verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест бајата пет години пласирана како нова

on 2 - 03 - 2020       

[Рецензија:УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!]

Сензационалниот наслов: ,,УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!”, несомнено го привлекува вниманието, а во случајов тоа се случило со 1.680 луѓе кои ја прочитале веста објавена на „Доказ“ на 28 февруари годинава. Главниот проблем е во тоа што веста е стара пет години.

Линк до оригиналниот напис: УЖАС: Штипјанец се обидел да силува поп!!!Датум и време на објавување: 28 февруари 2020Датум на рецензирање: 1 март 2020Рецензент: Мирослава Бурнс 

Со помош на пребарување на агрегаторот Тајм.мк, се открива дека веста била објавена на „ТВ. Стар“ на 25 март 2015 година и потоа преземена од повеќе медиуми. Но, во случајов, се носи одлука текстот да се реобјави, без сериозна потреба, повод, причина, без јасно и прецизно наведување на фактот дека веста е стара пет години.  Во оваа објава  единствено е направен обид да се оправда несериозната постпака преку воведната реченица: ,,Ретро за попот, оти е смешно”.Не е јасно што е смешно, зошто оваа пет години стара информација заслужила простор на порталот во 2020 година?!Сензационализмот и бескрупулозната борба за кликови, без оглед на квалитетот на содржините, создава конфузија кај читателите, односно ги манипулира дека настанот е штотуку случен. Ретко кој би се помачил да проверува датум на објава на информацијата. Авторот кој ја реобјавува веста, не ги информира прецизно читателите дека станува збор за стар полициски билтен, не ја надополнува веста со новитети што би бил единствениот логичен повод таа да се објавува туку во манир кој сугерира вообичаено новинарско известување пишува дека ,,вчера” триесет и деветгодишен штипјанец во населбата Сењак се обидел да силува свештено лице. Од ова се добива лажна перцепција дека настанот се случил претходниот ден, што не е точноЗгора на се, во текстот се атрибуира известувањето на „ТВ Стар“, која навистина известила за настанот, но многу одамна.Основната дејност на новинарството и информативните жанрови не е да реобјавуваат вести стари пет години, туку да продуцираат нови, актуелни информации од полза за граѓаните.  Ваквото ,,анимирање“ на јавноста во сензационална борба за кликови е неодговорно и целосно непрофесионално.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести