verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Админ

Медиумите не треба да пренесуваат митови за корона вирусот од социјалните мрежи

на 13. 03. 2020 | |
[Рецензија: Италијански лекар што работеше во Кина дава совети за избегнување на заразата] Неодговорното пренесување на разни неточни, а раскринкани текстови и информации во ситуација на сеприсутен страв на јавноста поради ширењето на новиот корона вирус  COVID-19 не би требало да се случува во медиумите. Но, за жал се протнуваат и објави како оваа. Во неа се изнесени „совети“ од неименуван италијански лекар (не знаеме дали навистина станува збор за

Ширењето сомнителни тези за коронавирусот е крајно неодговорно

на 12. 03. 2020 | |
[Рецензија: Д-Р СЛАЃАНА ВЕЛКОВ: КОРОНА Е НАЈОБИЧНА ПРЕХЛАДА – СЕКОИ ДВЕ ГОДИНИ НЕ ЗАМАЈУВААТ СО ЗИКИ-МИКИ СВИНСКИ И НЕЗНАМ КАКВИ ГРИПОВИ] Тезите на личности како Слаѓана Велков,  која е противник на утврдените сознанија на медицината како што се придобивките од вакцинирањето, а била предмет и на истраги против ширење на паника, не би смееле да најдат место на веб-сајт кој би сакал да биде сфатен сериозно. Иако во текстот што го анализираме, покрај нејзините

Неодговорно е објавувањето неумесни шеги со коронавирусот

на 11. 03. 2020 | |
[Рецензија: Филипче: Директорката ќе биде наградена, кивала во лакт!] Намерата на насловот на текстот што го рецензираме е да се направи шега на сметка на министерот за здравство, Венко Филипче, но сериозноста на ситуацијата со коронавирусот, апсолутно не допушта вакви неумесни шеги кои не се од никаков јавен интерес. Текстот се коси со новинарските и етичките стандарди во известувањето, имајќи предвид дека точното информирање е клучно во вакви состојби.
Линк до оригиналниот напис: Филипче: Директорката

Граѓани реагираат на ширење дезинформација за корона вирусот во медицинското училиште во Битола

на 11. 03. 2020 | |
ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола, фото: Off road Macedonia/Google maps. Деновиве низ Битола се шири демантирана дезинформација според која професорка од средното медицинско училиште наводно била на пат заедно со директорката на скопската клиника, која се вратила од Италија инфицирана со новиот корона вирус Ковид-19.
Снимка од екранот на еден од постовите што ја шири дезинформацијата по групи на Фејсбук. Кликнете за поголема верзија.
Со ваквите дезинформации, промовирани преку локални групи на

Новинарите треба да ги критикуваат градоначалниците, но со вистината како оружје

на 11. 03. 2020 | |
[Рецензија: ЌЕ ИЗГPAДИ ЛИ НEШТО ЗА ПРОМЕНА: Шилегов најави дека повторно ќе pyши] Наведената содржина претставува очебиен напад врз скопскиот градоначалник Петре Шилегов, поради најавата дека ќе се отстрани една галија од коритото на Вардар во центарот на Скопје. Во текстот се прави директен атак врз Шилегов дека ништо не изградил, а само уривал – што не одговара на вистината. Исто така, на Шилегов му се припишува уште една грешка, за којашто

Новинарот не смее да се крие зад „партиските“ извори

на 11. 03. 2020 | |
Илустрација Анализите со непостоечки експерти и употребата на тајни извори станаа секојдневна рутина за некои медиуми. Новинарот е должен да ги презентира фактите, дури може и да коментира, но тоа не е интегрален дел од вестите, но тој никако не смее да се претстави себеси како експерт за сите прашања и да ја злоупотребува фразата „анонимни извори“ 
Фотографија од веста што се разгледува
Линк до оригиналниот напис: „Дали Беса беше потценета

Текстот намерно ја прави докторката Цаца Биљановска „миленичка“ на Филипче

на 10. 03. 2020 | |

[Рецензија:(ВИДЕО) Заразената докторка миленичка на министерот Венко Филипче?] Насловот на текстот што го рецензираме, не нуди никакви докази дека докторката  заразена со коронавирус Нина Цаца Биљановска, директорка на Клиниката за кожни болести, наводно, му била миленичка на министерот за здравство, Венко Филипче. Тврдењето во насловот, а подоцна и во текстот, се базира на видео од докторката кое било објавено на официјалниот фејсбук-профил на Филипче, а тоа не е никаков доказ

Директорката болна од коронавирус не била на свадба кај Љупчо Николовски

на 10. 03. 2020 | |
[Рецензија: Паника во СДСМ: Директорката која има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски] Текстот што е предмет на оваа рецензија тврди дека пациентката со коронавирус, односно директорката на Кожна клиника, била на свадбата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Оваа информација не е точна.
Линк до оригиналниот напис: Паника во СДСМ: Директорката која има коронавирус била на свадба кај Љупчо Николовски Датум и време на објавување: 9 март 2020 14:27

Ни куфери, ни пари кај Меџити, а се пласираат како факти

на 10. 03. 2020 | |
Илустрација Кога медиумите зборуваат за вредноста на пари и споменување на куфери, соодветно е да се истакнат нивните извори или барем да се видат слики или снимки од  куферите и парите. Сепак, во написот што го разгледавме, ги нема ниту куферите, а ниту парите
Скриншот од текстот во Арена
Линк до оригиналниот напис: “(ФОТО) Изет Меџити се враќа од ОЕА со два куфера со долари   Izet Mexhiti kthehet nga Emiratet

Тенденциозна објава за дискредитација на Шилегов

на 9. 03. 2020 | |
[Рецензија: РАКИЈА НЕ ЛЕЧИ КОРОНА – ПЕТРЕ ДА НЕ ТЕ ЛАЖАТ: Зошто градоначалникот на Скопје не е во карантин?] Станува збор за тенденциозна содржина создадена врз основа на статус на социјалните мрежи на уредникот на порталот кој го објавува написот. На фотографијата снимена и презентирана во склоп на текстот е прикажана личност фотографирана од зад грб и со полувидлив лик, а за кој во текстот се тврди дека е градоначалникот

Претплатете се за најнови вести