verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ни куфери, ни пари кај Меџити, а се пласираат како факти

on 10 - 03 - 2020       

Илустрација

Кога медиумите зборуваат за вредноста на пари и споменување на куфери, соодветно е да се истакнат нивните извори или барем да се видат слики или снимки од  куферите и парите. Сепак, во написот што го разгледавме, ги нема ниту куферите, а ниту парите

Скриншот од текстот во Арена

Линк до оригиналниот напис: “(ФОТО) Изет Меџити се враќа од ОЕА со два куфера со долари   Izet Mexhiti kthehet nga Emiratet me dy valixhe me dollarë

Датум на објавување: 01.02.2020

Датум на рецензија: 06.02.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

Наслов што манипулира со јавноста

Споменувањето на куферите и доларите во насловот секако е голема мамка што медиумот ја користел за да привлече читаност, што се случи и со нас.

“(ФОТО) Изет Меџити се враќа од ОЕА со две куфера со долари”, се вели во насловот на текстот што го разгледуваме.

Но, иако насловот зборува многу и вели дека има и фотографија, во написот не се наоѓа ниту „К“ од куферите во насловот, а камоли за доларите споменати во насловот. На пример, на фотографиите прикачени на статијата, се гледа дека членот на ДУИ, Изет Меџити, кој е апострофиран во насловот и написот, седи со некои луѓе, додека никаде не се забележуваат куферите и доларите.

Многу текст, а нема содржина 

Најавата од насловот, иако има многу зборови во текстот, нема содржина, т.е. насловот не е потврдена со релевантна информација или извор.

„Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, престојува во Обединетите Арапски Емирати, каде што одржи разни состаноци со арапските донатори во пресрет на парламентарните избори на 12 април. Неофицијални информации велат дека Меџити заедно со Абдулкадер Мемеди, се разбира, по наредба на Али Ахмети, отпатуваа во Обединетите Арапски Емирати за да побараат средства од арапските шеици. Неофицијално се вели дека Изет Меџити од ДУИ, од средбите со шеиците собрал две куфери со долари за предизборната кампања на ДУИ“, стои во написот што го разгледуваме.

Од ова заклучуваме дека медиумот преку својот бомбастичен и сензационален наслов ја манипулира јавноста и ја дезинформира. Овој напис го крши Етичкиот кодекс на новинарите затоа што се објавени непроверени информации. Но, заедно со информациите, според прирачникот Критинк, и фотографиите морат да бидат проверени.

Оттаму, може да се заклучи дека медиумот го применил и концептот на манипулација „повик на можност“, преку што се создава тенденција да се верува дека можноста нешто да се случи, е доказ дека ќе се случи. На пример, фактот дека Меџити се сретнал со шеиците, не значи дека тој отишол да собере средства за кампањата.

 Станете медиумска лупа

Да се биде информиран не значи дека треба да ги земете сите информации здраво за готово. Денес, кога информациите се пренесуваат премногу брзо како резултат на зголемувањето на бројот на онлајн-медиуми што не се регулирани со закон, може да ве направат и вас актер во зголемувањето на дезинформациите. Значи, за да го спречите ова, можете и вие да бидете лупа каде што информациите би биле филтрирани. И во зависност од тоа дали ќе најдете потврдени изворите во одредени написи во медиумите, ќе решите дали на истите ќе им поверувате и дали треба да ги пренесете на другите.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести