verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Зошто редакциите се мали, а новинарството е непривлечна професија?

на 26. 01. 2015 | | sq
Весник заглавен во ќош од автобус. Фото: Jens Luedicke, 2006  

За да може една редакција на дневен весник да функционира во денешни услови на едно, можеби не целосно професионално, но прифатливо ниво, потребно е да има доволен број уредници и новинари за да ги задоволуваат дневните потреби за продукција на содржини

  Пишува: Владо Ѓорчев   Тренд што загрижува во македонските редакции е нивното осипување и малиот новинарски капацитет

ТВ-дневник: Како го премолчеа Кежаровски

на 19. 01. 2015 | |
Дента откако беше донесена пресудата за Кежаровски и тој однесен во затвор, шопингот во Солун и неговите ценовни специфики главна тема на саботниот ТВ Дневник. Фото: видео клип скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на ТВ „Сител“, 17.01.2015, 16.00]

 

Минирање на штрајкот на СОНК преку натрупани и исчитани изјави на непретставени анонимуси, разликите во цените на производите при пазарење во Грција и во Македонија, новоовторена градинка во Припор. Ова

Рецензија: Грција му молчи на „Њујорк Тајмс“ за „Македонецот“

на 18. 01. 2015 | | sq
  Многу често се среќаваме со вести за кои не сме свесни зошто се појавиле и што сака да се постигне со нив. Ова е текст со намерно подбивање. Тој е напишан без притоа да се внимава на одговорноста и како да е излезен од вицот – „Те молам, не брани ме бато“. Новинарството не е тоа кое треба да соли памет и да се подбива. Тоа е тука да информира и да пренесува, а зошто текстов се закачил за Грција на ваков начин е прашање на кое тешко може да се даде издржан одговор. Линк до оригиналниот напис: Грција му молчи на „Њујорк Тајмс“ за „Македонецот“ Датум и време на објавување: 14.01.2015, 17:52 Датум на рецензирање: 15.01.2014 Рецензент: Владо

Рецензија: ФОТО: Ова е убиената медицинска сестра

на 14. 01. 2015 | | sq
  Оваа вест многу наликува на муабет од улица. Згора на сè, пренесена е на начин што не ги задоволува ниту минималните професионални критериуми на новинарството. Веста е речиси несодржајна, таа е несеопфатна, а не може ниту да се провери нејзината вистинитост. Покрај тоа, крши два члена од Кодексот на новинари, па поради тоа и денеска е тука на рецензија. Објавувањето фотографии на кои се покриваат само очите, исто така, е проблематично. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е убиената медицинска сестра Датум и време на објавување: 12.01. 2015, 16:25 Датум на рецензирање: 13.01. 2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Написот, иако се базира на вистинска информација, само делумно е точен, но му се додавани непроверени детали со кои се дезинформира читателската

Рецензија: Стотици подржувачи на Мара Бунева во Скопје

на 13. 01. 2015 | |
  Овој текст има повеќе грешки, за што и детално ќе дадеме образложение. Во еден текст, кога речиси секоја реченица содржи по некоја материјална грешка, тешко може да се зборува за професонално новинарство. Прва работа на новинарот е да информира точно и вистинито. Линк до оригиналниот напис: Стотици подржувачи на Мара Бунева во Скопје Датум и време на објавување: 10.01.2015, 17:07 Датум на рецензирање: 12.01.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЗАГИНУВАЊЕ/САМОУБИСТВО – ПЕРИЌ/ПРЕЛИЌ

„Под полициско обезбедување на кејот на Вардар кај Холидеј ин се одбележа годишнина од загинувањето на Мара Бунева, член на  ВМРО на Ванчо Михајлов, која по негова наредба на овој ден 1928 година го застрела српскиот полицаец Велимир Периќ.“

Во овој прв пасус се тврди дека Мара Бунева

Рецензија: „Професорскиот пленум“ пропушти шанса за дебата за реформите во образованието

на 12. 01. 2015 | | sq
  Ова е уште еден текст во низата напади врз професорите здружени во „Професорски пленум“ и врз нивните барања. Притоа, приказната се дефокусира од вистинската намера на ова неформално здружение и се спинува за да се омаловажат професорите и нивните барања. Во тоа придонесуваат и двајца професори со своите изјави, но прилогот не ја дава и другата страна. Посебно, тоа е потребно ако, како во прилогот, се напаѓа едната страна. Тогаш мора да му се даде можност на другиот да се брани. Линк до оригиналниот напис: „Професорскиот пленум“ пропушти шанса за дебата за реформите во образованието Датум и време на објавување: 07.01.2015, 17:43 Датум на рецензирање: 09.01.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕКСТ-КОМЕНТАР

„Од скандал до јавен срам за „Професорскиот пленум“

Рецензија: Професорите бараа дебата, па избегаа

на 8. 01. 2015 | |
  Овој текст не може да се каже дека е вистинит. Во него е злоупотребена една изјава, по која се подведува една цела неформална организација. Поради тоа, текстот нема намера да ја прикаже вистината во целост, туку има само една цел: да ги направи сите професори несериозни. Но, како велат – една ластовичка не носи пролет, па така и во текстот, еден професор не се сите професори. Линк до оригиналниот напис: Професорите бараа дебата, па избегаа Датум и време на објавување: 05.01.2015, 14:26 Датум на рецензирање: 05.01.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОДВЕДУВАЊЕ

Овој текст, само ако имал уште една реченица, можел да биде дури и вистинит. Вака не, и тоа поради една проста логика. Точно е дека професорката Билјана Ванковска,

Рецензија: Тунески ја кажа вистината за ЕСМ, но за Шекеринска тоа е „бонбона бизнис“

на 8. 01. 2015 | |
  Ова е текст кој наликува на прераскажување детска кавга. Целиот напис е „тој ѝ рече, таа му рече“. Притоа, напишан е само за да постигне една цел – да ја омаловажи опозициската партија и Радмила Шекеринска како нејзин заменик-претседател. Инаку не би имало смисла сè што е напишано тука затоа што е невистинито. Линк до оригиналниот напис: Тунески ја кажа вистината за ЕСМ, но за Шекеринска тоа е „бонбона бизнис“ Датум и време на објавување: 03.01.2015, 12:28 Датум на рецензирање: 05.01.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЦЕЛОСНИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Додека возачите ја трпеа неспособноста на Кадриу, жителите на Охрид Струга, Дебар и околните села го трпеа монополот од „Бонбона бизнисот“ на СДСМ.“ Текстот уште при влезот шири дезинформации и наоѓа виновник

Рецензија: И денес работат сите, освен професорите на СДСМ со нула научни трудови

на 3. 01. 2015 | |
  Овој текст како да е излезен од практиката на некоја разузнувачка агенција. Толкава „посветеност“ на професори од најпрестижниот универзитет во земјава досега во македонските медиуми се нема случено. Дури написот и „гордо“ тврди дека ги следи професорите четири дена. Секако дека работа на новинарот е и да провери некоја информација, но со вакви параполициски методи да го прави тоа е недозволиво. Инаку, текстот понатаму е полн со навреди, спинови и нејасноти, па поради тоа е невистинит, необјективен и непрофесионален. Линк до оригиналниот напис: И денес работат сите, освен професорите на СДСМ со нула научни трудови Датум и време на објавување: 02.01.2015, 12:59 Датум на рецензирање: 02.01.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОМЕНТАТОРСКИ ТЕКСТ

Написот врие од напади и ги омаловажува

Рецензија: „Ако сте имале секс со Даниел итно проверете дали имате сида“

на 18. 12. 2014 | |
  Ова е текст кој е рециклиран. Написот е објавен и на 26.10.2014 година и тоа на истиот медиум. Насловот, опремата, фотографијата и содржината е иста, сменет е само датумот. Чудно е зошто за неполни два месеци се зема ист текст, му се менува датумот и се пушта да циркулира во јавноста. Со тоа се прави забуна кај читателите, башка што насловот е манипулативен и ставен за да се остави впечаток дека се случува во Македонија. Линк до оригиналниот напис: „Ако сте имале секс со Даниел итно проверете дали имате сида“ Датум и време на објавување: 18.12.2014, 00:24 Датум на рецензирање: 18.12.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОГРЕШНО ИНТЕРПРЕТИРАЊЕ

Насловот наведува на погрешно интерпретирање затоа што остава впечаток како настанот да

Претплатете се за најнови вести