verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Наместо влада во сенка, само „бледа сенка“ од минатото!

on 16 - 09 - 2014       

SDM-stari-kadri-09876-098-crop-resize

Ова е текст кој во најмала рака е чуден и тоа од неколку причини. Подолу ќе видиме што му недостасува на текстот од новинарски аспект, но она што прво боде во очи е дека тој е објавен (изворно) во портал кој се занимава со забава и естрада. И, за чудењето да биде поголемо, подоцна истиот тој текст е преземен од портали кои важат за информативни и политички. Инаку, текстот кој е објавен во рубрика „вести“, е полн со коментари и  поговорки на кои не им е местото во политичка анализа, како што сака да ни се продаде ова нешто што се вика текст. Во него преовладува поговорката стар виц нова будала со која длабоко се навредуваат и луѓето, но и политиките кои опозициската СДСМ ги претстави неодамна.

SDM stari kadriЛинк до оригиналниот напис: Наместо влада во сенка, само „бледа сенка“ од минатото!

Датум и време на објавување: 10.09.2014, 20:46

Датум на рецензирање: 12.09.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕБУЛОЗИ НА КИЛО

Ова е текст кој е далеку од вистината. А, дека е полн со работи кои се далеку од новинарство, етика и морал ќе ви биде јасно само ако го прочитете овој пасус:

Луѓето за сите овие години научија да го препознаат она што во деведесеттите беше и тоа какo доведено до непрепознавање. Научија да ја разоткријат и разобличат суштината на измамата. Народот знае, умее и може да процени, препознае и казни или награди. Никој повеќе не ќе може да му продаде стара крнтија од Фиќо, префарбано во лоша боја, со закачено лого на Мерцедес. Оти луѓето и премногу долго „ги возеа“ во Фиќо, а и доволно долго седат во Мерцедес за да знаат да направат разлика.

Оваа компарација со политиките на СДСМ е како да ја напишал некој третооделенец и притоа добил единица. Таква лоша споредба на нештата, со вокабулар кој најчесто се употребува при маалски игри, се нема одамна прочитано во македонските медиуми. И, каде е тука вистината? Дали ако ова се напише и за владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да биде вистина?

За да провериме ќе дадеме еден пример:

Луѓето за сите овие години научија да го препознаат она што во деведесеттите беше и тоа какo доведено до непрепознавање. Научија да ја разоткријат и разобличат суштината на измамата на ВМРО-ДПМНЕ. Народот знае, умее и може да процени, препознае и казни или награди. Никој повеќе не ќе може да му продаде стара крнтија од Фиќо, префарбано во лоша боја, со закачено лого на Мерцедес, како што тоа денеска го прави владејачката партија.Оти луѓето и премногу долго (веќе 8 години) „ги возат“ во Фиќо, а и дооволно долго седеа во Мерцедес па да знаат да направат разлика.

И? Дали ова би важело и за ВМРО-ДПМНЕ. Секако, па можеби и повеќе.

Исто така, каква е таа споредба дека денеска луѓето се возат во Мерцедес. Кого тоа го прашале и од каде им е заклучокот? Можеби од оние 120.000 семејства кои се дадени на извршител? Или од оние 100.000 семејства кои бараат отпис на долговите? Или, пак, од 30.000 семејства кои немаат пари да платат радиодифузна такса од 200 денари, па им се блокирани сметките? Можеби и тие мислат дека сега се возат во Мерцедес и доста им е веќе од лажното, старо и скапано Фиќо.

Нема никаков извор. Ова е текст кој во целост коментар, а не е ставен во посебна рубрика.

А токму тоа СДСМ на вчерашниот состанок на Извршниот одбор на партијата го направи, за на денешната прес конференција да се обиде да и го пласира на јавноста како најнов модел по кој отсега па натаму социјалдемократите ќе возат на македонската политичка сцена. Е да, само што бајатата формула во ново пакување, тешко дека минува. Ако го погледнете тимот, ќе видите дека сите „нови“ лица се веќе одамна познати. Само маските се измешани, и улогите се променети. А од најавената влада во сенка, нема ниту бледа сенка!

Парадоксот на овој пасус лежи во невистината. Најновиот модел е тоа што го пласираше СДСМ. Од повеќе причини, но најбитно е дека досега никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ, кога со Демократската партија на Петар Гошев го бојкотираше Собранието, не формира комисии, ниту, пак, некакви тела. Затоа и ова е новитет. Другата работа е што никој не најавил нови лица или не знам какви нови кадри. А, каде тоа во светот старите кадри не се добри за во Влада или за во комисии на партијата. Зошто тие работеле со години за партијата, за да не се најдат во нејзините тела? И, на крајот на краиштата, кога тоа поточно греши СДСМ? Сега кога става “стари“ кадри, или, пак, тогаш кога на пратеничките листи ги немаше? Време е да се одлучи. И за делот дека ова не е влада во сенка. А, што е ? Како треба да изгледа влада во сенка. Невидлива? Без луѓе?

 

ПОТСМЕВ? КОЈ ПОТСМЕВ?

Текстот тврди:

Освен тоа, ваквата распределба на колачот веднаш наиде на потсмев и кај јавноста, бидејќи истите луѓе во најголемата опозициска партија повторно си прават „нати го-дај ми го“, при тоа без да имаат кредибилитет за тоа, зашто досегашните резултати и кога биле на позиција и во опозиција им се мат позиција. Кој потег и да го повлекле, се околу себе во пропаст одвлекле. Вклучувајќи ја и партијата, чиј рејтинг е доведен на ова дереџе благодарејќи на нив.

За волја на вистината и по нашата проверка низ социјалните мрежи не заклучивме дека има „потсмев во јавноста“. Навистина има одредени спорадични напади на оваа политика, но тоа е, пред сѐ, од луѓе кои се блиски до владејачката партија.

Во делот каде што се тврди дека се правело „нати го-дај ми го“ е направена материјална грешка. Освен Радмила Шеќеринска, која досега била и на највисокото раководно место во партијата, и во Владата, другите партиски членови се тазе кадри во раководството на СДСМ, при што голем дел од нив досега не биле ниту пратеници, ниту, пак, министри. Затоа, зачудува тезата во која се вели: „Кој потег и да го повлекле, се околу себе во пропаст одвлекле“.

И на крајот текстот „епохално“ заклучува:

Анализирајќи ја „новата формула за успешно делување“ на СДСМ, станува повеќе од јасно дека новиот политички болид кој луѓето од тимот на Заев сакаат да ни го претстават како Формула 1 е всушност старото, раскантано, лошо пребојадисано Фиќо, зад чиј управувач и натаму седи првиот „пилот во сенка“, Бранко Црвенковски.

И повторно не е во дослух со претходните текстови. Па, нели Бранко и Заев не се трпат и не се сакаат. Па, нели и Бранко јасно и гласно кажа дека не ја оправдува политиката на Заев. Како тоа сега се смирија и Бранко си стави свои кадри?

Ова е текст полн со противречности и контрадикторности. Од друга страна, пак, отстуствува било каква интерна логика, а за некаква аргументација и не вреди да говориме. Станува збор за тип на текст за кој се вели дека е „изваден од ракав“, при што претходно изградените ставови по секоја цена морало да се изнесат во првично замислената форма без оглед на тоа што велат фактите. Можеби и поради тоа единствената „добра“ работа е што е објавен во овој забавен портал. Па може да заклучиме и дека текстот бил само мала шега наменет за забава на луѓе кои немаат време да прочитаат попаменти работи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести