verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Директор на јавно претпријатие во Центар заврши на Хирургија

on 10 - 11 - 2014       

direktor-centar-098760987-09-crop-resize

Ова е текст кој од шпекулација прави ексклузива иако тешко може да се провери или да се поверува. Инволвирани се и јавни личности, кои се ставени во негативен контекст за да се омаловажат и да се прикажат како насилници. Целиот текст се „темели“ на шпекулации, на непроверени и непотврдени информации, а завршува со коментирање и со етикитирање на личностите . Затоа денеска е тука на рецензија.

direktor centarЛинк до оригиналниот напис: Директор на јавно претпријатие во Центар заврши на Хирургија

Датум и време на објавување: 06.11.2014, 10:35

Датум на рецензирање: 07.11.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ

Текстот не може да се провери дали е вистинит зашто не нуди конкретни и проверливи информации. Изворите, според написот, се анонимни, а целата конструкција е од чаршиски муабет. Точно е дека на натпреварот имаше кошкање и турканици, но никој со сигурност не може да потврди кој бил повреден. Тешко дека и во таа турканица може да се препознае директор на јавно претпријатие. Како и да е, текстот и самиот го побива авторот во подолните пасуси:

„Случајот не бил пријавен во полиција, но на социјалните мрежи, навивачите на МЗТ веќе се пофалија со транспарентот кој им го одзеле на ривалите од скопски Центар.“

Значи, и самиот текст кажува дека случјот не бил пријавен ниту во полиција, што значи дека големи се шансите и да не се случил. Кога нема пријава до надлежната институција, големи се шансите да се работи за шпекулација или за намерно пласирана невистина поради некоја цел.

Содржината на текстот носи противречност и во следниот пасус:

„Сител стапил во контакт со директорот на Жерновски, но тој демантирал дека учествувал во тепачката.“

Дури и посочената личност децидно ги отфрлува случувањата. Кога еден напис има два деманта, еден со несторување (нема пријава до МВР), друг од самата посочена личност, тоа значи дека нема вест. Или поради некоја друга цел морало да се објави, без да се запазат новинарските стандарди.

 

КРШЕЊЕ ЗАКОН?

Текстот понатаму влегува и во друга сфера, односно „несвесно“ открива дека болница изнела лични податоци на пациент:

„Сител од болнички извори дознава дека лице со исто име и презиме како ова на директорот нешто после полноќ било примено во Градската хирургија спроти Зелено пазарче и дека му се извршени хируршки интервенции во пределот на главата. Меѓутоа, инцидентот не бил пријавен во полиција.“

Инаку, во Законот за заштита на личните податоци, во делот за Правата на пациентите се вели:

„Пациентот има право на тајност на податоците што се однесуваат на негов здравствена состојба, медицинската, односно клиничка состојба, дијагнозата, прогнозата и третманот, како и сите лични податоци и други информации, кои мора да се чуваат во доверба, дури и по неговата смрт, во согласност со прописите за чување на професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци.“

Исто така, во никој случај здравствената установа не смее да објавува податоци за пациент:

„Здравствената организација или лице вработено во здравствената организација не смее да открива лични податоци за пациентот, до кои дошол во текот на работата.“

Зошто некој пациент не може да има исто име и презиме со друга личност? Македонските имиња и презимиња многу често се повторуваат, а притоа не мора да значи дека двете личности се роднини.

Текстот завршува со коментар и со паушални оцени без притоа да се води сметка дали тоа е така или се само чаршиски муабти.

Ова е уште еден текст кој има цел да омаловажува и да деградира одредена личност. Написот се коси со сите новинарски стандарди, а исто така навлегува и во личните податоци на пациенти, кои се заштитени со закон. Поради тоа, ова не може да се нарече новинарски текст, туку памфлет кој има само една цел – да омаловажи и да оцрни.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести