Рецензија: „Ако сте имале секс со Даниел итно проверете дали имате сида“
Објавено во Рецензии
on 18 - 12 - 2014 Автор: Владо Ѓорчев
Ова е текст кој е рециклиран. Написот е објавен и на 26.10.2014 година и тоа на истиот медиум. Насловот, опремата, фотографијата и содржината е иста, сменет е само датумот. Чудно е зошто за неполни два месеци се зема ист текст, му се менува датумот и се пушта да циркулира во јавноста. Со тоа се прави забуна кај читателите, башка што насловот е манипулативен и ставен за да се остави впечаток дека се случува во Македонија.
Линк до оригиналниот напис: „Ако сте имале секс со Даниел итно проверете дали имате сида“
Датум и време на објавување: 18.12.2014, 00:24
Датум на рецензирање: 18.12.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПОГРЕШНО ИНТЕРПРЕТИРАЊЕ
Насловот наведува на погрешно интерпретирање затоа што остава впечаток како настанот да се случил денеска.
„Четириесетина девојки во Романија во паника ги исчекуваат резултатите од тестирањето за ХИВ, откако дознале дека нивниот пријател со кого биле во сексуална врска, Даниел Деку (24) имал сида. За тоа дознале на неговиот погреб. Даниел кој важел за голем заводник починал токму од оваа болест, но девојките за тоа разбрале дури на погребот.“
Почетокот на текстот, пак, е целосно неновинарски. Тој не нуди ниту еден аргумент за да може написот да се оквалифкува како вистинит. Освен што ги нема одговорено занаетските прашања – каде, како, зошто… текстот не нуди ниту валидни извори. Иако може да се претпостави дека е преведен од странски медиум, тој е некритички пренесен. Освен тоа дека настанот, наводно, се случил во Романија, во текстот нема ниту во кој град.
Потоа, како во најголемите конспирациски филмови, текстот плете приказна која, исто така, не е поткрепена со факти. Напротив нема ниту изјава, па макар таа да е и анонимна.
Верификацијата на фактите е инаку основно правило во новинарството. Секој новинар знае дека најсуштествена постапки во неговата работа е верификација, односно проверка на информациите. Поради тоа и новинарството се разликува од шпекулациите.
КАДЕ СЕ СЛУЧИЛ НАСТАНОТ?
„Градоначалникот на местото каде што живеел Даниел и во медиумите излегол со изјава:
„Ако сте имале секс со Даниел итно проверете дали имате сида“ -изјавил тој.“
Текстот и понатаму, до самиот крај, не нуди одговор на прашањето каде се случил настанот. Кој градоначалник, на кој град? И како да поверуваме дека навистина тој некој градоначалник рекол навистина така. Сето ова не му оди во прилог на текстот за да можеме да го оквалификуваме како вистинит.
Овој текст е сензационалистички и вознемирувачки. Иако може да се каже дека се навикнуваме, тоа не е оправдување, зашто несоодветните текстови создаваат погрешни заклучоци и перцепции кај читателите.
По правило, стравот и паниката секогаш ги има во таблоидните медиуми, кои со сензационалистички наслови ги застрашуваат граѓаните и предупредуваат на измислени опасности.
Накратко, како заклуок: Ова е куса вест, лошо сработена, без наведени извори на информации, без да се прецизира од каде и кога е преземена, со големи проблеми и со недостатоци во содржината, без елементарно чувство за читателите и за општествено-социјалната компонента која треба да ја има секој медиум.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
Не може да се утврди
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
насловот ја прави збунувачка
вон контекст на насловот
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови