verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Уапсен студент кој силувал овца

on 24 - 11 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

ovca1-09876-098-crop-resize-002

 

Вакви вести сè почесто се појавуваат во македонските медиуми. Таму, пак, ниту им е место, ниту заслужуваат да бидат. Сепак, ете, реалноста е таква – ги има иако е за неверување. Најголемиот проблем (а ги има многу, речиси во секоја реченица) на овој текст е тоа што е објавен на 17 ноември 2014 година. Датум како и секој друг. Но, не обичен. Тој ден се случија масовните студентски протести. И додека немаше ниту збор за протестите, кои се први во Македонија по 10 години, во време кога сите независни медиуми објавуваа извештаи за масовноста за тоа како поминал маршот и кои се барањата на студентите, тука се појави вест со наслов: „Уапсен студент кој силувал овца“. Просто за неверување!

ovca1

Линк до оригиналниот напис: Уапсен студент кој силувал овца

Датум и време на објавување: 17.11.2014, 15:02

Датум на рецензирање: 21.11.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КРАЈНО НЕСЕРИОЗЕН

Овој текст тешко дека има врска со вистината и повеќе наликува на шега. Се гледа дека е преведен (и тоа лошо) од некој странски медиум, но притоа нема критички осврт, туку со леснотија се објавува нешто неверојатно. Текстот нема ниту извор, што е битен момент за тоа дали треба да му се верува на еден новинарски напис. Ниту занаетските делови не се професионално новинарски сработени. Текстот не открива ниту каде се случил настанот, освен што е посочено дека станува збор на еден американски студент. Во написот нема ниту за кој универзитет се работи, што е многу битен податок, знаејќи дека во САД има стотици универзитети и по десетици во секоја сојузна држава. Тоа дека посочениот лик е 23-годишен студент нема никаква валидност, кога ниту еден друг податок не е објавен. Слободно, место бројката 23 ставете која било (24, 25) и ќе забележите дека ништо нема да се промени.

Написот и потоа не нуди никакви аргументи. Во него се тврди (децидно) дека делото го сторил „затоа што бил нервозен пред утрешниот испит“. За да се тврди нешто така цврсто, треба да се има аргументи. Ако нема, пак, извор, од каде тогаш би имало факти? Друга работа би била ова да е полициски извештај каде официјална институција задолжена за мирот и за редот во земјата би го објавила ова на својата официјална веб-страница или во некој свој билтен. Такво нешто тука нема.

Во текстот на едно место се споменуваат полицајците, ама тоа не го решава проблемот. Нема ниту од каде, кои полицајци, колку биле?

Насловот, исто така, сам за себе е еден крупен проблем. Во него не се лоцира каде се случила, наводно, приказната. Така се добива впечаток дека, можеби, се случила во Македонија, што е манипулација со читателите.

Од фотографијата не може да се заклучи ништо. Всушност, тоа се две фотографии кои се залепени и се ставени за да се маниулира затоа што на едната се овци, а на другата два автомобила покрај некоја барака (куќа). Сепак од нив не може во ниту еден момент да се заклучи дека се од местото каде, наводно, се случил настанот. Можно е да се фотографии од други места, други настани, но за тоа нема податок, затоа што не е нагласен авторот, ниту изворот на фотографијата.

На крајот на текстот, наводно, се цитирани и зборови на студентот за кои, пак, нема податок каде ги кажал. На новинари? Во полиција? Пред истражен судија? Пред деканот или ректорот на Универзитетот?

Како и да е, ова е текст кој тешко може да се нарече сериозен. Ако имаме предвид и тоа дека е објавен токму во момент кога се случуваше еден настан, кој од новинарска гледна точка беше настан на годината, тешко дека може да се поверува во наивноста на текстот. Напротив, поради тие околности, може да се заклучи дека тој е објавен со намера да се одалечи читателската публика од главната вест. Инаку, нема друга смисла зошто овој текст би морало да се објави во медиум.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести