verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: „Ајде“ на протест пред МРТ, Бојаровски не спречил штетен договор!

на 3. 03. 2015 | | sq
  Ова е прилог кој Македонската телевизија го објавува во првата информативна емисија во 17 часот, веднаш по перформансот на платформата за граѓанска политика „Ајде“, со кој ѝ порача на МТВ дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон. Прилогот почнува коректно и е така сѐ до средината, кога со спин се извртува целата причина за перформансот. Со тоа се спинува настанот подалеку од причината за протестот, која е едноставна – да му се порача на јавнот сервис дека тој е на сите граѓани. (Напомена: Во име на целосна транспарентност, Ве известуваме дека во прилот кој овде е рецензиран, се спомнува и колегата Зоран Бојаровски, инаку соработник во „Сервис за проверка на факти во медиумите“)

Рецензија: Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја

на 21. 02. 2015 | | sq
  Секој новинар мора да знае дека основна функција на новинарството е да информира, точно и прецизно. Овој текст покажува дека е пропуштена шанса читателите да бидат информирани точно, навремено, што е можно подетално и квалитетно. Линк до оригиналниот напис: Исповед на една Србинка во автобус: Косоварите се среќни што си заминуваат од својата земја Датум и време на објавување: 18.02.2015, 10:03 Датум на рецензирање: 20.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПРОБЛЕМ СО ВИСТИНИТОСТА

Овој напис има проблеми и со вистинитоста затоа што се потпира на анонимен, неидентификуван извор. Текстов или приказната во него е „наводна“, затоа што тешко може да се докаже дека е вистинита, притоа е проблематично и времето кога е објавена – додека македонската политичка сцена се тресе

Раката и главата горе со „Лице в лице“

на 21. 02. 2015 | |
Колпортери на списанието „Лице в лице“. Фото: licevlice.mk  

Уличното списание „Лице в лице“ е еден од пионерите во развојот на социјалното претприемништво во Македонија и во моментов има околу 40 продавачи што го нудат во Скопје, Неготино, Струга, Охрид и во Битола, а сите тие поминуваат низ едукативна програма во рамките на која се работи на самодовербата и на мотивацијата на продавачите, но и на нивните комуникациски и продажни

Рецензија: Сопартијците на Заев под уцена, бизнисмените во грч

на 19. 02. 2015 | | sq
    Едностран, несодржаен, невистинит, без факти… Ова се зборовите кои се клучни во објаснувањето на овој производ, кој тешко може да се нарече новинарски текст Линк до оригиналниот напис: Сопартијците на Заев под уцена, бизнисмените во грч Датум и време на објавување: 15.02.2015, 20:00 Датум на рецензирање: 16.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕМА ВТОРА СТРАНА

Текстот има само една водилка – сензационализам, која почнува уште од насловот и е присутна до последниот збор. Од далеку се гледа дека јасната намера е до крај да му се наштети на претседателот на СДСМ и тој да се дискредитира. На лидерот на опозицијата му „насамарува“ уценување, а притоа се омаловажува дека е бесчувствителен особено кон своите сопартијци. Во текстот се зборува за

Рецензија: Граѓани од Косово масовно купуваат имоти во Скопје, Тетово и Гостивар

на 16. 02. 2015 | | sq, en
  Ова е текст кој преку шпекулација сака да ги наруши меѓунационалните односи и тоа во време на турбулентни моменти во земјава. Најстрашно е што текстот е далеку од вистината. Иако како извор се користат агенции за недвижности, нема ниту кои, ниту од каде, затоа е и огромен сомнежот во вистинитоста. Голема шпекулација е и тоа дека „речиси 80 проценти од новоизградените станови во Тетово и во Гостивар се купени од лица од Косово“. Од каде оваа бројка се најде во овој прилог? Кој им ги кажал овие податоци? Тоа го нема во написот. Зошто тогаш да му се верува? Затоа и овој текст е една голема шпекулација со многу непрофесионална содржина и со сомнителни импликации. Линк до оригиналниот

Рецензија: Детали од Централниот одбор на Бихаќка: Заев бегал од одговори зошто му се заканувал на Груевски

на 11. 02. 2015 | | sq
  Ова е текст кој се темели на шпекулации. Во него има само претпоставки и теории. Написот нуди само анонимен извор, со што се доведува во прашање вистинитоста на исказите. Линк до оригиналниот напис: Детали од Централниот одбор на Бихаќка: Заев бегал од одговори зошто му се заканувал на Груевски Датум и време на објавување: 06.02.2015, 21:13 Датум на рецензирање: 09.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ

Целиот текст стои на стаклени нозе. Изјавата, а и шпекулациите во текстот, кои повеќе личат на коментар, лесно можат да се оценат како лажни и невистинити бидејќи зад нив не стои конкретно име и презиме, ниту за нив има потврда од СДСМ. Напротив, уште истиот ден кога е објавен и текстот, од

ТВ-дневник: Кога Владо Георгиев е побитен од скандалот со масовно прислушување

на 10. 02. 2015 | |
 
Да ги направиме естрадните уметници хумани. Нехуманоста на масовното криминално прислушување ќе ја оставиме за други времиња. Фото: видеоклип скриншот
 

Прес-конференцијата на СДСМ за масовното криминално прислушување, која е од најголем јавен интерес, недозволиво е да ја нема или да се минимизира и да се релативизира. Тоа само зборува дека медиумот не ја врши основната функција заради која постои и дека се раководи од сосема други интереси, а

Рецензија: ФОТО Шакира е полу Македонка, затоа им дава православни имиња на децата!

на 9. 02. 2015 | |
  Наводното македонско потекло на Шакира е една од „повторувачките“ приказни – митови на македонското новинарство. Одвреме-навреме оваа приказна кружи низ македонските медиуми. Така е и со овој текст. Текстот дури и има линк од „Гардијан“, кој е извор за оваа приказна, но не води до него. Покрај тоа линкот е од насловната веб-страница на весникот, а не е од приказната на која се повикува македонскиот портал. Линк до оригиналниот напис: ФОТО Шакира е полу Македонка, затоа им дава православни имиња на децата! Датум и време на објавување: 03.02.2015, 13:49 Датум на рецензирање: 05.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СТАРА ПРИКАЗНА

Непобитен факт е дека Шакира нема македонско потекло. За тоа има изјава директно од неа, која ја пренесе „Вест“ пред

Рецензија: Груевски сепак не попушти – техничка влада нема да има

на 6. 02. 2015 | |
  Овој текст е ставен во рубрика „Политика“, а има по малку колумнистички или коментаторски пристап. Сето тоа што е образложено, пак, во шестте точки, не е потврдено, ниту е посочен изворот. Написот без поголема анализа ги става на прво место партиските интереси, притоа пласирајќи тези кои треба да ги земеме здраво за готово. Линк до оригиналниот напис: Груевски сепак не попушти – техничка влада нема да има Датум и време на објавување: 03.02.2015, 10:42 Датум на рецензирање: 04.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕМА ИЗВОР

Уште од насловот се провлекуваат факти за кои нема доволно потврдни елементи. Тој сака да сугерира дека со „техничка влада“ е завршено и на пократок и на подолг период. Притоа нема извор кој тоа го

Рецензија: Во Охрид штрајкува СДСМ

на 3. 02. 2015 | | sq
  Ова е едностран текст, во кој ја нема главната засегната страна. Пренесена е една информација која е делумно точна и која служи за манипулација. Сознанијата во текстот се еднострани и не може да се потврди нивната релевантност. Рецензија на објавата: Во Охрид штрајкува СДСМ Датум и време на објавување: 02.02.2015, 11:23 Датум на рецензирање: 03.02.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Уште од насловот, текстот не ја дава вистинската слика на случувањето. Насловот „Во Охрид штрајкува СДСМ“ дезинформира, иако неговата улога е да информира точно и вистинито. Со него се сака да се сугерира дека штрајкува СДСМ или членови на оваа партија, а написот се однесува за штрајкот на членовите на СОНК, што, пак, нема никаква врска со опозициската партија. Зошто

Претплатете се за најнови вести