verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Овој скопјанец навистина си го сака автомобилот!

on 29 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Овој скопјанец навистина си го сака автомобилот-crop-resize

Кога една фотографија, објавена на „Фејсбук“, повремено ќе се рециклира и од неа ќе се прават постојано „нови и нови“ вести, тешко дека може да зборуваме за новинарство. Башка што „Фејсбук“ стана најголем извор на информации, кои веднаш се објавуваат како вести без никаква доработка или какви било дополнителни елементи. Оваа фото-вест, инаку, најде место во речиси сите медиуми, од печатени до електронски. И, секако, кај ниту една нема извор, нема причина, нема зошто, кога, како и што.

Овој скопјанец навистина си го сака автомобилот-finalЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Овој скопјанец навистина си го сака автомобилот!

Датум и време на објавување: 24.10.2014, 16:04

Датум на рецензирање: 28.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ИЗВОР: „ФЕЈСБУК“

Ова е вест која потекнува од фејсбук-групата наречена ТапаМуабет. Но, најстрашното не е само тоа. Уште пострашно е дека првично е објавена на 8 април 2014 година, значи пред седум месеци. Во фото-веста е само наведено местото каде што, наводно, е направена фотографијата и тоа дека свештеник го опева автомобилот.

Ако веќе се сакало да се направи од ништо вест, тогаш морало малку и да се поработи. Имено, можело да се контактира со свештениците, да се утврди веродостојноста и дополнително да се извади добра тема за тоа дали навистина свештеници на МПЦ смеат, сакаат и можат да осветуваат автомобили. Тука се сакало само да се постигне една цел. Тоа е повеќе кликнувања. Сепак, можеби целта и се остварила, ама на штета на читателите. Тие, секако, останале без одговорени прашања.

Веста нема ниту извор, па дури и да била преземена од „Фејсбук“, коректно би било да се наведе. Не е ниту содржајна, па иако се работи за фото-вест, се забележува дека во воздухот лебдат многу прашања за кои се чека одговор. Тоа не е сторено и затоа денеска имаме ваква вест која не ги задоволува минимум новинарските стандарди.

Одвреме-навреме, на ова македонско информативно небо се појавуваат вакви недоработени текстови, иако не би требало. Ако ова не може да се спречи, можеби може барем да се намали или, пак, ако ништо друго, да се внимава на датумот кога некоја фотографија се појавила на интернет-просторот. Толку, најверојатно, се може.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести