verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Граѓани од Косово масовно купуваат имоти во Скопје, Тетово и Гостивар

on 16 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

Kosovo-stanovi-09876-098-CROP-RESIZE

 

Ова е текст кој преку шпекулација сака да ги наруши меѓунационалните односи и тоа во време на турбулентни моменти во земјава. Најстрашно е што текстот е далеку од вистината. Иако како извор се користат агенции за недвижности, нема ниту кои, ниту од каде, затоа е и огромен сомнежот во вистинитоста. Голема шпекулација е и тоа дека „речиси 80 проценти од новоизградените станови во Тетово и во Гостивар се купени од лица од Косово“. Од каде оваа бројка се најде во овој прилог? Кој им ги кажал овие податоци? Тоа го нема во написот. Зошто тогаш да му се верува? Затоа и овој текст е една голема шпекулација со многу непрофесионална содржина и со сомнителни импликации.

Kosovo stanoviЛинк до оригиналниот напис: Граѓани од Косово масовно купуваат имоти во Скопје, Тетово и Гостивар

Датум и време на објавување: 11.02.2015, 11:02

Датум на рецензирање: 13.02.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДЕФОКУСИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА

Намерата на текстот, во денови кога цела македонска јавност е окупирана со масовното прислушување, е обид да се дефокусира јавноста од актуелните настани и проблеми. Дека овие тврдења се изнасилени и невистинити, се потврдува во овој текст кој направи поопсежна анализа на ова шпекулација:

Дека нема купувачи на недвижен имот од Косово, тврдат и агенциите за недвижности од Тетово, Гостивар и од Куманово, кои посочуваат и на законските одредби, според кои, во земјава странци не можат да купуваат недвижен имот. И од Министерството за внатрешни работи во последниов месец не забележале зголемен број премини на странци преку граничните премини ниту, пак, пријава на гости од Косово.

Аналитичарот Мерсел Билали, исто така, тврди дека овие информации се класични шпекулации:

„Ваквите информации се чиста глупост. Овие луѓе бегаат од сиромаштијата што владее во Косово и се прашувам што би барале овде, кога ние сме уште посиромашни. Нема никаква логика во сето тоа. Мислам дека со пласирањето вакви информации се прави уште еден обид за дефокусирање на јавноста од актуелните настани и од проблемите. Се користи една навистина застрашувачка информација од Косово, каде што поради лошата гарнитура на власт, која мисли само на криминалните дејства и на богатењето, 150.000 луѓе продаваат сè и се селат преку Србија и Унгарија во Западна Европа, за да обезбедат нормален живот. Нема никакво друго логично објаснување за создавањето проблем онаму каде што го нема, освен, како што реков, класично дефокусирање на јавноста.“

Текстот, иако има лабави извори и е полн со шпекулации, сепак, предизвика внимание во јавноста. Тоа само ја покажува и неговата вистинска намена, а тоа е да дезинформира и по можност да влее страв. Кога текстот ќе се провери вистински, според сите новинарски стандарди, ќе се утврди дека сето ова што е напишано е изнасилена шпекулација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести