verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ширењето сомнителни тези за коронавирусот е крајно неодговорно

on 12 - 03 - 2020       

[Рецензија: Д-Р СЛАЃАНА ВЕЛКОВ: КОРОНА Е НАЈОБИЧНА ПРЕХЛАДА – СЕКОИ ДВЕ ГОДИНИ НЕ ЗАМАЈУВААТ СО ЗИКИ-МИКИ СВИНСКИ И НЕЗНАМ КАКВИ ГРИПОВИ]

Тезите на личности како Слаѓана Велков,  која е противник на утврдените сознанија на медицината како што се придобивките од вакцинирањето, а била предмет и на истраги против ширење на паника, не би смееле да најдат место на веб-сајт кој би сакал да биде сфатен сериозно. Иако во текстот што го анализираме, покрај нејзините тези се изнесени и контроверзиите околу неа и некои реакции на нејзините тврдења, во него, сепак процентуално преовладуваат мислењата на Велков. Па, оттаму текстот може да се опише како пренесување дезинформации и создавање лажна слика за сериозноста на ситуацијата со новиот коронавирус, која од Светската здравствена организација веќе е категоризирана како пандемија.

Линк до оригиналниот напис: Д-Р СЛАЃАНА ВЕЛКОВ: КОРОНА Е НАЈОБИЧНА ПРЕХЛАДА – СЕКОИ ДВЕ ГОДИНИ НЕ ЗАМАЈУВААТ СО ЗИКИ-МИКИ СВИНСКИ И НЕЗНАМ КАКВИ ГРИПОВИ

Датум и време на објавување: –

Датум на рецензирање: 11.03.2020

Текстот пренесува Фејсбук-пост на Слаѓана Велков, која деновиве на својот личен профил има многу објави за тоа дека во случајот со новиот коронавирус станува збор за заговор против човештвото или заговор на фармацевтската индустрија заради  профит, и дека новиот корона вирус не е опасен. Таквите тези се шират најчесто на социјалните мрежи и на одредени сајтови кои веќе биле идентификувани како извори на дезинформации, но нивното медиумско пренесување е апсолутно неодговорно, бидејќи сериозната наука укажала и укажува на нивната неточност.

Во овој напис доминира ставот на Велков и тој е во целост илустриран со нејзини фотографии. Со вака конципираниот напис несомнено дека се шират дезинформации и се поддржуваат непоткрепени ставови на  личност за која се врзуваат многу контроверзии.

Слаѓана Велков на балканските простори е позната како поборник на нетрадицоналната „медицина“, веган и  противник на вакцинирањето, а досега била вклучена во кривични истраги поради ширење паника во врска со вакцините. Текстот ги изнесува нејзините шпекулации дека новиот вирус го создале фармацевтски компании и дека нема опасност, бидејќи бил „најобична прехлада“ (најобична настинка), која би можела да влијае само кај постари лица и лица со нарушен имунитет.

Со пренесувањето на нејзините зборови текстот  оди сосема спротивно на признатите авторитети и институции, како Светската здравствена организација, која веќе прогласи пандемија на новиот коронавирус, и кои зборуваат за висока заразност и за сериозни компликации кај пациенти од најразлични возрасти.

Во ситуација кога дури и врвот на ЕУ се собра да дискутира за тоа што да се преземе за да се спречи ширењето на вирусот и како да се реагира, а СЗО и националните здравствени власти низ светот интензивно предупредуваат на внимателност, пренесувањето на мислењето и ненаучните тези на личност како Слаѓана Велков, во најмала рака е крајно неодговорно. Посебно што,  и самиот текст вели дека „во Србија дури се покрена иницијатива да се испита дали таа навистина завршила медицински факултет“, па прашање е зошто токму нејзиното мислење е единственото што јасно (и изобилно) се цитира во написот.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести