verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Со клеветнички, срамен текст, уште еден удар врз новинарската професија

на 6. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: По нарачаното срамно видео на „Ал Џезира“, уште еден удар на Заев врз македонската држава]

  Ова е уште еден текст со намера да го омаловажи претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Како и во слични вакви написи и во овој нема факти, ниту текстот се расфрла со аргументи, туку површно, без докази за вистинитоста се пласира теза со една цел – да се нападне лидерот на опозиција и

Срамота: Анонимен текст поставува психијатриски дијагнози

на 5. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Ангелов: Со УЧК и командант Валтери ќе одам против власта]

  Ова е текст кој покажува како една изјава може да се злоупотреби, да се извади од контекст и потоа да ѝ се измени нејзиниот првичен изглед и намена, а притоа спинот да стане и наслов. Во овој напис има класична злоупотреба и девалвација на личноста. Со спинот се сака да се деградира генералот Стојанче Ангелов, па дури

„Платениците на Сорос“ – добро научена мантра и етикета за секоја манџа

на 25. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Нервозниот Заев, СДСМ и платениците на СОРОС со сценарио за дестабилизација на Македонија преку „Ал Џезира“]

  Ова е уште еден текст кој оцрнува и омаловажува, притоа не ги согледува фактите, а во поголемиот дел и ги злоупотребува. Написот манипулира, извртува вистина, спинува. Нема критички осврт, нема дебата во текстот, дури и на колегите новинари кои се напаѓаат не им е дадено правото да се „одбранат“. Тоа значи дека текстот уште на почетокот го крши членот 16 од Кодексот на новинари: Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. Линк до

Рецензија: Нови контрадикторни изјави на Заев околу случајот со поткупот од 200 000 евра

на 19. 03. 2015 | |
  Овој текст е невистинит и уште еден од низата пропагандни содржини кои имат цел да го деградираат претседателот на СДСМ. Притоа, една невистина е земена како мотив и појдовен момент за масакрирање на политичар. За сите тези кои текстот наводно ги обработува, Заев има давано и изјави, но ниту една не е пренесена во текстот. Така излегува дека ова е напис со кој те тепаат, ама не ти даваат да се браниш. Тоа е надвор од новинарските правила и стандарди. Линкуван наслов на анализираниот напис: Нови контрадикторни изјави на Заев околу случајот со поткупот од 200 000 евра Датум и време на објавување: 16.03.2015, 18:52 Датум на рецензирање: 17.03.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕВИСТИНИТИ ПАСУСИ

Во текстот се тврди:

Како е да се биде новинар во провладин медиум?

на 18. 03. 2015 | |
Вистини и лаги – во посебни сандачиња за да не се допираат. Уметничка инсталација, Jamie Pawlus, Индијанополис, САД, 2003. Фото: Jason Borneman, 2008.   Веројатно е најтешко да се лажеш сам себе и најлесно да си пишуваш оправдувања, но тоа е личен избор. Новинар не е само да се сликаш пред камера, да придржуваш микрофон и ништо да не прашуваш, да полниш страници со туѓи текстови од некој партиски центар,

Рецензија: Дестабилизација за политичка реинкарнација – СДСМ игра на оваа карта за враќање по политичкиот пост од 9 години

на 16. 03. 2015 | |
  Овој текст e конструиран врз шпекулации. И новинарските написи пишувани врз база на шпекулации мора да имаат извори, кои ќе ги протолкуваат наодите изнесени во нив. Тоа е многу важно, особено кога се работи за шпекулации кои, како во случајов, имаат намера да дезинформираат и да дефокусираат. Линк до оригиналниот напис: Дестабилизација за политичка реинкарнација – СДСМ игра на оваа карта за враќање по политичкиот пост од 9 години Датум и време на објавување: 06.03.2015, 19:51 Датум на рецензирање: 09.03.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕСЕОПФАТНОСТ И ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

„Со објавените факти во јавноста, СДСМ, лидерот Зоран Заев и неговите соработници, сакаат да предизвикаат дестабилизација во Македонија, сметаат експертите. Ова според нив, досега се потврди неколку пати и на јавноста и

Рецензија: Пустец со 3.200 гласачи виновен за поразот на опозицијата со 200.000 гласа разлика

на 15. 03. 2015 | | sq
  Ова е текст кој е целосно извртен. Се спинува огромниот криминал со изборите за да се минимизира со теза која воопшто не е битна. Во целата процедура со замајување, се употребуваат и математички и географски информации кои само го одвлекуваат вниманието од главната вест. Линк до оригиналниот напис: Пустец со 3.200 гласачи виновен за поразот на опозицијата со 200.000 гласа разлика Датум и време на објавување: 06.03.2015, 22:11 Датум на рецензирање: 12.03.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДЕФОКУСИРАЊЕ

Текстот упорно се труди да дефокусира и да ја измести главната теза. Таков пристап е присутен од почетокот до крајот. Таква е, на пример, изјавата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој учествувал во прочистување на изборниот список. „Ние настојуваме на нашите

ТВ-дневник: Вистината тешко дише во вестите на „Сител“

на 11. 03. 2015 | |
Според водителот на вестите, Д.П.Латас, во вчера објавените разговори од СДСМ немало ништо ново, немало изборни нерегуларности, полнење кутии и слично и тие биле здодевни. Фото: видеоклип скриншот.  

[Критички осврт на ТВ-дневникот на ТВ „Сител“ на 10 март 2015 година во 23.40 часот]

 

Сè на сè, ова беа вести какви што сме навикнати да гледаме на оваа телевизија. Повеќето прилози се политички памфлети, без критички осврт, со тенденциозни

Рецензија: Тие ни ги ебаа фасадите, а ние држава ќе им даваме да водат

на 7. 03. 2015 | |
  Ако ова може да се нарече текст, тогаш тоа е многу лош новинарски производ. Целиот е коментаторски, а ставен е во рубрика „Македонија“ како ударна вест. Воопшто не се труди да докаже нешто, ниту да понуди извор, да биде содржан и објективен. Насловот е тенденциозен, невистинит и сосема непотребно безобразен, со оглед на тоа што содржи уличарски термин. Целиот напис, исто така, е напишан без почитување на ниту едно правило од важност за еден новинарски текст. Линк до оригиналниот напис: Тие ни ги ебаа фасадите, а ние држава ќе им даваме да водат Датум и време на објавување: 05.03.2015 Датум на рецензирање: 06.03.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Прво, мора да се каже дека насловот е вулгарен и недостоен за еден

Рецензија: Каков бизнис имал Заев со синот на Верушевски? (видео)

на 7. 03. 2015 | | sq
  Ова е уште еден текст со кој се извртува вистината и се спинува за да се дискредитира лидерот на СДСМ. Целиот текст околку овие прашања е изваден од контекст, а на тоа му се налепуваат непотврдени аргументи или шпекулации, со што текстот звучи повеќе како обивинителен акт отколку како новинарски производ. Настрана што сето ова што е напишано за дешифрираните пораки е во доменот на шпекулација. За разлика од аудиоснимките со телефонски разговори, кои опозицијата ги објавува во целост и кои сите ги слушнавме, овие пораки, со оглед на нивната неаудиолошка и невизуелна природа, не можеме да ги видиме/слушнеме на начин кој ќе нè увери дека се вистинити и автентични. Линк до оригиналниот напис: Каков бизнис имал Заев со

Претплатете се за најнови вести