verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Грција му молчи на „Њујорк Тајмс“ за „Македонецот“

on 18 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

dnevnik-sad-09876-0987-crop-resize

 

Многу често се среќаваме со вести за кои не сме свесни зошто се појавиле и што сака да се постигне со нив. Ова е текст со намерно подбивање. Тој е напишан без притоа да се внимава на одговорноста и како да е излезен од вицот – „Те молам, не брани ме бато“. Новинарството не е тоа кое треба да соли памет и да се подбива. Тоа е тука да информира и да пренесува, а зошто текстов се закачил за Грција на ваков начин е прашање на кое тешко може да се даде издржан одговор.

dnevnik-sadЛинк до оригиналниот напис: Грција му молчи на „Њујорк Тајмс“ за „Македонецот“

Датум и време на објавување: 14.01.2015, 17:52

Датум на рецензирање: 15.01.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СВЕСНО ПОДБИВАЊЕ

„Особено интересен е молкот ако се присетиме дека за Грците употребата на името Македонија или Македонец или самата придавка македонски, изедначени со името на нашата држава и националност, на најголемиот народ што живее во РМ, без разлика на контекстот во кој се користи, секогаш било недозволиво и проследено во најмала рака со критики од страна на грчките медиуми. Едно од објаснувањата за ова би било дека грчките власти или нивната дијаспора не сакаат да излезат смешни во очите на влијателните светски медиуми и решиле ова да го премолчат.“

Текстот во поголем дел е коментар. Зачудува она за што текстот се прашува. Притоа, несновано тврди дека Грција секогаш реагира кога ќе се спомене името Македонија. На официјални настани, да, тоа можеби било така, но оваа теза, кога станува збор за весници (и тоа особено весници кои се издаваат во држава која нѐ има признато под уставното име) е недокажлива. Или, ако се сакало да се потврди вистинитоста, требало да се спомнат ситуации каде што такво нешто се случило.

Во вториот дел од текстот, написот прашува дали поради тоа што е во прашање САД, Грција нема да одговара. Кажано е многупати, но, еве, да повториме: практиката во новинарството е прво да информира, а потоа да поставуваат прашања. Во текстот, пак, е направен обратен редослед, па главната приказна е објаснета на крајот.

Ова е текст кој е целиот испревртен. Почнува со коментар, а веста е на крајот. Многу нестандардно кога се работи за новинарска содржина. Секако дека новинарот треба да информира, потоа да прашува, а уште помалку (или речиси никогаш) да прашува со подбивање. Новинарот не треба да се подбива без разлика дали нешто не му се допаѓа или нешто не му е по ќеф. Тој треба стоички да ја издржи „приватната нетрпеливост“ и докрај професионално да си ја заврши работата.

И, секако, целата приказна мора да има смисла. Не смее да се искористува моќта на медиумот поради некаква цел, која овде не е ни сосема јасна. Новинарот можеби е носител на влијание кое му овозможува да комуницира со широка публика, ама тој мора да биде и одговорен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести