verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: Министерот Спасов открил дека книги може да се читаат и со слушање

на 30. 09. 2014 | | sq
Ова е текст кој е изваден од соопштение од  Министерството за труд и социјална политика, со кое се сакало да се пошегува на сметка на министерот Диме Спасов. Aко се прочита изјавата од соопштението од Министерството за труд и социјална политика и насловот на овој текст, веднаш се заклучува дека тој е ставен несмасно. Причината е поради тоа што насловот не соодветствува со вистината. Најмногу и поради тоа овој текст е денеска тука за рецензија. Линк до оригиналниот напис: Министерот Спасов открил дека книги може да се читаат и со слушање Датум и време на објавување: 25.09.2014, 13:19 Датум на рецензирање: 28.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЕДНО ВО ТЕКСТОТ, ДРУГО ВО НАСЛОВОТ

Во текстот стои: „Спасов на почетокот нагласи дека

Рецензија: Се пролеа крв на скопските улици – 14 сообраќајки за еден ден

на 26. 09. 2014 | | sq
Ова е текст за тоа како не треба да се пласира наслов. Најнапред поради тоа што е неточен. Желбата за повеќе кликови и читања навистина е голема кај повеќете портали, посебно последните години, што се должи на големата конкуренција, но мора да се запазат новинарските стандарди, а тоа е да се известува објективно и вистинито, што во овој текст не е сторено, затоа е и денеска на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Се пролеа крв на скопските улици – 14 сообраќајки за еден ден Датум и време на објавување: 24.09.2014, 09:21 Датум на рецензирање: 25.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СКАРАН СО ВИСТИНАТА

Овој текст е скаран со вистината. Се работи за билтен на МВР, кој по правило е неинтересен за

Ѕвездите на Гранд – како гледачот да се претвори во зависник од вештачкиот рај

на 26. 09. 2014 | |
 

Ѕвездите на Гранд е еманација на „духот на времето“ што го живееме. Манифестација наменета да ја задоволи оваа масовна култура, истовремено со цел и економски да ја експлоатира.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Во грчевитата борба за што поголемо парче од медиумското небо, телевизиските продуценти од поодамна го имаат препознато потенцијалот (профитабилноста) од разновидните алтернативи на шоу програми, а резултатот од нивната проценка е над илјадници серијали на реалити,

Рецензија: ФОТО: Духот на оваа невеста ги вознемири битолчани!

на 24. 09. 2014 | | sq
Се чини дека кога нема нешто интересно да се објави, порталите во Македонија слободно си рециклираат текстови, но притоа се внимава тие да бидат навистина читани. Таков е и овој текст, кој веќе четири години се преобјавува во земјава. Последниот „бран“ со кој овој текст го зафати ова подрачје беше во август/септември и сѐ уште се шири. И поради тоа што навистина вакви текстови предизвикуваат масовно читање, овој напис се рашири речиси на сите медиуми и од македонско и од албанско говорно подрачје. Текстот се презема со copy/paste без редакциска подготовка, исто како и фотографијата. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Духот на оваа невеста ги вознемири битолчани! Датум и време на објавување: 08.09.2014, 08:08 Датум на рецензирање: 22.09.2014 Рецензент: Владо

Рецензија: (ФОТО) Вака би изгледала Европа кога сите сепаратисти би добиле независност!

на 22. 09. 2014 | |
Ова е текст кој обработува теза – што би било кога би било. Значи, потегот на Шкотска за референдум за отцепување „повлече нога“  и за вакви текстови. Иако е познат веќе ставот на граѓаните на Шкотска, кој се изјаснија против независноста, сепак, нема нов текст за тоа дали сега сите овие сепаратисти, кои се набројани и се нашле на картата, ќе се изјаснат против независност. Текстот тргнува од тезата дека независноста на Шкотска  ќе предизвика реакции и кај други делови во Европа, кои сакаат отцепување од државата во којa се наоѓаат. Притоа, на картата се гледаат и малку познати групи, но целиот текст е на база на шпекулација, без ниту еден видлив аргумент зошто тоа би било така: На мапата

Рецензија: Наместо влада во сенка, само „бледа сенка“ од минатото!

на 16. 09. 2014 | |
Ова е текст кој во најмала рака е чуден и тоа од неколку причини. Подолу ќе видиме што му недостасува на текстот од новинарски аспект, но она што прво боде во очи е дека тој е објавен (изворно) во портал кој се занимава со забава и естрада. И, за чудењето да биде поголемо, подоцна истиот тој текст е преземен од портали кои важат за информативни и политички. Инаку, текстот кој е објавен во рубрика „вести“, е полн со коментари и  поговорки на кои не им е местото во политичка анализа, како што сака да ни се продаде ова нешто што се вика текст. Во него преовладува поговорката стар виц нова будала со која длабоко се навредуваат и луѓето, но и

ТВ ДНЕВНИК: Невреме на отворено, информативно „невреме“ на ТВ екраните

на 15. 09. 2014 | |
 

Секоја телевизија во делот на информативните емисии би требало да биде препознатлива, да има свои моменти и да ја исполни улогата која ѝ е дадена. Од една национална телевизија, пак, се очекува во ударниот термин на вестите да биде барем своја. Но, тоа не се случи на 13.09.2014 година (сабота). За што станува збор? Овде ќе се обидеме да ги анализираме вестите, кои како новинарски производ мора да имаат

Рецензија: Продолжува агонијата во СДСМ

на 12. 09. 2014 | |
Овој текст претставува едно од продолженијата на хајката против СДСМ и нејзиното раководство, а кои како мотив го имаат судскиот процес против Зоран Заев. Притоа, главниот напад е насочен кон лидерот на СДСМ, наметнувајќи тези дека тој е скаран со сите околу него. Текстот нуди анонимни „партиски извори“, кои не се знае ниту од каде се, ниту зошто се. Понатаму, тој се „зајакнува“ со познавачите за на крајот епохално да заклучи дека СДСМ сам себе се убил. Линк до оригиналниот напис: Продолжува агонијата во СДСМ Датум и време на објавување: 06.09.12:28 Датум на рецензирање: 08.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ГОЛЕМИ ПРОПУСТИ

Овој текст не нуди никакви аргументи и сериозни информации. Располага со партиски извори кои тврдат дека во СДСМ секој

Рецензија: Заев сам се матираше, сега бара виновници

на 9. 09. 2014 | |
Ова е текст кој сака да инструира приказна за наводна кавга во СДСМ или помеѓу адвокатскиот тим и лидерот на партијата за „лошо водена одбрана“. Притоа, посочени се „според нашите извори“ без никаква поблиско определување дали се од структурата на партијата или, пак, од адвокатскиот тим. Затоа, тешко може да му се верува на „збор“ на овој текст. Згора на сѐ, подоцна текстот шири невистини, затскривајќи се зад „познавачите“. Поради тоа е и неиздржан и недокажлив, па затоа и денеска е на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Заев сам се матираше, сега бара виновници Датум и време на објавување: 03.09.2014, 10:47 Датум на рецензирање: 05.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДЕМАНТИРАНИ ГЛАСИНИ

По сѐ поизвесниoт епилог од судкиот процес каде Заев

Рецензија: Домашни и странски туристи го наполнија Смилевскиот музеј

на 3. 09. 2014 | |
Во Кодексот на новинари се вели: Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со членот 16 од Уставот на Република Македонија. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. И во член 1 стои: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што

Претплатете се за најнови вести