verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Страшни предвидувања за ГМО храната – за десет години се очекува секое второ дете да има аутизам?!

on 9 - 10 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-Kanal5-Online-GMO-crop-resize

Точно е дека вестите за ГМО храната, посебно ако таа се сака да се претстави како причинител на болести, се впиваат од гледачите како сунѓер. Притоа, јасно е дека медиумот (во овој случај телевизијата) ќе има гледаност и опфатот на таквите вести ќе биде над просекот. Плус, ако најавите и гостин кој ќе зборува на таа тема, тогаш „успехот е загарантиран“. Сите овие мометни ги има овој прилог. Прво, најава за топ тема, второ, наводно спектакуларно откритие за болест и трето – гостин. Но, дали сето ова на крајот на прилогот испадна ексклузивно и дали ги содржи неопходните новинарски елементи ќе видиме од рецензијата.

GMOЛинк до оригиналниот напис: Страшни предвидувања за ГМО храната – за десет години се очекува секо второ дете да има аутизам?!

Датум и време на објавување: 06.10.2014, 19:14

Датум на рецензирање: 08.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ИСТРАЖУВАЊАТА ВЕЛАТ (?!)

Кога некој прилог почнува со „страшни прогнози доаѓаат од американските доктори“ веднаш знаете дека нешто не е во ред со прилогот. За некоја вест да биде сметана како веродостојна „од прва“, едно од најважните правилас е да има извор. Овде очигледно се мислело дека со назнаката „американски доктори“ е решен проблемот. Се знае како во новинарството функционира извор. Име, презиме, институција и адекватно истражување. За да биде работата уште понереална и невистинита, тука уште во најавата на прилогот послужила фразата се очекува, а се заклучува со истражувањата велат. Па, кога има „некои доктори“, „според некои истражувања“ и „се очекува“ може слободно да се заклучи дека текстот има само една цел. Поголема гледаност. Прилогот веднаш се скарал со вистината, а во тоа помогна и гостинката – нутриционист (?!) која зборуваше на оваа тема. Многу проблематично е зошто на ваква тема, за ГМО храна и за аутизам, не биле повикани ниту лекари, ниту агрономи, туку простор му се дал на нутруционист. Точно е дека нутриционистот има познавања (или барем се очекува да има) од тоа што значи здрава храна, но од него не може да се очекува да зборува за аутизмот. Уште на почетокот од разговорот нутриционистот сакаше да се испере од одговорноста за што ќе зборува на оваа тема, со тоа што на неколку пати повтори: „Јас можам да зборувам само за здравата храна“, иако водителот упорно инсистираше да ја натера да зборува за ГМО и за аутизам. Сепак, „победи“ неукоста за овие теми и на крајот излезе дека станува збор за прилог за зелените пазари и за тоа колку е здраво да се јаде свежо овошје и зеленчук.

 

ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПАНИКА

Сепак, не знам дали кога се работел прилогот се размислило што тоа значи „секое второ дете ќе има аутизам“. Дали се имало свест за колкава голема бројка станува збор? Или доволно било да се предизвика паника.

Мора да се знае дека вакви теми, кои во себе имаат нишка на сензационализам и обработуваат многу комплексни теми за здравјето на човекот, се неодговорни и штетни. Тоа кај гледачите може да предизвика лажни симетрии, ама и голем ризик луѓето да избегнуваат да јадат одредени намирници, плашејќи се за своето здравје.

Кога медиумите шират дезинформации и шпекулираат, тоа воопшто не е етички. Според сите новинарски стандарди објавувањето на информации за непроверени „медицински откритија“ е недозволиво.

Вакви текстови, а особено телевизиски прилози, се многу штетни за гледачите. Згора на тоа што немаат ниту еден факт или аргумент во рака. Поради тоа, вакво шарлатанство во медиумите е недопустиво. Дури е и жално во каква ситуација се најде нутриционистот. Затоа, ако би се оценувал овој прилог со оценки од еден до пет, тој по сите основи би добил голема единица.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести