verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Маски се носат и во Тетово, Владата не „аминувала“ никакво олеснување на барање на Теута Арифи

на 24. 04. 2020 | |
[Рецензија:Теута Арифи успеа да ја убеди Владата против задолжителното носење маски во Тетово] Комплетна шпекулација – која се однесува на режимот на носење на лична заштитна опрема во Тетово, беше пласирана како точна информација во ударните вести на една национална телевизија. Во неа тенденцизно се тврди дека градоначалничката на тетовската општина успеала да издејствува од Владата да не бидат целосно почитувани донесените мерки во овој град, кој заедно со Куманово

Исто е дали некој ,,оздравел” или ,,се излекувал” од коронавирус

на 24. 04. 2020 | |
[Рецензија: НЕ ГО КРИЈТЕ ТАЈНИОТ ЛЕК: Филипче, со што ги излекувавте тие 48 пациенти од денешното соопштение од кои 42 дома?] Во текстот со провокативен тон се инсинуира дека има некоја огромна и непоправлива разлика меѓу термините „оздравен“ и „излекуван“ и дека Министерството за здравство го користи терминот „излекуван“ со некоја посебна цел, најверојатно се мисли на тоа дека овој термин асоцира на лекување со некаков лек, некаква терапија или

Шпекулација е дека само Уставниот суд може да ги врати пратениците во Собранието

на 24. 04. 2020 | |
[Рецензија:Само Уставниот суд може да ги врати пратениците во Собрание и никој друг] Текстот е шпекулативен, едностран, а за изнесеното тврдење на читателите не им нуди сериозна и издржана потврда дека напишаното е точно.
Линк до оригиналниот напис: Само Уставниот суд може да ги врати пратениците во Собрание и никој друг Датум и време на објавување: 22.4.2020 Датум на рецензија: 23.4.2020 Рецензент: Симона Атанасова Освен ситуацијата со вирусот Ковид 19, изминатиов период во јавноста

Наслов со ветувачки факти, текст со испорачани половични „факти“

на 24. 04. 2020 | |

Колку е точна новинарска статија, покажува тоа колку е заснована врз факти. Иако фактите се пренесени со зборови, тие треба да се засноваат на потврдени податоци, а не врз претпоставки. Недостиг на фактички податоци, има и во написот што беше разгледан и претставен пред вас

Скриншот од веста што се разгледува
Линк до оригиналниот напис:  „Каде и како завршуваат донациите на семејствата на Заев и Мицкоски?“   Ku dhe si përfundojnë

Прикажана само едната страна на приказната

на 23. 04. 2020 | |
[Рецензија: Апостолоска до Филипче: Нит лекар ме прегледал, нит терапија, само ме изолиравте за други да не заразувам] Текстот што го рецензираме е нецелосен, не нуди доволно информации, ја дава само едната страна на приказната и на тој начин создава погрешна слика во јавноста.
Линк до оригиналниот напис:Апостолоска до Филипче: Нит лекар ме прегледал, нит терапија, само ме изолиравте за други да не заразувам Датум и време на објавување: 21.04.2020 Датум

Три главни причини за појава на заговорнички теории

на 23. 04. 2020 | |
Илустрација
Зошто во вонредни ситуации гледаме заговори насекаде? Во оваа вонредна состојба станува забележително дека не само што секојдневно се зголемува бројот на лажни вести и дезинформации, но се зголемува и бројот на сосема неверојатни теории на заговор. Приказни кои на рационалниот ум му делуваат како да се излезени од среден век стануваат општо прифатени вистини од голем број граѓани и се шират побрзо од корона вирусот. Се зборува за

Злонамерно извртување на ставот на Брисел кон нашите маки со короната

на 22. 04. 2020 | |
[Рецензија: Сега и дефинитивно! Нема медицинска опрема за Балканот: ЕУ си го кажа своето…] Во деновите кога стана дефинитивно јасно дека земјава влегува во преговори со ЕУ и дека Република Северна Македонија го надминува својот претходен статус на тој план, се појавија и текстови кои во медиумите настојуваат да го минимизираат тој напредок. Еден од нив е и овој текст во кој се пласира лажна информација за помошта која Унијата

Зборот „респиратор“ нема исто значење на англиски наспроти македонски, албански или српски

на 22. 04. 2020 | |
Снимки на екранот на написи од Википедија за „ventilator“ на англиски и „respirator“ на босански.
Во екот на пандемијата на Ковид-19, кога многу луѓе на кои тој јазик не им е мајчин читаат вести или комуницираат на англиски, важно е да се напомене дека има разлика во значењето на зборот „респиратор“ во различни јазици Пишува: Тимот на „Критинк“ Во многу европски јазици, зборот  „респиратор“ се користи како кратенка за „респираторна машина“,

Од обична велигденска честитка, до инсинуации за мито на лекарите

на 22. 04. 2020 | |
[Рецензија: Ги навреди ли Шекеринска докторите и си поигра ли со најголемиот христијански празник Велигден?] Интригантниот наслов: „Ги навреди ли Шекеринска докторите и си поигра ли со најголемиот христијански празник Велигден? “, предизвикува внимание. Се очекува дека во текстот ќе биде поткрепен барем со изјава од споменатата политичарка. Но, наместо тоа, се инсинуира прашање за поткуп, наводно, поставувано од граѓаните, со што се спинува дека во јавноста постои ваква

Момчето со кучето е приведено според наредба на МВР, а не на функционер на СДСМ

на 22. 04. 2020 | |
[Рецензија: Функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче] Овој текст лажно обвинува функционер на Министерството за внатрешни работи дека наводно наредил апсење на момче од Скопје кое го прекршило полицискиот час шетајќи го своето куче. Демантот за тоа во текот на истиот ден по објавувањето на написот пристигна од МВР, а во него се се појаснува кои биле околностите за приведувањето на момчето со кучето.
Линк до оригиналниот напис: Функционер на

Претплатете се за најнови вести