verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неодговорно е објавувањето неумесни шеги со коронавирусот

on 11 - 03 - 2020       

[Рецензија: Филипче: Директорката ќе биде наградена, кивала во лакт!]

Намерата на насловот на текстот што го рецензираме е да се направи шега на сметка на министерот за здравство, Венко Филипче, но сериозноста на ситуацијата со коронавирусот, апсолутно не допушта вакви неумесни шеги кои не се од никаков јавен интерес. Текстот се коси со новинарските и етичките стандарди во известувањето, имајќи предвид дека точното информирање е клучно во вакви состојби.

Линк до оригиналниот напис: Филипче: Директорката ќе биде наградена, кивала во лакт!

Датум на објавување: 9 март 2020 г.

Датум на рецензирање: 11 март 2020 г.

Рецензент: Силвана Жежова

Докторката не се откажала од секојдневните обврски, организирала и семинар, но присутните ми потврдија дека цело време кивала во лакт, како што е пропишано во правилникот за поставување, истакна Филипче на прес-конференцијата.

Оваа медиумска содржина е потпишана од „Пиперка Ајварка“, а во објаснувањето за рубриката „Двоглед“ во којашто е објавен, се вели дека „целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна“.

Но, прогресијата на состојбата со коронавирусот (гледано во пошироки рамки, не само вонашата земја), не дозволува невкусен хумор. Особено не треба вниманието на јавноста да биде насочувано кон измислени изјави објавувани дури и во вакви несериозни рубрики. Тоа воопшто не дава корисни информации за правилно информирање на граѓаните и што е најважно, не помага за превенцијата од вирусот.

Текстот е објавен на 9 март, денот кога се затвори цела Клиника за кожни болести и кожното одделение во Штип, и кога близу 200 луѓекои имале посреден или непосреден контакт со заразената докторка Нина Цаца Биљановска, беа ставени во домашна изолација. Од ова подоцна произлегоа и построгите мерки на Владата, со кои, меѓу другото се затворија и сите образовни институции. Оттука се поставува прашањето, кому му е до шега во ваква ситуација на криза?

Иако, постои обид за исмејување на Филипче поради несериозниот однос на докторката Цаца Биљановска, и терање мајтап со една од препораките  (кивање во лакт), со вакви текстови не се дава придонес во правилното информирање – клучната улога што медиумите ја имаат во овие моменти за граѓаните.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми,се вели во член 8. од КОДЕКСОТ на новинари.

Здружението на новинари на Македонија и Советот за етика во медиумите постојано апелираат новинарите одговорно да известуваат за состојбата со коронавирус.

Во врска со појавата на случај на корона вирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста, се вели во апелот на СЕММ.

На одговорно известување повика и Европската федерација на новинари (ЕФН), од каде што посочуваат дека новинарите имаат обврска да објавуваат точни податоци од официјални извори како што се оние од Светската здравствена организација и истите да бидат во согласност со Етичкиот кодекс на новинарите. ЗНМ пак им порача на граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат за овие теми и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми.

Имајќи ги предвид сите овие апели од фелата, препораките од Министерство за здравство, напорот кој здравствените работници го вложуваат за контрола на состојбата, објавувањето шеги и текстови од овој тип е неумесно и неодговорно.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести