verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Лажна вест е дека Елена Лука е пациентката заболена од коронавирус

на 4. 03. 2020 | |
[Рецензија:Елена Лука е заболената од коронавирус] Првиот потврден случај на заболен од коронавирус во Македонија ја крена на нозе целата јавност. Министерството за здравство потврди дека првиот случај на овој нов вирус во земјата е 50 годишна жена од Скопје која месец дена престојувала во Италија. Пациентката е сместена на Инфективната клиника во Скопје, а во домашна изолација се ставени осум патници и возачот на комбето со кое се превезувала

Барајќи го Заев под албанското знаме заборавиле да ја довршат веста

на 3. 03. 2020 | |

[Рецензија: Под албанско знаме Заев потпиша коалиција со Беса] Вест со тенденциозен и невистинит наслов не служи за информирање на читателите туку за политичка пропаганда. И покрај тоа што внатре содржи точни податоци за настанот за кој известува, сепак оваа информација од аспект на новинарски стандарди се оценува негативно.
Линк до оригиналниот напис: Под албанско знаме Заев потпиша коалиција со Беса Датум и време на објавување: 27.02.2020 Датум на рецензирање: 2.03.2020 Рецензент: Југослава Дуковска 

Предрасудите на новинарите се неетички и непрофесионални

на 3. 03. 2020 | |
Илустрација

За можноста за формирање трилатерална коалиција меѓу Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива се уште се известува во медиумите (во моменти кога е пишувана оваа рецензија), иако едната партија во неколку наврати ја негираше можната соработка со другата. Новинарот лично не може да предрасуди со зборовите дека тоа било „измама на деценијата“. Ова е тотално непрофесионално

Фотографија од веста што се прегледува
Линк до оригинален напис: „Дали ќе

Твит што поттикнува шовинизам и омраза

на 3. 03. 2020 | |
[Рецензија: „Reservoir Dogs“, статус на „Твитер“] Статусите на Твитер налозите можеби не се дел од новинарството, но кога ги објавуваат новинари и телевизиски и радио-водители стануваат дел од корпусот на етичкото однесување во јавноста, посебно кога станува збор за ширење национална нетрпеливост, омраза кон одредени етнички групи, расистичко однесување…
Линк до оригиналниот напис: Статус на Јанко Илковски on Twitter Датум и време на објавување: 24.2.2020, 22:30 Датум на рецензија: 26.2.2020 Рецензент: Стојан Синадинов Социјалните

Вест бајата пет години пласирана како нова

на 2. 03. 2020 | |
[Рецензија:УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!] Сензационалниот наслов: ,,УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!”, несомнено го привлекува вниманието, а во случајов тоа се случило со 1.680 луѓе кои ја прочитале веста објавена на „Доказ“ на 28 февруари годинава. Главниот проблем е во тоа што веста е стара пет години.
Линк до оригиналниот напис: УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!Датум и време на објавување: 28 февруари 2020Датум на

Дали Северна Кореа навистина егзекутираше пациент со ,,коронавирус”?

на 2. 03. 2020 | |
[Рецензија:Северна Кореа егзекутираше едно лице заразено од корона вирус, за да спречи понатамошно ширење ] На македонските медиуми не им избега сензационалната вест за наводен случај на заболен од коронавирус во Северна Кореа, кој, наводно, бил застрелан од тамошните власти кога го прекршил правилото за карантин и заминал во јавен тоалет. Според краткото истражување во пребарувачот Гугл, првпат на македонскиот интернет простор ваквата вест е преведена на тринаесетти февруари, а

Сензационалистичка и неодговорна објава дека Нострадамус го предвидел коронавирусот!

на 2. 03. 2020 | |

[Рецензија: „Голема чума во поморскиот град“: Нострадамус го предвидел коронавирусот, а еве кога ќе запре…] Не поминува ни едно поголемо светско случување, а да не се поврзе со Нострадамус и неговите предвидувања. Како и многупати досега, медиумите успеаја и коронавирусот да го поврзат со Нострадамус, а целта е една и единствена – преку сензационализам до што повеќе кликови и читаност на текстовите.
Линк до текстот: „Голема чума во поморскиот град“:

Игнорирајте информации без јавен интерес каква што е оваа псевдо вест

на 28. 02. 2020 | |
Илустрација

Кога се намалува бројот на настани со јавен карактер, обично има зголемување на бројот на празни текстови што кружат како информации, но воопшто немаат јавен интерес. Желба за препукување со некого, фотографија од архивата, наслов кој личи како за вистински целосен текст… и тоа едоболно да се формира празен текст или псевдо новинарски производ. Веста што ја разгледуваме е таква

Фотографија од веста што ја разгледуваме
Линк до оригиналниот

Сеењето поделби и дискриминација е спротивно на Кодексот на новинарите

на 28. 02. 2020 | |
Линк до оригиналниот напис: Провинцијалки ни го окупираа Скопје – ,,Доаѓаат, студираат, а потоа прават се да се омажат овде” Датум на објавување: 23.02.2020 Датум на рецензирање: 26.02.2020 Рецензент: Мирослава Бурнс
Во членот 10 од Кодексот на новинарите се утврдува принципот дека новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа

Дезинформација е дека Димитров не ја пријавил лажната оставка во Обвинителството

на 27. 02. 2020 | |
Од саркастична објава на социјалните мрежи на министерот за надворешни работи Никола Димитров конструиран е текст кој што е тенденциозен, едностран и шири дезинформации. Во текстот се тврди дека Димитров не побарал истрага за лажната вест објавена за него во октомври минатата година, во која се тврди дека тој дал оставка, а за тоа беше објавен и фалсификуван документ, потпис и печат.
Линк до оригиналниот напис: Посебниот случај на Никола

Претплатете се за најнови вести