verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Граѓани реагираат на ширење дезинформација за корона вирусот во медицинското училиште во Битола

on 11 - 03 - 2020       

ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола, фото: Off road Macedonia/Google maps.

Деновиве низ Битола се шири демантирана дезинформација според која професорка од средното медицинско училиште наводно била на пат заедно со директорката на скопската клиника, која се вратила од Италија инфицирана со новиот корона вирус Ковид-19.

Снимка од екранот на еден од постовите што ја шири дезинформацијата по групи на Фејсбук. Кликнете за поголема верзија.

Со ваквите дезинформации, промовирани преку локални групи на Фејсбук, се нарушува угледот на вработените во училиштето и се поткопува довербата во институциите на системот.

Во Општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола настава посетуваат неколку стотини ученици и дезинформацијата има предизвикано паника кај нивните семејства, како и кај пошироката заедница.

За да ја информира јавноста, директорката на училиштетото преку неговата официјална Фејсбук-страница го објави следното соопштение – демант (снимка):

Почитувани родители и ученици. Чувствувам обврска да одговорам на лажните вести и клеветите кои се шират низ порталите. Никој од вработените во нашето училиште не беше на скијање во Италија или на ризични места. Некој сака непотребно да шири паника и да наштети на угледот на училиштето. Со почит, в.д. директор Наташа Илиева.

Во врска со случајот забележлива е и појавата дека совесни граѓани се спротивставуваат на ширењето на лажната вест со тоа што споделуваат предупредувања за неа.

Штрумфета@shtrumfeta_

Во Битола се шират лажни вести дека професорка од средното медицинско била заедно со директорката од Скопје во Италија.
Ретко кој го видел демантот на школото. Родителите паничат. Општ хаос. И се тоа од поривот на една личност да си сподели лажна вест.169:36 AM – Mar 11, 2020Twitter Ads info and privacySee Штрумфета’s other Tweets

Во ситуации на кризи и општа опасност ангажманот на граѓаните, кои се трудат да ги спречат ширењето на паника и поттикнуваат дебата врз основа на проверени податоци, е исклучително важно.

Случајот на заразената директорка на Клиниката за дерматологија во Скопје, која неколку дена била на работното место, наместо да ги применува правилата на Министерството за здравство според кои лицата кои се враќаат од ризични земји, како Италија, треба да отседат дома 14 дена во карантин и да информираат ако забележат симптоми, веќе беше злоупотребуван во пропагандни цели. Прочитајте ги проверките на факти со кои се разоткриваат и тие дезинформации, претходно објавени од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“:

Помогнете во спречувањето на дезинформациите и паниката со тоа што ќе ги споделувате проверените информации засновани врз проверка на факти од професионални новинари.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести