verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Жерновски ја исполитизира и кошарката

on 10 - 11 - 2014       

www.kurir_.mk_makedonija_vesti-crop-resize

Текстот: „Жерновски ја исполитизира  и кошарката“ зрачи со тенденциозност која е видлива уште во насловот. Целиот материјалот е  со јасна интенција да го оцрни градоначалникот на Општина Центар, на чија адреса се искажани купишта обвинувања дека го злоупотребува во политички цели најстариот кошаркарски клуб во Македонија.

www.kurir.mk_makedonija_vestiЛинк до оригиналниот напис: Жерновски ја исполитизира и кошарката

Датум и време на објавување: 06.11.2014, 10:09

Датум на рецензирање: 08.11.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

КРИТИЗЕРСКО ЧЕТИВО

Написот се осврнува на прекинатото кошаркарско дерби меѓу вечните ривали, Работнички и МЗТ Скопје, но на читателите не им нуди објективен приказ на настанот, туку критизерско четиво кое натежнува од напади кон Жерновски. Тој е посочен како главен виновник за незавршениот кошаркарски натпревар. Притоа, повикувајќи се на анонимни извори, се тврди дека зад одлуката на раководството на Работнички, клубот да не го продолжи натпреварот без поддршка на своите навивачи (кои претходно по наредба на судиите ги напуштија трибините на салата во Градскиот парк)

„… стои градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, под чија капа е клубот.“

И, затскривајќи се зад вообичаената формулација „според информациите до кои дојде…“  се налепуваат паушални обвинувања, кои само навидум се дадени во прашална форма:

„…под директна команда на највисоките раководни луѓе играчите на Работнички не излегоа да го продолжат натпреварот. После ова, се поставува прашањето дали се обидува Жерновски да го промовира делувањето на опозицијата и во кошарката и со тоа да го обележи Работнички како опозициски клуб? Дали Жерновски преку клубот ги остварува своите опозициски делувања, прикажувајќи се како жртва и тој и клубот и со тоа правејќи штета и на спортот, а најмногу на Работнички?“

Во овој целосно едностран материјал, напишан во коментаторски манир, воопшто не е направен напор да се добие накаков став од личноста која се критикува. Всушност, впечаток е дека втората страна на приказната воопшто и не била планирана.

 

СТАРА ФОТОГРАФИЈА

Манипулативната улога на овој спинерски производ е дополнета и со старата фотографија со која е илустриран текстот. Нема сомнеж дека намерно не е избрана некоја од новите фотографии од натпреварот бидејќи на нив Жерновски е во друштво со координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Центар.

Инаку, во врска со фотографијата и со наводите искажани во текстот, истиот ден имаше реакција на градоначалникот на Центар, кој на својот ФБ профил, меѓу другото, напиша дека е пласирана невистинита информација:

„Тажно е, но очигледно е дека нема крај на оваа очајна стратегија на “Курир”. Намерно не ставија слика од вчерашниот натпревар, бидејќи ќе се видеше дека лево до мене седи координаторот на советничката група на СДСМ, а десно координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше заеднички договор, за да пратиме порака дека не сакаме да го политизираме Работнички.
Сегашното раководство го врати Работнички во врвот на македонската кошарка. Класична лага и дезинформација е напишаното дека според информациите на “Курир”, под директна команда на највисоките раководни луѓе, играчите на Работнички не излегоа на терен за да го продолжат натпреварот.
За крај, сакам да им порачам дека не можат и нема да нѐ запрат.“

 

ОЦРНУВАЧКИ НАМЕРИ

Впрочем, доволно е да се прочита насловот:

„Жерновски ја исполитизира и кошарката“

и веднаш станува јасно какви се вистинските намери на текстот. Тие немаат некоја допирна точка со новинарството, туку многу повеќе наликува дека се политички мотивирани. Насловната конструкција и поднасловот се така интонирани што во јавноста испраќаат порака со која се оцрнува градоначалникот на Центар:

„Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски ја исполитизира и кошарката. Најтрофејниот македонски кошаркаски клуб стана заложник на неколкумина хулигани и несовесни политичари. Дали градоначалникот на централната скопска општина свесно го уништува Работнички, поради тоа што нема финансиски средства да го одржува?“

Доколку  идејата на текстот била да се каже дека политиката замешала прсти и во спортот, требало да се спомене и каква е улогата  – врската на градоначалникот на Општината Аеродром со македноската кошарка. Еден реален и балансиран пристап подразбира да се посочи дека тој се смета за главен двигател на работите во МЗТ. Но, тие информации, случајно или намерно, се премолчани.

 

НАВИВАЧКИ ПРИСТАП

Во текстот се забележува и навредлив тон кон навивачите на едниот клуб, кои се нарекуваат „хулигани“.  За нив се вели дека официјални лица на мечот посочиле дека тие „неконтролирано плукаа и гаѓаа со запалки по судии и по противничките играчи“, поради што морале да ја напуштат салата.

Сепак, некои портали информираа дека причината за прекинот на кошаркарското дерби е можеби поинаква. Тие објавија дека на социјалните мрежи осамнале видеозапис и фотографии кои укажуваат на тоа дека транспарентот на  „Сити парк бојс“, во кој е споменат министерот за здравство, веројатно е причината судијата да ги отстрани навивачите на Работнички:

„Министерот за здравство оставка спрема, за аеродромската депресија лек нема!“

Материјалот што е предмет на оваа рецензија прозвучува навивачки кон едниот клуб, што е надвор од прафесионалните и етички стандарди, според  кои известувањето од настаните треба да биде непристрасно, а новинарот  да има чесен приод при  пласирањето на информациите. За жал, во конкретниот случај не е така.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести