verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО Шакира е полу Македонка, затоа им дава православни имиња на децата!

on 9 - 02 - 2015       

ФОТО Шакира е полу Македонка  затоа им дава православни имиња на децата-crop-resize

 

Наводното македонско потекло на Шакира е една од „повторувачките“ приказни – митови на македонското новинарство. Одвреме-навреме оваа приказна кружи низ македонските медиуми. Така е и со овој текст. Текстот дури и има линк од „Гардијан“, кој е извор за оваа приказна, но не води до него. Покрај тоа линкот е од насловната веб-страница на весникот, а не е од приказната на која се повикува македонскиот портал.

ФОТО Шакира е полу Македонка  затоа им дава православни имиња на децатаЛинк до оригиналниот напис: ФОТО Шакира е полу Македонка, затоа им дава православни имиња на децата!

Датум и време на објавување: 03.02.2015, 13:49

Датум на рецензирање: 05.02.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СТАРА ПРИКАЗНА

Непобитен факт е дека Шакира нема македонско потекло. За тоа има изјава директно од неа, која ја пренесе „Вест“ пред точно седум години (02.02.2007), дадена за забавната емисија на Живкица Ѓурчиновска „Но лимитс“, што се емитуваше на телевизија „Сител“.

„Живкица Ѓурчиновска, како што ни изјави, и го поставила најпровокативното (прашање н.з.): „Дали има македонско потекло?“ откако на познатиот веб портал www.imdb.com било наведено дека таа е од колумбиско, либанско и македонско потекло.

– Шакира ми одговори со смеење дека е пра, пра, пра внука на пра, правнукот на Александар Велики… за потоа да ми објасни дека за жал, тоа не е точно, но би сакала да има македонски корени, ни изјави Живкица која ексклузивното интервју со Шакира ќе го емитира во нејзината нова емисија „Но лимитс“ на телевизија Сител.“

Текстот сугерира дека „православни имиња“ Милан и Саша може да се поврзат со нашите простори, иако вистината е дека тие не се православни. Може често ги користат разни припадници на православни цркви, но ги користат и луѓе што не се припадници на тие цркви.

Во календарот на МПЦ го нема името Милан (освен како дел од името на градот Милано, каде што живеел друг светец).

Кај хрватските католици именденот на Милан е на ист ден со Емилијан и други, а на некои веб-страници ова име го поврзуваат и со не многу познатиот св. Миховил. На „Гугл“  за „Milan imendan“ се добиваат разни резултати. Исто и на кирилица и на латиница има еден куп објаснувања, поврзување со Михаил (иако Михаил потекнува од еврејско Микхаел што значело „Кој е како Бог“ и нема директна врска со словенската милост).

 

ПРАВОСЛАВНИ ИМИЊА

Самата Шакира во изјавата на нејзината веб-страница вака го објаснила значењето на името (сосема неповрзано со религија):

„As for new arrival’s name, “the name Milan (pronounced MEE-lahn), means dear, loving and gracious in Slavic; in Ancient Roman, eager and laborious; and in Sanskrit, unification,” says the statement on Shakira’s website.“

Или на македонски:

„Што се однесува до името на приновата, името Милан (се изговара Ми-лан), значи драг, мил, полн со љубов, благороден на словенски (се мисли на група јазици н.з.), во антички Рим, посакуван и силен, додека на санскритски (древен хинду-јазик н.з.) значи обединување, вели за нејзината веб-страница Шакира.“

Името Саша, исто така, не е „православно“. Потекнува од името Александар, кое во оригинал на старогрчки било Александрос (со значење на тој јазик „бранител на мажите“ односно „бранител на луѓето“) и го носеле еден куп луѓе, пагани стотици години пред да се појави воопшто христијанството.

Ова е приказна која со кратки паузи секогаш наоѓа место во македонските медиуми. Иако и претходно било познато дека тоа не е вистина, не се престанува со нејзино реобјавување. Работа на медиумите е, пак, да известуваат вистинито, а кога е потребно и критички да се осврнуваат без разлика од кој медиум е преземен текстот. Тоа тука не е сторено, па затоа имаме и напис кој не ги задоволува новинарските стандарди.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести