verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Прилепско добива две современи фабрики – „Дупонт“ и „Етанол Јуроп рињуаблс лимитед“

on 24 - 10 - 2014       

Fabriki-09876-0987-00-crop-resize

Оваа вест би била коректна доколку не би бил ваков насловот и првиот пасус. Текстот е прилично библиографски, со податоци за новите инвеститори, но насловот е невистинит. Можеби се сакало со него да се засили веста, но тоа не е ниту коректно, ниту дозволиво во новинарството.

FabrikiЛинк до оригиналниот напис: Прилепско добива две современи фабрики – „Дупонт“ и „Етанол Јуроп рињуаблс лимитед“

Датум и време на објавување: 17.10.2014, 16:31

Датум на рецензирање: 23.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ДВАЈЦА ИНВЕСТИТОРИ – ЕДНА ФАБРИКА

Насловот и првиот пасус се невистинити. Имено, нема да се градат две фабрики во Прилепско, туку ќе се гради една фабрика. Две корпорации, всушност, соработуваат за да изградат еден капацитет. Дури авторот во првиот пасус од текстот се побива самиот себеси:

„Прилеп добива две нови фабрики. Ирската компанија Етанол Јуроп Рињуабл и американската ДуПонт наскоро ќе почнат со изградба на најсовремена фабрика за производство на целулозен етанол.“

Како што кажува втората реченица, се работи за две компании кои решиле да инвестираат во една фабрика во Македонија.

Дека ова е така, потврдено е и на веб-страницата biofuelsdigest.com (еден од најугледните билтени за биогорива), каде што се тврди:

„Веста која доаѓа од Скопје, Македонија е дека денеска е потпишан меморандум за разбирање со кој се потврдува заложбата за развој на пазар на целулозен етанол во Пелагонискиот регион меѓу Европа Етанол и Етанол Дупонт.“

И тука е потврдено дека овие две корпорации ќе градат еден капацитет во Пелагонија.

И министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, потврдува дека се работи за една фабрика, а тоа е пренесено и од biofuelsdigest.com :

„Македонскиот министер за странски инвестиции Бил Павлески за медиумите изјави дека проектот вклучува изградба на модерна биорафинерија со капацитет од 100 милиони литри.“

И во текстот подолу се зборува во еднина, за една фабрика, со што се побива тезата искажана во насловот, дека ќе се изградат две фабрики.

Текстот би бил коректен да не е насловот и првата реченица. Вака како што е прикажан насловот, само ги зголемува сомнежите дека можеби се сакало намерно да се преувеличи веста за поголем ефект во јавноста. Тоа е погрешен пристап, затоа што вистината во новинарството е прво правило.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно точни

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести