виткањето кичма “. Таа синтагма воопшто не беше спомната со намера да се попушти за името, туку провладините медиуми веднаш ѝ најдоа место за да се омаловажи сега лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

И, за да стане јасно што тоа се говорело во Сенататот, ќе анализираме еден дел кој предизвика најголем интерес во јавноста.

Бејли вели:

„Исто така, работиме во многу области, на пример јавна дипломатија преку програмите на Мировниот корпус, да изградиме чувство за заедничка иднина, како и на толеранција меѓу етничките албански и македонски популации. Забележуваме, секако дека во структурата на македонското општество има повеќе Словени од Албанци. Исто така, има и Турци, Роми и други. Така ова (Македонија) е микрокосмос, кој на многу начини го претставува богатството на Балканот…“

Не може да се рече дека искажаното е невистинито затоа што вкупно земено во Македонија има повеќе Словени (Македонци, Срби, Бугари, Црногорци, Хрвати, Торбеши) од Албанци. Ова може да се толкува на многу начини, прво како рефлексија на општите балкански состојби (повеќе Словени од Албанци), но тешко може од тие две реченици да се извлече негирање на македонскиот етнички идентитет (оти самиот термин „етнички македонски“ е кажан во претходната реченица).

И, секако, најголемата невистина во текстот е тоа што во ниту еден момент во говорот не се спомнува терминот Славомакедонци како замена за етнички Македонци.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосна невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести