verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозна објава за дискредитација на Шилегов

on 9 - 03 - 2020       

[Рецензија: РАКИЈА НЕ ЛЕЧИ КОРОНА – ПЕТРЕ ДА НЕ ТЕ ЛАЖАТ: Зошто градоначалникот на Скопје не е во карантин?]

Станува збор за тенденциозна содржина создадена врз основа на статус на социјалните мрежи на уредникот на порталот кој го објавува написот. На фотографијата снимена и презентирана во склоп на текстот е прикажана личност фотографирана од зад грб и со полувидлив лик, а за кој во текстот се тврди дека е градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Дел од фотографијата е заокружен и на прв поглед не е јасно што сè сака да се покаже или постигне со тоа.Во самиот статус, пак, се тврди дека Шилегов пред три дена се вратил од Мадрид, а дека Владата донела уредба, според која, сите патници кои биле во Шпанија мора да бидат тестирани за коронавирус и да се стават во 14 дневен карантин.Па, освен проблематичнта фотографија за која не може да се заклучи кога и каде е снимена, како и со сигурност да се каже кој е ликот на неа, со објавата се пласира и невистинита иформација. Имено, Владата нема донесено уредба со која на сите патници кои биле во Шпанија им се наложува да бидат тестирани за коронавирус и да се стават во 14 дневен карантин.

Линк до оригиналниот напис:РАКИЈА НЕ ЛЕЧИ КОРОНА – ПЕТРЕ ДА НЕ ТЕ ЛАЖАТ: Зошто градоначалникот на Скопје не е во карантин?
Датум на објавување: 6 март 2020

Датум на рецензирање: 7 март 2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Фактички, Шпанија како дестинација, воопшто не е дел од кризните подрачја наведени во мерката на Владата. Подрачјата кои според владината препорака се сметаат за кризни и чии посетители не треба да одат на работа, училиште и треба да се пријават на телефоните на центрите за јавно здравје се  Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван.

Точно е дека на Клиниката за инфективни болести беа тестирани двајца доктори за присуство на коронавирус, кои допатувале од Мадрид. Но, причината поради која тие беа тестирани, па по негативните резултати ставени во двонеделен карантин, беше тоа што тие присуствувале на професионална обука во Мадрид на која еден од предавачите имал коронавирус. За сите други граѓани, патувањето во Шпанија не е основ за неодење на работа или карантин, како што овој текст бара „карантин за Шилегов“. Но, освен неточноста на изнесеното, за забележување е и тоа што се инсинуира дека градоначалникот, наводно, се лечи од корона со ракија?!

Ама, Петре наместо под клуч паламуди за споменици.

Друже, мит е инфото дека со ракија се убивала корона. Иди провери се и заклучи се дома, ПИШУВА главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски.

Се добива впечаток дека оваа тенденциозна медиумска објава е направена со единствена цел да се омаловажи, дискредитира градоначалникот Шилегов и да се наруши неговиот личен углед. Ваквиот начин на пишување и пласирање на информациите е спротивен на принципите зацртани во новинарскиот Кодекс и во Прирчникот за етика во новинарството.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести