verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Тунески ја кажа вистината за ЕСМ, но за Шекеринска тоа е „бонбона бизнис“

on 8 - 01 - 2015       

EVN-09876-098-crop-resize

 

Ова е текст кој наликува на прераскажување детска кавга. Целиот напис е „тој ѝ рече, таа му рече“. Притоа, напишан е само за да постигне една цел – да ја омаловажи опозициската партија и Радмила Шекеринска како нејзин заменик-претседател. Инаку не би имало смисла сè што е напишано тука затоа што е невистинито.

EVNЛинк до оригиналниот напис: Тунески ја кажа вистината за ЕСМ, но за Шекеринска тоа е „бонбона бизнис“

Датум и време на објавување: 03.01.2015, 12:28

Датум на рецензирање: 05.01.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЦЕЛОСНИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Додека возачите ја трпеа неспособноста на Кадриу, жителите на Охрид Струга, Дебар и околните села го трпеа монополот од „Бонбона бизнисот“ на СДСМ.“

Текстот уште при влезот шири дезинформации и наоѓа виновник кај сите други, освен кај тој што навистина треба. Да, точно е дека вина за сообраќајниот колапс низ Македонија има и кај директорот на „Македонија пат“, Гајур Кадриу. Инаку, во текстот тој е напишан само со презиме, без функција и без фирмата во која тој раководи, што е крајно непрофесионално. Тоа што треба да се напише цела функција со целосно име и презиме, што, пак, лежи во основата на новинарството, се чини дека текстот не го засега, освен да си ја протурка својата зададена цел – да омаловажи. И на крајот на краиштата, Кадриу е именуван функционер од Владата на Македонија. Зошто, тогаш, само тој би бил виновен? Нели политички коректно е секогаш вината да ја презема тој што го именувал. Или тоа се случува само во развиени декомократски земји?

Втортата дезинформација е дека жителите го трпеле монополот на ЕВН, а преку текстот сака да се алудира на нешто што, наводно, намерно го направила Шекеринска. И, да. И тука може да се каже дека има вина и кај ЕВН за тоа што повеќе села останаа без струја неколку денови. Но, за еден текст да биде содржаен и објективен, треба да се каже вистината докрај. А тоа е дека не е само ЕВН виновна за тоа. Вина има и кај МЕПСО во дел од своите дејствувања. Инаку, за текстот да биде вистинит и објективен, морало да се вметне и делот дека и МЕПСО признава свои дефекти:
„Најголем проблем во моментов има во Охридско-струшкиот регион каде е настанат дефект на далноводите со кои стопанисува „МЕПСО АД“ Скопје„

МАЛКУ СУРФАЊЕ

Кога се работи за тврдењето на монополизација на ЕВН, текстот морал докрај да ја истражи работата. Сето тоа можело да се стори со малку сурфање на интернет. Ако тоа го стореле, ќе знаеле дека во октомври 2014 година, а по одлуката на Владата да ја одложи либерализацијата со струја, претседателот на Европската економска заедница (ЕЕЗ), Јанез Копач, му испрати писмо на министерот за економија, Беким Незири, во кое, меѓу другото, напиша:

„Шокиран сум од оваа одлука, затоа што ние воопшто не бевме информирани, и покрај партнерството кое го потпишавме со Министерството за економија и со Регулаторната комисија за енергетика во 2011 година.“

И парадоксот на текстот да биде уште поголем, Атанаско Туневски, како што пренесоа медиумите, исто така, се сомнева во мотивот зошто е одложена либерализацијата на пазарот со електрична енергија:

„Со ова се штити само интересот и приватниот монопол на ЕВН, на што посочува и ЕЕЗ во својата писмена реакција.“

И што може понатаму да се тврди за овој текст. Ако, еве, и навистина поранешната влада била виновна за продажбата на ЕСМ, зошто тогаш оваа влада, која имала можност, не сторила нешто тоа да го поправи? А можела! Дали на ова прашање текстот можел да понуди одговор? Можел, секако, само ако сакал.

Ова е уште еден текст кој за да ги одбрани „своите“, ги напаѓа „другите“. И како во максимата „нападот е најдобра одбрана“, целиот напис е направен по тој терк. Воопшто не им било важно дали сето тоа е вистинито, содржајно, објективно. Затоа и овој текст беше денеска на рецензија. За да се посочат грешките во него.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести