verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, за сега е втор на листата

on 9 - 10 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-029-I-Република-Online-republika_mk-crop-resize

Текстот кој го рецензираме е добар пример како и од што сé може да се направи спин и да се величаат „успесите“ на власта. Се работи за манипулација и измама на читателите со една маргинална и периферно ограничена акција за избор на најдобро илуминирани објекти или групи на објекти и делови на централните урбаните јадра во 16 градови, во изведба на реномираната компанија за производство на светлосни уреди „Филипс“.

Меѓутоа, од тоа е направена бомбастична и лажна информација дека „Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, засега е втор на листата“.

FireShot Screen Capture #029 - 'Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, засега е втор на листата I Република Online' - republika_mkЛинк до оригиналниот напис: Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, за сега е втор на листата

Датум и време на објавување: 06.10.2014

Датум на рецензирање: 07.10.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

СВЕТОТ НЕ Е ОГРАНИЧЕН НА 16 ГРАДОВИ

Во текстот Скопје е претставено како: „главниот град на Македонија засега е втор најдобро осветлен град во светот… Изборот е во тек… Номинирани се градовите низ целиот свет, а Скопје засега се наоѓа на 2-то место со 116 гласови, а прва е Пула во Хрватска која има дури 1.446 гласови“…

Чиста манипулација и невистина. Акцијата и изборот кој го организира „Филипс“ се однесува на само 16 града (Стразбур, Велингтон, Буенос Аирес, Копенхаген, Лајпциг, Лондон, Анкара,Пула, Сеул… Гласајте за ваш фаворит. И ги претставува само илуминираните објекти или групи објекти во централното градско подрачје, а не цел град.
Во образложението за Скопје пишува дека се работи за центар на градот, кој после 1963 година го сменил ликот и со три илуминирани објекти (на фотографијата се Музејот на ВМРО, Археолошкиот музеј и Министерството за надворешни работи) станал атрактивна дестинација и ја сменил сликата на градот на туристичката мапа Скопје, Македонија.

Значи, не се работи ни за каква светска номинација, а уште помалку станува збор дека „Скопје, главниот град на Македонија за сега е втор најдобро осветлен град во светот“

 

ДА СИ ГЛАСАМЕ САМИ ЗА СЕБЕ

Предноста во бројот на гласовите за спомената група објекти од проектот Скопје 2014 е разбирлива, бидејќи медиумот повикува и дава линк каде да гласаме сами за себе и од тоа прави невиден спин од типот: благодарение на овие објекти „Скопје во трка за најдобро осветлен град во светот, за сега е втор на листата“.

Колку се, всушност, граѓаните на другите 16 градови (а, не на цел свет, како што пишува весникот) незаинтересирани да се вклучат и да гласаат во овој „натпревар“ зборува податокот дека во моментот на рецензијата, на пример, илуминациите на објектите во Лондон и Лион имаа само 15 гласа, Лајпциг и Копенхаген 13, Сеул 14, Стразбург 27, Буенос Аирес само 8, а Скопје 5.422 со што повќе не е ни втор, туку „прв најдобро осветлен град во светот“ – Граѓаните одлучуваат за награда.

 

СКРАТЕНА СОДРЖИНА

Содржајноста е битен елемент на секоја новинарска приказна. Во овој случај читателите се осиромашени за информацијата дека „Филипс“ овој вид на избор на најдобро илуминирани објекти или квартови го установил 2003 година не само за да ги претстави објектите кои ги илуминирал и со тоа ја збогатил урбаната средина, туку и дека истовремено ја подобрил енергетската ефикасност и привлечност на одредени квартови во градовите. Целта на целиот проект е, всушност, да се покаже како со осветлувањето може на најдобар начин да се привлече внимание на граѓаните кои тука живеат или го посетиле градот – Големи илуминации.

Не е испочитуван Член 1 на Кодексот на новинарите на Македонија.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести