verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: Уапсен студент кој силувал овца

на 24. 11. 2014 | | sq
  Вакви вести сè почесто се појавуваат во македонските медиуми. Таму, пак, ниту им е место, ниту заслужуваат да бидат. Сепак, ете, реалноста е таква – ги има иако е за неверување. Најголемиот проблем (а ги има многу, речиси во секоја реченица) на овој текст е тоа што е објавен на 17 ноември 2014 година. Датум како и секој друг. Но, не обичен. Тој ден се случија масовните студентски протести. И додека немаше ниту збор за протестите, кои се први во Македонија по 10 години, во време кога сите независни медиуми објавуваа извештаи за масовноста за тоа како поминал маршот и кои се барањата на студентите, тука се појави вест со наслов: „Уапсен студент кој силувал овца“. Просто

ТВ-дневник: Професионалното новинарство сѐ уште тлее во Македонија

на 19. 11. 2014 | | sq
 

[ ТВ-дневник: „Телма“, 17.11.2014 година]

Овие вести ја задоволија својата функција. Ги имаа сите битни настани без навивачки моменти, сите прилози беа вистинити, точни, содржајни, со извори и со сите правила според принципите на професионалното новинарство. И тоа што можеби не прво, но многу важно е дека овој ТВ-дневник се разликуваше од сите останати кои личат како јајце на јајце.   Пишува: Владо Ѓорчев   Навикнати на дневници во

Рецензија: Демантирани шпекулациите на соросоидните медиуми – За кого работат?

на 19. 11. 2014 | |
Пред нас е телевизиски прилог, кој има само една цел –  да плука, деградира и да омаловажува. Притоа, не може да се разбере за која новинарска форма се работи, затоа што не е посебно издвоен како коментар или како колумна, а најде централно место во дневникот на медиумот. Исто така, не се запазени новинарските норми. Прилог и текст кој е тешко да се нарече новинарски, а уште потешко да се оправда. Линк до оригиналниот напис: Демантирани шпекулациите на соросоидните медиуми – За кого работат? Датум и време на објавување: 13.11 2014, 17:54 Датум на рецензирање: 18.11.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОЛН СО НЕБУЛОЗИ

Овој текст воопшто не се труди да биде вистинит. Да се тврди дека некој „одработува“ во корист

Рецензија: ФОТО: Родила црнче и рекла дека забременила гледајќи 3Д порно филм

на 17. 11. 2014 | |
Ова е уште еден текст од категоријата „научна фантастика“. Притоа, нема ниту едно прашање од таканаречените новинарски. Ниту зошто, ниту како, кога… Вакви текстови, покрај тоа што се непримерни за објавување во медиум, ги понижуваат и читателите, ја навредуваат нивната интелигенција и ги омаловажуваат. Затоа и овој текст е денеска тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Родила црнче и рекла дека забременила гледајќи 3Д порно филм Датум и време на објавување: 31.10.2014, 10:19 Датум на рецензирање: 14.11.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОВЕЌЕ ОД СМЕШНО

Овој текст е скаран со вистината. Ова што се тврди во него е крајно смешно. Не знам зошто текстот сè уште не може да поверува во научното сознание за тоа како се прават деца?

Рецензија: ПРИКАЗНА на човекот кој ги капе МРТВИТЕ: Од ова ќе ви замрзне крвта во вените

на 12. 11. 2014 | |
Ова е текст што дури не може ни да се опише. Неверојатно е што сѐ може да се прочита во медиум. Притоа, воопшто не се водело сметка дали тоа вреди да се објави и што би предизвикало кај читателите. Ова е текст како од најморбидниот филм од Ц-категорија. Нема никаква новинарска логика, нема вистинитост, нема содржајност, нема релевантен извор, нема никаква допирна точка со новинарството. Линк до оригиналниот напис: ПРИКАЗНА на човекот кој ги капе МРТВИТЕ: Од ова ќе ви замрзне крвта во вените Датум и време на објавување: 28.10.2014, 02,20 Датум на рецензирање: 10.11.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРЕМНОГУ ХОРОР

Во ниту еден момент не може да се поверува дека се работи за вистински настан. Иако има извор (Босански

Рецензија: Директор на јавно претпријатие во Центар заврши на Хирургија

на 10. 11. 2014 | |
Ова е текст кој од шпекулација прави ексклузива иако тешко може да се провери или да се поверува. Инволвирани се и јавни личности, кои се ставени во негативен контекст за да се омаловажат и да се прикажат како насилници. Целиот текст се „темели“ на шпекулации, на непроверени и непотврдени информации, а завршува со коментирање и со етикитирање на личностите . Затоа денеска е тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Директор на јавно претпријатие во Центар заврши на Хирургија Датум и време на објавување: 06.11.2014, 10:35 Датум на рецензирање: 07.11.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ

Текстот не може да се провери дали е вистинит зашто не нуди конкретни и проверливи информации. Изворите, според написот, се анонимни, а целата конструкција

Рецензија: Познат скопски менаџер и ракометар фатени во прељуба со две сестри

на 7. 11. 2014 | | sq
Овој текст е шпекулација од почеток до крај. А, за да биде вистина или за да се поверува на напишаното, мора да постојат низа елементи. Текстот ги нема и затоа спаѓа во категоријата невистина. Линк до рецензираниот напис: Познат скопски менаџер и ракометар фатени во прељуба со две сестри Датум и време на објавување: 02.11.2014, 11:59 Датум на рецензирање: 05.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ ИЗВОРИ

Ова е текст кој е напишан на база на шпекулација или по принципот „рекла-кажала“. Озборувања воопшто не му се потребни на новинарството. Написот нема ниту извор, туку целата приказна, наводно, ја има раскажано „баба Милица“, инаку сосетка на посочените ликови. И, како во холивудски филм, текстот има заплет и расплет и сето тоа е

Рецензија: ВИДЕО: Обид за убиство во Куманово пред камерата на Сител

на 5. 11. 2014 | | sq
Ова е текст кој манипулира уште од насловот. За работата да биде уште пострашна, подолу во текстот е објаснето од каде е снимката, но насловот е тој што ја прави целата забуна. Инаку, се работи за извештај од билтен од МВР, а за овој настан подоцна, како што тврди медиумот, добиле и снимка и тоа од куќата која е во близина каде што се случило дејството. Но, тоа во ниту еден случај не е камерата на телевизијата, како што се тврди во написот. Линк: ВИДЕО: Обид за убиство во Куманово пред камерата на Сител Датум и време на објавување: 30.10.2014, 21:41 Датум на рецензирање: 03.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ОД КАДЕ Е СНИМКАТА?

Во насловот се тврди дека се работи

Рецензија: Сакаш да ја ебе*ш жена ми за 1000 денари а?

на 4. 11. 2014 | |
  Овој текст е сѐ друго, освен новинарски, и тоа според многу работи. Уште од насловот, па сѐ до крајот на текстот, тој се коси со новинарските стандарди, а притоа е вулгарен и непримерен. Згора на тоа, не е претставено сѐ како што треба, иако се работи за полициски извештај, кој би требало горе-долу да има некаква рамка. Можеби во порнографските филмови и би поминал ваков наслов, но во новинарски текст ниту пет ѕвездички нема да ја спасат работата. Затоа, а и за еден куп јазични и лекторски грешки, како и морални и етички дилеми, овој текст е денеска тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Сакаш да ја ебе*ш жена ми за 1000 денари а? Датум и време на

Рецензија: (ФОТО) Ова е сопругата на ХХХХХ која вчера се самоуби

на 30. 10. 2014 | | sq
  Познато е дека известувањето за самоубиство е неетичко, а тоа го знаат (барем би требало) сите новинари. Иако сето тоа е добро познато и има правила дали смее и кога се смее, како и што да се објави во текстови за самоубиство, тоа не се почитува. За наводното самоубиство на сопругата на еден македонски познат пејач во јавноста за само еден ден се пласираа информации за тоа која била жената, каде работела, чија жена била, каде била родена, каде завршила училиште и, капак на сето тоа, дрско се објавија фотографии од личниот фејсбук-профил на сега веќе починатата. Затоа, овој текст (кој не е исклучок, туку е еден од многуте на различни портали) заслужува да се најде на рецензија и

Претплатете се за најнови вести